Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Aх Кајгано,
утре денот има да ми биде најтежок у мојов живот....
 
Проштално - Н. Ј. Вапцаров
Понекога ќе идам в твојот сон,
к`о нечекан и далек гост...
Ти не ме оставај на патот, вон,
од порти истај го лостот!
Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам,
крај тебе, в мракот втренчен, да те гледам сам!
И кога наситен ќе запрам да те гледам,
ќе ми те бакнам и – ќе заминам.

Поздрав и секое добро.
 
Денов ни започна со поезија,но јас нема да пишувам поезија,туку ќе кажам нешто во врска со тие што ја пишуваат "Поетот може да преживее се,освен печатна грешка."
Благодарам.
 
Не сакам да е ладно бе па!:place::place: Мразам ладно, не можам... онака поминувам 100 метри пешки и се тресам како пача...:place: Не мора да е ептен топло, ама онака, доволно за да си седнеш надвор некаде на кафенце, да прошеташ во парк без мразулци да ти никнуваат од уши...

Магистерскава почнав некако да ја пишував, ми дојде инспирација, не дека Македонија некогаш ме оставила без инспирација, али затоа ладново ми го блокираше мозокот и ми ја убиваше инспирацијата се до сега. Плус уште мааааалку, па февруари, се оштрам за хејтање, земам залет уште од сега, па први кога ќе дојде ќе се истурам од хејтање.:icon_lol:
 
Dear K,

те замислувам после 20 години. Kajgana 3D. Секој подфорум нов кат, секоја тема нова врата. Комуницираме холограмски, типкање и аудио/видео. Се среќаваме по ходници, си делиме прегратки наместо лајкови. Фан-клубовите навивачки дотерани, Филм и ТВ соба со големо платно за да гледаме филм заеднички. Секакви ликови и фрикови. Виртуелно доживување.

Кајги, вети ми дека ако дојде ваков ден ќе имам пристап до вратата за лифтот, за да го турнам beneamata низ неа.
 
Бора Чорба во Прилепов, во кафиќот со чиј газда секој викенд порано си плукавме по бендот, нешто како добра вечер ни беше :facepalm:
Најава- Најголемата легенда од балканот со најдобриот бенд бла бла.....абе ај! Ела ваму на кајгана да видиш како губат во темата - Избор на најдобра песна од Југославија :pos:

Ах таа пуста желба за пари шо не прај.....беги
 
заврши и тај ден кајги.. доволно беше... утре ке се изнаспијам и у пичку матер веке.. стварно доволно беше... добра нок...

 
Ехх кајгано бе денес си одам на факс целиот среќен да си земам оценка, и влагам у канцеларија и професорот ме отера у курац за џабе, и после бла бла студентите сакаат да си одат од државава, па сигурно нема да останам некој искомплексиран шо го гаѓале со џамлии у глава пред коператива коа бил мал да ми изиграва на тошо.
 
Кајги немаш поим колку е тешко,да играш у зима баскет,у сала секако:),кондиција нула,мислим дека ќе си умрем од замор.Али ајде многу да не се жалим,добро е еднаш неделно да се истрчаш.Преку недела спорт и рекреација,викенд алкохолизација:pos::pos:.
 
Види бе, мислам дека не е можно похипстерско нешто да измислат.
556367_458545947545443_156919655_n.jpg
 
Секое проклето утро морам да станам од кревет, да се дотепам до WC, да се помирам со тоа колку страшно изгледам наутро и да прифатам дека денот може да се влошува со секоја помината секунда.
Треба да се соочам со фактот дека секогаш ми бега автобуост со кој веќе каснам 10на минути па дури и понекогаш да ги прежалам парите кои ќе ги фрлам на такси за да стигнам на некакво си глупо предавање на кое нема ни да се пушти список.
Додека да се средам, низ глава обавезно ми поминуваат некакви си глупи мисли кои ме тераат да се каам за постапките од претходниот ден и да се подзамислам како воопшто луѓето и ме трпат понекогаш во нивна близина. Секако мисливе ми се прекинуваат секој пат кога ќе фрлам поглед во огледало токму поради она што е наведено погоре во првата реченица.
Доаѓа моментот кога со страв влагам во кујна затоа што татко ми си има обичај пред да излезе за на работа да ја отвори вратата од терасата по што кујната е секако оладена до температура на топење на азотот, која е точно -210°C.
Доколку се среќните денови кога не ми трчаат пингивни низ кујна многу ми е полесно да стигнам до шпоретот и да ја уклучам најмалата рингла што е првиот паметен потег кој го правам откако ќе станам.
Следува загревањето на водата за кое време сфаќам дека мантилот за лабораторија не ми е здиплен. Сфаќам дека немам одговорено на предлабораториските прашања без кои вежбата истиот ден не би можел да ја работам од каде се повлекува фактот дека џабе ќе носам мантил. Кога на ова ќе го додадам фактот дека настинката сè повеќе се зајачува, почнувам видно да паничам паралелно со фактот дека следниот ден треба да имам направено презентација.
Во тој момент мислите ми се прекинат од звукот на зовриената вода. Го отворам висечето каде го чувам скапоцениот дар на природата. Ја земам кутијата и полека ја отворам. Полека но сигурно ме обзема тој божествен мирис - мирисот на кафето. Со лажичката ја нарушувам хармонијата која владее меѓу тие прекрасни зрна. Занесен од мирисот, почнувам да ја мешам жешката вода во која инстанттно се топат оние иситнети зрна. Во тој момент се појавува еден посилен, позашеметувачки и поостар мирис. Мирисот на штотуку подготвено топло кафе.
Токму тој мирис како ветер ги растерува сите проблеми кои веќе ми се навртеле како облаци за само половина час после будењето.
Одеднаш сè е убаво. И смрзнатата кујна станува пријатна, и мантилот е лесен за диплење и вежбата е интересна за читање и пишување. Презентацијата која треба да е готова за наредниот ден е скоро цела испланирана во глава, па ја чека реализацијата штом се вратам дома.

п.с. Ноуп, спремањето испити не станува пријатно и покрај мирисот на кафе.
 
Драга,
Универзитетскиве професори се најискомплексирани и најегоцентрични суштества. Кога две суштества од овој вид ќе се сретнат, си вадат очи. Кога се сами ги омаловажуваат останатите, за нив инфериорни видови, обичните смрдници со основно, средно, па и факултетски образованите, магистрите и доктори кои не успеале или не сакале да седнат во професорска фотеља. Стандардно муабетите им почнуваат со себесожалување, како крв проплукале додека да дојдат до дипломата... Што ме засега мене тоа лично? Приморани ли сме да им ги трпиме секојдневните каприци?
Секако, прва асоцијација за лечење комплекси се часовите кај нив каде раскажуваат за нивниот Исусов живот, како феник они од никој и ништо успеале да станат универзитетски професори на кои индиректно ни посочуваат дека треба да гледаме како на некоја светост. Јас не мислам на ова, ако осетам дека некој професор е егоцентрик и кретен, не му одам на часови. Овде мислам за нашите професори колумнисти, кои покрај часовите, се дрзнуваат со своите комплекси да ја замараат цела Македонска јавност.

Немаат влакна на јазик кога омаловажуваат и критикуваат, но ретко се дрзнуваат да спомнат конкретни имиња. Епа, еве на пример Венко Андоновски. Ниту ми е лично мене професор, ниту сум на сроден факултет со неговиот, ниту некогаш во живот ќе сакам да бидам дел од неговите предавања. Во една негова колумна од пред година дена, пазарејќи во месара, дечкото што го услужил имал тетоважа на раката. Во некој сплет на настани, дечково се пожалил како он работел за 10-12.000 денари. И Венко тука пукнал. Он бил универзитетски професор, а дечково наркоманче кое сака да зима поголема плата од него. Он учел 5 години ова, 2 години она, 3 ваму, 10 онаму... Крајно мизерно за еден човек што го сметаме за врвен интелектуалец кај нас.

Следни на листа, Љубомир Фрчковски и Биљана Ванковска. Ова е најтазе. Фрчковски деновиве објави колумна со крајно сексистичка и безобразна содржина, користејќи речник што не доликува на универзитетски професор. Ајде тоа не е важно, ама типот тоа го пишува за да ја покаже својата професорска супериорност, како он е најдобар, а трите личности кои ги омаловажува се под него биле `неебавани` и не знам како уште. Е сега, Ванковска се нашла погодена од ова иако, како што кажав, ваквиве суштества не кажуваат директно кого напаѓаат. Професорката, наместо да го задржи нивото и да го игнорира Фрчковски, отворено започнува да го напаѓа на својата фејсбук страна. Секако, пак истата приказна. Како она била најдобра, како Фрчковски одсекогаш неа ја омаловажувал, како она имала достоинство а он немал (бил политичка мивка), како она одела на настани без да бара пари а другите професори си го наплаќале тоа, па каде се она била член и кое е нејзиното влијание итн итн.

Болна работа... :tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom