Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Последнава недела..кај и да излезам, се ми мириса на плажа, на кремови за сончање, на коктели, а треба имам уште точно еден месец до одморов...
 
Кајганче,

Порачах си ујленце, смених си бришачите, ќе си сменам и филтерите.
Преска си се одврна, наспах си се и саа сам свеж да играм кошарка. Абе ќеф... Голем ќеф.

Чера си поиграх со внуците, така сме се исскокоткале, умрен човек да се насмее... И така ти викам.

Иначе, шета ми се на негде. Ќе се прошетам вија денове.


Поздрав,

Луки
 
Драга Кајгано...

Ми недостига денес...Со нетрпение чекам да го слушнам неговиот глас...Да ми каже:Те сакам мила...А јас...срамежливо ке се насмеам и ке му возвратам:Исто и јас...
Да,го сакам...не кријам...го сакам човекот кој до неодамна ми беше пријател...Да,те сакам...
И не ми е гајле што ке биде понатаму...Не ми е...Let it be...:love:

 
Драга,
Реновираме нешто дома, бушефме во ѕидот и отворивме постор од 4 метри квадратни за кој јас немав претстава дека воопшто го имаме. Бескорисен е, ама како во Хари Потер се осетив. Цел ден сум возбуден како мало дете :vozbud:
 
претпоследен ден на работа, али... да работиш за човек кој продава пури has it's perks... puff puff
 
Драга Кајгана,
Денов ми помина прекрасно, се наведува дека кој и да сака да ти го уништи денот, сепак семејството е она кое е зад тебе и ќе ти го разубавува животот :)
 
Абе кајги викаат ќе поефтинела струјава:confused:,кажи ми дека не сум пијан:D.И да е така, ќе биде исто ко со бензинот,ама ако нека се радуа народот,ај сеа поздрав.
 
Passed down to you...

Игнорантен однос во поглед на книгата, како да е само предмет за потсмев... е тоа не можам да го сфатам. Луѓе со надменост ти се качуваат на ганглии дека од читање леб не се стекнувало. А самите тие со своите видици, не подалеку од носот. Дури ни чергичето не го протресуваат од време на време. Ми филозофираат за квази поими од животно значење, коељизираат демек биди си скромен во своите желби и се` ќе си дојде. А истите кога ќе ги видам се шлицаат преку пријатели, се себепромовираат на секој чекор. Уште и бараат јас тоа да им го правам за нив. Демагогија тешка.

Иначе јас у моментов еуфорично пред пат, баш ко песнава.

So says Saladin.
 
Д.
како што се наближува сабота така еуфоријата расте.
да ги видиш само како се растрчани сите на сите страни.
јас пак сум помал девер и сеа слушам демек таа шо ќе ме закитува од кај невестата требало шамар да ми удри :icon_mrgr:
абе триста адети ќе изнаслушаш.
за свадбата фали уште ушево да ми свири.
ќе се обидам да не се пијанам, оти сепак седам до младоженциве на главната маса и уште фали камен да се напраам, а прв братучед ми се жени, ама ај....ќе стиснам заби....
 
Еееее драга, драга.......
Истрчав 8км, склекови, стомачни, скали-мали.......и опнав пица една сега....цела, ни мање ни више....

Отприлика вака се доживувам сега....
Highland_cattle.gif
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom