Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Passed down to you...
Првата недела тука. Секое утро морето во полн израз, пладнињата поминати на плажа со понекое парче добар пишан збор, за да попладнето свевишниот или според моите атеистички убедувања - природата, ме ебе у здрав мозок и пушти троа од кондензираните капки смог or whatever it is.... Некои денови посериозно. Вечерите прилично свежи, удирам по една маршрута до градот колку за надокнада од непливањето попладне. Ситните часови секогаш резервирани за креативна мисла уз винце на истово место каде сум во моментот. Пирка свеж ветер, мириса на ветување дека утре ќе излезе вон шаблон работата. Друштво ни за лек, освен 2ца. Then again истите ги глеам и во Скопјето. Слаба посетеност оваа година. Така да повеќе си посветувам време искључиво за себе. Ми годи, не дека не. Ама фали малку повеќе спонтаност.

So says Saladin...
 
Кајг,
Спие ми се ама мора да бидам буден, морам да го завршам тоа што сум го почнал не бива тоа така, до 7 саато ќе бидам на кафиња ајде.
4 компјутери ми работат дома(1 декстоп и 3 лаптопи) нема услови за живот:sick:
 
Добро утро драга. Да те прашам нешто. Дали тебе нешто од ова ти е смешно/досетливо? http://i999y.blogspot.com/2013/07/61.html

Не? Ни мене.
 
Фустанчиња за на плажа многу се секси, а сакам да ти поклонам едно од нив, ама знам дека нема да го прифатиш затоа нема да правам будала од себе поголема отколку што сум :icon_lol:.

Па поцврсти сме од камен, а се топиме како сладолед на јулско сонце, а каратистот со многуте медалји на врата што стои само ме мери како да сака костум да ми шие :icon_lol:.

 
ДК

Фетиш ми станува или што е работава, во последно време од толку маса народ наоколу, мене секогаш ми се допаѓа највеќе келнерката :pipi:
 
секако немам на кого ќе ти кажам тебе кајги за случка во саботата,
во саботата беше жетвата, и житото од дедо ми и од глупиот мој чичко се едно до друго, иди син му глуп и без да провери дали има труп или камен во житото му даде до знаење да почне да ја жнее комбајнот, врп еде еден чутук голем недосечен го скрши ножот од комбајнот,
дедо ми фино му рече, требало да провериш како можи така на слепо, сељаков фати да пцуе по дедо ми и чичко ми, кај што ме запреа да не го акнам од земја па и ми се заканува со тужба на мене и чичко ми заради навреда. племето да му го ебсм гнасно
 
Шо идиш кај мене шо сум должен, барај си пари таму не одговарам јас за туѓи долгови. Ако дојди уште еднаш ќе го набркам, а и потолерантен сум подобар човек сум еј можам да се контролирам :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

А бе шнајдер како успеа нив да ги закрпиш со игла да ги дупниш крв не протекува, кога серат половина лајно назад го враќаат толку се стегнати ова не е можно :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

На мака се смеам ама овај уште еднаш ако дојди кај мене палката под биро ми е, нема шо да бара тука :icon_lol:.

 
Се дотерав и излегов на дејт со „Градот на розите“. Да бидеме заедно уште некое време, додека можеме. :unsure:
Ќе ми недостига ова парче земја, губењето низ тесните улички, кои потсеќаат на лавиринт...
Ќе ми недостига готиката, која ја има во изобилство... Ноќните скитања низ шумата, средовековната недела... Дефинитивно една од убавите човечки креации.
 
Драга Кајгано...

Главата ми е тапан,во косата сум како да ме фатила струја...но денот го поминав преубаво...:pipi:
Добив невкусен коментар од еден таксист но сепак мислите ми беа насочени на друго место...Му одговорив само со смеење...Мислам дека му беше доволно јасно :)А не дека се замарам...На лугето не можеш да им забраниш да зборуваат па така одамна сум навикната.

Ајде остани ми поздравена...


Мислам дека е се јасно :icon_lol:
 
Понекогаш е добро да се направи пауза од форумов. А не мора човек да е на одмор за да прави пауза. Дискусиите на форум да се заменат со дискусии „во живо“. Не за друго убаво е кога човек се социјализира.
Посебно во летно време кога пука жештина. А жалосно е што многу не сакаат тоа да го прават и ја заменуваат директната комуникација со лајкови и коментари по фејсбук, твитер и се останато. Животот е надвор, макар и во маало на клупи. Она старото кога ќе го каже чоек не е далеку од вистината, дека е заминато времето кога во два збора се договараше за фудбал, баскет. Сега и кога е олеснета комуникацијата треба месец дена договарање за еден баскет...
 
you can buy cars, but you cant buy respect in the hood
 
ОК кој грев го направив за да добијам connection reset??

Ах проклети NSA:cenzura:
 
Конечно успеав драга кајгана да соберам луѓе за фудбал и тоа од прва или на балкански прво па мушко :) Добро интересно беше да се запознае нови личности посебно да изиграм после долга пауза 1 партија фудбал :love: дадов 3 гола од кои ќе беа 5 ама џабе се зафркнав на прост начин утнав :pos: ИДИОТ! знам ...
Ама интересно беше како и да е и супер си поминав а и девојките многу се засрамија :( ... дали ги исплашивме незнам ...

Инаку се надевам ќе продолжат ваквите настани посебно со луѓе тука од кајгана :) Интересни личности запознав.

Друга бев на матка кајганче преубав помин со точак по крај вода малце подзаспав :pos: не за друго од 3та смена право таму а и да бев во ресторанчето на добра риба мммм вкусно беше следниот пат ќе одам со другарка ми ќе ја соберам нема да бега :sneaky:
 
Драга, нели е иронично да се плеткаш со некоја која веќе има дечко, по кратко време поради тоа ке раскине а после тоа ти се врзуваш посериозно со неа?!
Зарем тоа што му го праела на тогашниот нема да ти го прави сега и тебе?
Не му љубоморам ни малце, само се прашувам. :свиркам:
Ајт, отидов во Љубов и секс да барам одговори. :sneaky:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom