ДК
ко шо тргнало ќе делам изгледа црвени картони и банови на 99% од родниниве. Сите ми ја наоѓаат куќата само кога треба да му се позајмат пари или пак ако му треба некоја помош, а сега кога ми е мене најтешко никој не ми ја знае ни куќата ниту тел број. Вчера се искажаа и некои од тие кои ги имав проценето поинаку, ми е криво што сум наивен и што му попуштам и помагам на луѓево, а кога заглавам јас нема никој до мене. Ми е криво за еден од поблиските роднини како го гледам да биде заслепен и наочи да го прави будала таа што ја зеде, ем на човек не личи и нема никаков карактер и гледа да го насамари да му земе се а кутриот се залетал во неа мисли дека стварно го сака. Незнам како да му помогнам али то е то изгледа нема надеж, а таа ја гледам дека е со него само за парите и се молам да не направи брак во скоро време оти ќе го остави 102% и ќе му ги собери парињата па чао тути.
Најдобар другар што го сметав го нема ниту да ме побара на тел ниту да ме посети откако почнав да работам тука, чувствувам како да ми љубомори оти со неговата струка немало работа, епа јбг неможам да му помогнам кога се затрча на економски да учи а во пп ги има еден куп со тој факс. Друг од друштвото пак се испапучари до бескрај, фати женска и го нема за жив еве месец дена. Стварно не го разбирам народов еј...

Али нема врска џабе се жалам кога ниту излегувам ниту имам време да излезам покрај толку работа а девојки гледам многу добри кога се враќам покасно од работа, особено некои помали 2-3 години од мене едвај ги препознавам станале п***и и пол. Денес сум на TILT цел ден и си го однесоја неколку фаци ко ми згазија на нерви да ги терам упм, ако ми се роднини незначи дека треба враце да ги носам и пречекувам а ме посетуваат само кога му треба нешто.
Жалам што не успеав да ја примам мудроста на татко ми кој имаше одличен сенс за проценување на луѓето, дали му беше вродено или маката го натерала да научи незнам.
Позаморен од ден на ден, со мајка се расправам за храната секој ден, сам немам време да си готвам а таа не ми оди многу по кеф и не сака да ми готви храна која мора да ја јадам па во последно време јадам што ќе најдам по дома иако срце ме боли што ми пропаѓа цел труд од вежбање и се кога јадам леб и глупости а месо едвај по 100 грама на ден и едвај по 2 јајца за поќе се бунат дома.
Тоа е тоа, време е да почнам да читкам за предметот кој ми е останат за полагање и да барам некоја тема за дипломска па да ја спремам и наесен ако дипломирам да се оди на пост дипломски, мислам дека треба да донирам уште пари за нашево мочано образование иако не верувам дека ќе ми требаат бог знае колку ако живеам во мкд.
То е кајги уште ти остана да се исповеда чоек и да си кажи маките иако незнам колку ми е паметно и ова али шо да прам кога сум 24/7 под нервоза а нема со кого да се сподели ништо.
ај нешто за пред спиење