Драга Кајано.
Имам една задача за тебе...Има еден член.Сакам да му кажеш дека многу ми значи.
Неговото постоење ме усрекува,ме исполнува,ме тера да врескам и да му кажам дека е посебен.
А бидејки моментално не сум во состојба ти оставам на тебе

Знам дека тој го знае тоа,знам дека е свесен...Бидејки е паметен.
Настрана тоа...
Најмногу сакам трач муабети со другарката...со кафе,сладолед од јагода и ванила а во позадина музика...
Го сакам и ветерот кој ме гали,ме прегрнува и не ме пушта....Бучавите на улиците,повиците од најблиските...
Безценето.
Прибидејќи фактот што ДК е измислен, лажен, нереален и замислен лик и пред се' обична тема на форумов и не постои ни начин а ни можност да ти го прифати и оствари твоето барање ти предлагам во порака да ми го кажеш јузерот на членот па јас да ја завршам обврската која пред малце и ја зададе на ДК.
Благодарам.
Он топик.
Хелоу Кајгано,
Знам,знам. Знам дека е забрането цитирањето во темава и знам дека одма ке ми преречеш ради тоа што во една страна две мислења цитирав ама што да праам кога ме “тераат“?
Тука сме! Многу сме! Не прифаќаме НЕ!!! - Мотово познато ти е? Знам дека не. А и знам зошто. Затоа што не ти се фалам, не ти кажувам и не ти објаснувам. Затоа што ретко ти посветувам внимание за случувањата во РЛ (што би рекле твитерџиите). Eве кај е искористено за прв пат мотото.
Не ти раскажував за оваа случка и затоа не знаеш. Немам навика кај тебе да ги “заробувам“ секојдневните моменти, дружења, смеења, карања, пцуења, “тепања“ и други дрн дрн јариња работи. Како предводник на мојата подгрупа таму сум негде. Глумам водич. А и бев. Колку-толку.“Исфрустрирани ГЕЈ нацисти пратени од Б.Ц!!!“-тоа беа коментарите од страна на битолчани. Простено им е , не знаеја за што се работи па така коментираа дедовците со сивите коси, шешири и бастумите кои им служат како помагало за движење испоседнати на дрвените клупи кон крајот на Широк Сокак. Кога и да го гледам видеото се смеам и ме навраќа на еден убаво поминат период. Но ај, не е битно тоа. Битно е мотото. Тоа “Не прифаќаме не!“. Не се сомневам дека со истото тоа ние форум зависниците би истапиле и би штрајкувале за да те вратат. Да бидеш истата ти, како порано. Гадни и досадни беа ноќните часови без тебе. Се одвикнав од фејсбук а истовремено и тебе те снема. И? Што требаше да направам? Да попуштам? Да се откажам на првата препрека? На првиот отпор? Nooot! Преживеав и без тебе, и без фб, и без мобилен, Грејт нели? Беше страшно да, ама не и неостварливо.
За периодов нема што да ти кажам посебно. Како што ти имам напишано пред неколку страни така испадна. И знам како ке биде понатаму. Како ке заврши академската година, колоквиумите, резултатите, испитите....Знам како ке почне летото. (ама пошто си имагинарно другарче нема да ти разоткривам, и онака нема ни да ми помогнеш, ни да се насмееш, а ни да “уживаш“ во тоа што ке го кажам). Е “знаењето“ е проблемот. Ако договориш кафе со најдобриот другар ништо посебно нема да очекуваш па кафето и муабетот ке го заборавиш за 3-4 дена. Но, ако договориш кафе со најдобриот другар, ништо не очекуваш, се наоѓате во кафичот, доаѓа друго друштво, за минутка паѓа договор вечерта да се продолжи во Охрид, тргнувате во наредните 5 минути и си поминуваш оргазмично таа вечер, секако дека ке ти остане во сеќавање, нели, било неочекувано, непланирано и ооп...на лимонот додаваш текила (клишето) и забавата почнува. Е ради тоа го мразам “знаењето“. Се знае со сигурност. Се очекува. Нема изненадувања. А животот без изненадувања не е интересен нели? Факинг грејт.

Ама ич не се секирам. Знам јас да си направам самиот изненадување и да ми биде интересно. Способен сум до толку. А ако не успеам јас, тука си го имам најдоброто другарче кое кога најмалце очекувам ке излезе да ме потсети дека е покрај мене и постои, he goes by the name of Maрфи.
Топ си ејј Кајгано!