Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајганче!
Уште ме држи занесена вожњата накај дома.Отворен прозор, ветре, зеленило, во далечината облаците се караат со сонцето и Mirrors.Совршени 8 и нешто минути за да го пуштам мозокот на пасење и само да ја воспримам сета таа убавина околу мене.
Now back to reality, морам да прекинам да сонувам :). Последна колоквиумска се ближи и морам поасално да фатам книга, иако амбицијата да закачам некоја повисока оцена постепено се намалува ради една тажна за мене вест од пред некој ден.
Изгубена сум, расеана, седам со 10 души но исто како да сум сама.
Заборавена, замислена, муабетите не ги ни дослушувам а камоли некако да реагирам.
А, и кажи му на времево да прекине да се занесува со дождовите.Треба да трча некој на кеј и да избацува вишок/негативна енергија :cautious:
 

од овој ден ти си ми единствена
и погледни на дланка си ми пишана
ко златна до срце линија
засекогаш крај мене најмила
од овој ден ти си се што ми е свето
и погледни само за нас времето
по рози пат распостила
и одам до крај со тебе
најмила :pipi:
 
пред 8-9 години овој ден беше прекрасен поради одредени луѓе.....ги нема,ништо не е исто,празно.
 
Драга, јас сум бик во хороскоп и вистина е тоа дека биковите едноставно ја обожаваат уметноста. Јас, од сите уметности, најмногу ја обожавам музиката. Подобра терапија за мене од слушање музика, а потоа и танцување, не постоииии! :pipi:
Каков би бил животот
без песна или танцување, што сме ние?
Затоа велам благодарам за музиката
Благодарам за сета радост што таа ја носи“​


 
Чудни луѓе има по светов :)


Уште малце година дека како работам и искрено ич не се каам, 15к+ месечно во џеб за моја возраст е одлично. Факсот малце трпи ама тоа ќе го средам наскоро.

ќис
 

... Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.

- ♥Тоше Проески♥
 
Драга тетка кајги ши кен ран бат ши кент хајд:sneaky:
Башка се прогрчила:D
 
Драга,

Ден исполнет со луѓе кои неизмерно ги сакам. Чуствувам дека без разлика што секојдневно сум со нив не сум им кажала колку уствари ги сакам. И неа на која не морам ниту збор да и изустам за тоа како се чуствувам,зошто совршено добро знае да ми го прочита тоа од очи. Друго, ако почнам да покажувам рамнодушност тоа е знак дека работите избегале од контрола.;)
 
ДК

Почнав да оформувам мускули. Кој би рекол дека микс од аеробик и тае бо знаат да те испотат и да влијаат на мускулната маса. Порано таквите вежби ми беа за загревање, сега гзот не можам да си го подигнам од татамите.
 
Хелоу Драга, најдрага

Да, да, јас сум. Повторно јас. После 3 недели можеби, или пак месец. Сеедно. Битно после поголем период, никогаш вака не се десило. Ама како викаат? - Леси на крај се враќа дома.
Не можев најсериозно. Со обврски преку глава. Раштркај се на сите страни и се нема време во ВЦ да се појде. Факултет, фамилија, најблиски другарства, подзаборавени пријателства, обновени непријателства, љубовни афери, апсоловентски вечери, колоквиуми, родендени, имендени и уште 300 други тракатанци. Дали се жалам? -Не. Зошто? -Затоа што ми ја исполнува секоја секунда, затоа што не ми е досадно, затоа што не лежев по цел ден, затоа што се ми беше испланирано...и ме правеше среќен, исполнет, задоволен и насмеан. Февруари, Март, Април, од утро до вечер. Оргазмични моменти, муабети до бескрај, нервози доволно-дури и малце. Пат до замислен врв, и полека назад, па пак нагоре. Ролеркостер. Толку бев зафатен што пропуштив дури 2 утакмици на Јунајтед, не можев, немав како. Битно ќе славам со нив.

Покрај се, знам една многу гадна работа.Се ближи крајот и на (македонскиот) студентски(от) живот. Ке ми недостига сето тоа. Се сеќавам на полагањето матура, на чекањето конкурс, аплицирање, чекање преелиминарни, поднесување документи, чекање резултати и првиот академски час. Летна времето дур кажеш секс.

И наредниве месец дена ќе биде исто. Испланирано е така, па ке видиме. За летото не знам што да ти кажам, не можам да го предвидам. Се надевам ке се дружиме како порано. Edit: Подобро да не се дружиме, значи нема да ми е досадно. Ако киснам како порано низ темиве значи не е нешто како што треба...па подобро без тебе отколку со тебе - сори.

И дојдов до уште еден заклучок-од нешто морам да се откажам. Фејсбук, твитер или од тебе. Покрај сите работи премногу сте ми сите, ке ми требаат 36 часа за да посветам на се доволно внимание.

Јас сум веќе хоризонтално, се читаме во некое подобро време.

Long live and prosper кајги.;)
 
Драга,

Фати да ме боли глава, ме фатија некои глупи мисли и да ти ги пренесам тебе е поарно, отколку да се нервирам над книга.
Може ќе ми помине, па ќе си продолжам со дремење над неа или ќе си заспијам мирно после.

Денес беше убав ден.
Роденден и Велигден во едно. Мај пред 5 дена. Утре слава. Задутре полагање.
Се трудам да запомнам се, да не ми се лизне некој ден.
Не, толку се.
Ме разбудија тие двајцата, ко што имаат понекогаш обичај да прават. Ми го земаа ќебето и морав да станам. Не дека беше рано, али јас легнав ... не знам кога. Им простувам Кајги, едниот скоро веќе и да не го гледам, а другиов не можам слободен да го најдам! Јас завршувам со полагање, тој почнува, не е фер. Ми недостигаат искрено.

Друго, оти ми е мноооогу интересно учењево, се некои мисли ме тепаат насред набројуванка. Така, бидејќи скапав учејќи деновиве, многу мисли ми се разбистрија.
Ко прво, заклучив дека никад нема да и простам. Никогаш ова свесно не си го бев сфатила, али така е, нема.
Сеуште не ми се верува дека дојде до таков степен, свесно или несвесно. Ај што не и простувам што не се грижела за себе, не и простувам и што не мислела на нас. Себична сум може, али ми е гајле. Не дека сите дешавки ми се пред очи, пред 5-6 години беше, али уште од кога се врати од болница, не и зборев нешто многу, бев лута. Уште сум, али тоа го покажувам на друг начин. Муабетот од пред два месеци мислам дека и разјасни дека више не сум дете, одамна не сум, а уште поодамна престанав да се однесувам ко дете. Не можам да речам дека не ја сфаќам, бидејќи со тек на време, се повеќе ја сфаќам, гледам колку личам на неа во секој поглед, али лута сум и за тоа засекогаш.

Второ, малиов не можам да го препознаам повеќе. А, што слатко дете беше ебаго. Сега го гледам дека се претвара во тие луѓето што ме нервираат, затворени и мистериозни. У пм, не знам како да допрам до него, ниш не збори, ми иде да му врзам некоја, да го симнам од небото на коешто си е качен. Уште од кога видов со кого почнал да се дружи, е дур тогаш ми светна колку е саат. Ќе му го најдам чарето, па да не се викам како што се викам.

Трето, ми недостига и кога е до мене, а вака, па да не зборам. Знам дека скоро го преболев дечкото во него, али другарот во него, еве потпис и печат мавам, никад нема да го преболам.

Толку од набројуванките.
Ми се тресат рацеве од несот, некоја чудна реакција ќе да е ова, но се расонив барем.

Драга моја, спасот е во книгата. ;)
Адио.
 
konecno kajgi si trgnav za doma, prvpat se custvuvav neudobno vo kukata koja tehnicki e moja.
znam deka ke treba pak da odam za brzo ali zasega si srediv rabota
glupa rabota da se vleckam po avtobusi da nemozi coek do radovis da pojdi
inace bratucedite se nesto so se gordeam odsekogas,da ne podrekuvam ama bratuceda mi si go fatila najdobriot decko za nea, milina
 
jupehe5y.jpg

Здраво Драга,
Знаеш како пред некој ден мрчев дека не си посветувам време себе си и тие што ми значат? Решив да превземам нешто. Исклучив мобилен и лаптоп, ја зедов личноста која нешто ми значи во моментов и ми прај да ми летаат пеперутки во стомакот и пред една недела тргнавме на road trip без дестинација. Во моментов сме во Братислава. Ја чекам да дојде на појадок, и како и секое утро, ја чека кафе и сок од портокал. За некој ден сме назад во Скопје. Јас назад на работа, а она да се спрема да оди на работа на Микнос и двајцата со прашалници дали оваа врска ќе успее да преживее 115 утра без да се гушнеме.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
 
ДК
Еве како одговарам кога ќе прашаат моиве дали ќе ја завршам магистерскава овој месец.

Многу ја завлеков упм...
 
Кајги, ај добро утро.
Се разбудив со милион неубави мисли во глава.
Мислам од сонот што го сонував е. Не внимавам на некои работи. А, треба да почнам. Оти ќе продолжат вака да ме мачат во сон.

Таква сум бе драга. Некои нешта длабоко од душа ги сакам. Најискрено и најчисто.
А, во исто време толку ми сметаат и ми иде да ги отерам во три лепе.
Ама секоја негативна мисла ја снемува кога ќе го видам тој сјај.

Кајги, имам едно човече. Комплицирано човече.
Ама толку толку посветен и предаден на мене.
Знае да ме нервира. Го знае и тој ама се труди колку му е силата да се управи.
Пак почна секој ден да ме изненадува на оригинален начин.
Пак почна да ми ја топи душава како сладолед.
А, јас се плашев...од што толку бев изладена, дали пак ќе се вратам во нормала.
И, ете ме пак...смешна кога зборувам за човечево. Ништо не ме интересира, кројам планови :pipi:
Туку јас да не се занесувам. Прерано е да се каже дека се` се врати во нормала.
Ама сеуште цврсто се држиме еден за друг. И тоа повеќе од порано. Чудна работа.

Времево малку ме зафркна. Имав друг план за денес.
Ама имам толку обврски, па биди сигурна дека и вака ќе биде исполнет денот.
Ќе го посветам на мене. Не на јадење! Туку пуштам музика и Зумба ќе вежбам.
Иш, иш...на негативната енергија ќе и речам.

Не ти викам чао, до после уште сто пати ќе се видиме.(y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom