Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кафе и книга. Премногу размислував неколку дена, премногу анализарав и дојдов до тој степен да направм проблем таму каде што го нема. Затоа моментално не размислувам многу многу... Кога веќе ја споменав книгата морам да кажам дека сум воодушевена од " Ако го дочекам утрото " И факт е дека тоа што нема да те убие ќе направи да се чуствуваш поживо од кога и да е.
 
Драга,

Луѓево се стварно идиоти.
Колку им одговара некогаш да се прават мутави, да потпрашуваат по 100 пати кога темата за муабет не им одговара.
После јас сум била нервозна и тензична. Абе брат, кога гледам дека ме ебеш у здрав мозок ми иде да те сокршам, а не само да те испцујам.

Ако видам уште еден пар во градов, составен од некој на мои години и некоја од едвај 15-6, како у велико си искажуваат љубов, ќе повратам. :sick:
 
Кајгано,
мислиш лесно е да си министер?
Прашај го Никола Тодоров како му е, косата му обелела ко на дедо некој му станала :icon_mrgr:
 
Dear K,

небото стана темно зелено, а јас засекогаш на погрешната страна. Тешко, не се трпи...
 
Никогаш не сум ја сфаќал темава Драга. А 4 ипол години сум на форумов. Не сум ги сфаќал ни тие што ја читат. Еве сеа обрнав 2-3 страни и прочитав 5 поста, другите се долги реферати. Има интересни работи, ама ме мрзe. Позз, фала.

П.С. Иам спортска пишано, I'll need your magic.
 
апокалипса ? пожолтениот дел од тревникот ќе почне да зеленеее ? магарето шо блее ќе си го изостре гласот ?


мене пролиф ме стега,дали продавачката ме има колнето оти и пребендисував 10 минути каков кашкавал да ми исече ? :icon_lol:
 
Драга,
Ме нервираат луѓе што бегаат од обврски и што кукаат на страна. Јебеш га, сите имаме обврски, некој повеќе некој помалку, али не треба да се бега од истите. Иначе уживам во предизвици, сакам кога некој ќе ми постави да направам нешто што не е толку едноставно, онака баш ми е уживање.
 
Едвај чекам да дојде септември... Па да си пијам кафе на терасата во гоце и да не ми се креваат сафрите. Неможам веќе овде, ми се истенчија нервите деновиве, ќе убијам некого... И сакам да и се вратам на мојата „досадна“ кулирачка работа, да сум со луѓе што сакам да сум...
И хочу једну буксну... :D
 
Д.
ме погоди Аморовата стрела......:love:
баш кога решивме да стане официјално во позадина идеше оваа песна
кога ја слушам немаш појма какви чувства ми буди, а досеа не сум ја приметил толку песнава.............
дури и дома почнаа да ме заебаваат дека до уши сум бил вљубен :love: мислам дека ќе пролетам...цел свет е мој.....:LOL:
 
Многу ми недостига Мартин 1987 , а да и вам вие тоа Добро Познат-о,
ама нешто го нема и Луки јуниор,или е со некој камион бостан тука.
 
Абе напишав пост од две страни, нешто за човеколиките, полни со тестостерон, генерализирање, шовинизам, омраза... Па нешто брукање, сукњица, мрежести чорапи над колена, излегување од вц со сукњата пикната во чорапи, гледање газови... Цела филозофија околу тоа... Ама пустата кајгана ми го избриша постот(лажам, јас бев, не знам како).

Батали тоа, знаеш шо? Така јако го цуцнав чоканчето со ракија, што ми влезе до грло. Алкохолен дип троут. А да, пратете ми ракија... платичу!
 
Ми лежи на душа бе Кајгана да се искажам. Најголемите грешки во животот ми се што сум бил премногу наивен и добар према одредени личности, па со газење влегле во кругот. Тоа што тие самите и не се свесни или се свесни ама немаат грам совест и чуства. Затоа животната лекција е оти човек треба да биде суров, оти тие што имаат добри намери секогаш се последни и никој не ги есапи. Никој и никаде докажано. Колку си поголем тиквар (извини на збор) и колку полоши намери имаш толку понапред ќе одиш. Тие што ги немаат ќе тапкаат во место. Биди добар за да ти се врати со лошо. Што повеќе за арно им мислиш толку полошо за тебе, ама пуст карактер ќе те убие.....
 
Ех драга драга,
вчера/денес дознав дека имам дијабетес.Само што почна животот и дознавам дека сето она мое живеење кое следи,ако и тоа е сигурно - нема да бидам здрава.Никогаш повеќе нема да бидам здрава...
Не знам каква ми е состојбата сега искрено,како некој транс на неверување во кое не знам и не сакам да верувам.
Си се исплакав,и тогаш сфатив што ме чека.На крајот на краиштата,дали било што веќе има смисла ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom