Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
А про по инспиративниот „пост“ горе.....
.....и крајот на мојот „пост“ за некој саат....


Words are meaningless and forgettable.............................eте така....
 
Многу сакам ко ќе можам да си претрчам боса до кај баба и дедо,да и украдам на баба од чоколаднине јајца пред 12 и да викат по мене како да имам 4 години,да и ги дегустирам сите салати на мајка ми,да ја отворам кока колата зачувана за ручекот вечерта пред то па да ми се издерет ама да ми простет пошо е празник,сакам да се чукам со јајце и да не ја јадам жолчкана пошо озбилно многу е грда,и најмногу шо сакам е зелена салата со јајце шо е на дневно мени една недела после Велигден и за ручек и за поручек и за вечера.
Не дека сум верник некој голем ама сакам празници,пошо единствено за празници се собираме вака семејно сите,богами ни тогаш не сме саглам на број.
Честит празник на сите. :)
 
Ми у Македонију не знамо шта значи то „Морална дегенерација“! :facepalm::facepalm::place:
Кој ме тераше да гледам Велики брат :place:
енивејз: Ајде да се јајцуваме! :X3:
 
Има и некој друг шо му е досадно, или сама сум?
Скиснав дома, еден сат еве една иста песна ми е на реплеј пуштена, жими...и после треба да излегувам само за до црква и назад...Плус неам друштво за цигари..

Тешко мене. :(

oo да познато ми е тоа..... :)


сите нешто ау мау возбудени празници,адети дрн дрн.....фејкери затоа не ги сакам ваквите работи. Со сила нешто кога правиш ради реда апла се глеа дека е без врска. Срамота е да одиш у црква сеа и да се лигавиш дека си верник а цела година до црква поминуваш 1 не си влегол. па и постари го практикуваат ова,младите пак ова вртењето на црква им е вид забава,ги слушам "еј ќе идиш да ја вртиме црквата вечер и после ќе одиме да се дрмосаме".....yeah sure.
 
Драга Кајгано.

Ке го пробам животот без фејсбук,скајпови и месинџери.
Ке го заменам за нешто ново...
Не сум била зависник ниту пак сум хејтер на оваа социјална мрежа...Напротив...Запознав многу интересни личности...Кои ми се драги и посебни.Но јас имам други планови...
Сакам да ги исполнам,да се гордеат најблиските со мене,да се борам за оние кои ги сакам а не да ги напуштам велејки им:Што сакаш прави...Па некои не го разбираат поимот-Пријател.
Да посеам срека онаму кај што нема,да ги вратам насмевките на тажните лица...Да им помогнам на оние кои што заслужуваат.
Не,јас не сум Мајка Тереза но задоволна сум кога и другите околу мене се...Не сакам да ги разочарам оние кои веруваат во мојата способност...Сакам да им докажам дека не грешат во проценката за мене...
И така,одам да си зготвам една Кајгана во овие доцни часови...Цревата ми играат ужичко коло...

Добра нок.
 
Д.
Христос воскресе!!!!
среќен празник....

инаку многу ми се јаде, ми се лае дури.
случајно гледам што има по тв и кога ми излегува сораја кај што си пржи компири :love: е сеа уште толку ми се сојаде.....
постот заврши официјално по полноќ па сеа може да се јаде што било...ваљда....
утре и задутре сум зафатен и не ме чекај :)
 
Драга...кај и да отворам секаде храна читам...или од што ми се јаде, па ми се причинува.:rolleyes:
А, јас пусто на диета. Лиги ми течат. Цревата не ужичко, незнам кое оро го играт!
Туку не постев. И тој еден ден што мислев дека го постам, на крајот се омрсив.
Ами кога на секој пет минути ме прашуваат - Сакаш Нес? Сакаш Нес? - И сум попуштила (демек)
несвесно.
И така Кајганче. Утре одам во природа, да се издувам малку.
Ќе шетам, ќе дишам свеж воздух и ќе се релаксирам.
Ќе се прави скара, ама јас со ПОГЛЕД ќе ја јадам. Ветувам.
Не за друго, фустанот за матура е веќе еден месец купен. А, страв ми е пак да го пробам.:unsure:

Христос воскресна!
Да кажам како што е редот.
Имај убав празник, утре ти од мене одмараш или јас од тебе како и да е...

И, држи среќа да не паднам на искушението и скришно да си апнам ќебапче. Едно, па уште едно..додека не дојде некој да ме фати на дело:pipi:
 
Белград е преголем ако го шеташ во еден ден......
Се ме боли...и не само шо шетав таму бев и на шетња во Дивчебар...
Ме опечи сонцето а ладно беше ептен и дуваше...
Сега че си легнам , утре не шетам че се одмарам дури другиден или по другиден....
Одвај чекам да одам во золошка ми ветија дека че ме носа пошто му напнаф :D

Да си знајш дека че те запоставам и тебе и твоето ретардирано другарче фејзбук, однапред ти се извинувавам.... а на фб че видам шо че прам...секако нема ништо ново за велигденоф....мајка ми колку да ја занимавам , да ми пишува да не ти дојди , да му ги напрајш чаршафите лом таму , клај си влошки :tapp::facepalm: , оти немаш ништо клаено слики....:vozbud: кај си ...не мочам без тебе....не ти влегувам в соба оти ѕнам дека не си тука и тешко ми пајџа...
А ко че сум дома рецка не ми мава ....по цел ден на фб седи....сега си начека не сум тука ....па реши на фб да ме малтертира:facepalm: да ти пратам шо ми пишува и тебе че ти доди едно десетпати глата од ѕид да си ја мавниш:tapp:...туку морам оти се му пренесува на татко ми , че речи оти не пишува , да и пишам....
Лека нојч кајганче ..срцка си најголема , и да ти кла јајца горе за украс , како шо ти кладоја ѕинѕурки ѕа нова година , ама слабо и нив годинава , не му се вапцаја изгледа убо....јас да ти се пофалам преубај ге напрајв , че ти клам слика во наредна прилика да видиш...
:love:
 
Се будам, ми текнува колку ги накрцав... Некако многу блиску е тројката сега. Капак на сето тоа, мајка ми мораше да ме потсети дека биолошкиот часовник ми откуцува и морам да побрзам со одлуката за деца. :icon_lol:
Меланхолично се ставам пред огледало, се шминкам, завршувам и гледам една долга брчка на челото. Ме фаќа паника. Се смирувам некако и капирам дека „брчката“ е уствари избришана пудра на тој дел, како резултат на подигање на веѓите при нанесување на маскарата. Се издишувам.
Си се облекувам младалачки и bad ass, како што ми прилега, ги грабнувам „26“ за јајца и победнички излегувам од дома додека на слушалки ми ечи песнава


Успат одам да купам винце за вечерва, за мене и за мојот мажјак... И ТОЈ ЧИЧКОТО НА КАСА МИ ПОБАРА ЛИЧНА КАРТА!
super-happy-dance-smiley-emoticon.gif
 
Значи децава мали осет немаат за простор ! :mad:
Јас down лежам си гледам филм, и слушам од таму детево, можи да влезам во ова собава и ТАААП отвора врата се затрчува право на полицана со играчки.
Да ви се плукнам во родителите научетеги на култура то децата ваши, можело неможело во туѓа куќа во сите соби се испрошета, истури сок на белион тепих, хрчако ми го пушти да шета низ соба, пак треба да го барам позади кревети, ми ги растури играчкиве, и сето ова во рок од 10 минути.
:mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad:

И Плус тоа прашува оти 50 денари сме му дале по десет, а не 100 денари. o_Oo_Oo_Oo_O
 
Драга Кајгана

Ветив дека денеска нема да работам, празник е
неколку пати со маусот поминав над илустраторот ама се воздржав
Денес напишав мислења колку што не мислев дека ќе напишам овој месец
Кога бев трето одделение некаде
пишував писма до непознато другарче
ама никогаш не ми падна на памет писмо што почнува со Драга Кајгана, Драго Кисело Млеко Ајвар и слично
За ова искуство му благодарам на тој што те смисли

Засекогаш твоја,
М
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: n/a
Бабо мори, ме прејаде да не пукнеш. Ти и твојте јадења.

Оваа година мала промена, ручек кај нас дома, чашка вино од она стогодишно што те удара у периферниве нерви.


Како и секоја година еден куп молење, де бабо запеј ја, на крај кога пушти глас не наежи сите, баба>вања, али да не навлегувам сега. :icon_lol:

Среќен празник на сите.
 
Драга кајгана
Доживувам апстиненцијална криза од воркохолија а ти имаш теми да не можам да ги долистам, и пак не ми вршиш работа
Цркнав ми се работи
 
Д.
мора за тебе малку време да се издвои иако е празник :love:
сега дојдов дома и пак сум зафатен,а изморен сум в крај. одма ме викаат да сум ги носел мама и баба кај тета ама реков во 19.00 идам, дотогаш чао пријатно, се глеаме, одете со такси.
кај братучед ми на веридба сум вечерва и ме викаат од сега, не знам што, не знам како.
ама мора малку човек и да одмори.
вечерва кој знае до колку ќе останеме и во каква алкохолизирана состојба ќе бидеме (пошто и музика си порачал брачедов), а утре сабајле во 07.00 ч. треба да сум станат оти вујко ми е кум в манастир, па ќе давале ручек и и таму мора да сум.
:)
ко што би рекле старите: само за убаво да е, па ќе се прилагодиме на темпото.
имај убав празничен ден. ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom