Драга,
Универзитетскиве професори се најискомплексирани и најегоцентрични суштества. Кога две суштества од овој вид ќе се сретнат, си вадат очи. Кога се сами ги омаловажуваат останатите, за нив инфериорни видови, обичните смрдници со основно, средно, па и факултетски образованите, магистрите и доктори кои не успеале или не сакале да седнат во професорска фотеља. Стандардно муабетите им почнуваат со себесожалување, како крв проплукале додека да дојдат до дипломата... Што ме засега мене тоа лично? Приморани ли сме да им ги трпиме секојдневните каприци?
Секако, прва асоцијација за лечење комплекси се часовите кај нив каде раскажуваат за нивниот Исусов живот, како феник они од никој и ништо успеале да станат универзитетски професори на кои индиректно ни посочуваат дека треба да гледаме како на некоја светост. Јас не мислам на ова, ако осетам дека некој професор е егоцентрик и кретен, не му одам на часови. Овде мислам за нашите професори колумнисти, кои покрај часовите, се дрзнуваат со своите комплекси да ја замараат цела Македонска јавност.
Немаат влакна на јазик кога омаловажуваат и критикуваат, но ретко се дрзнуваат да спомнат конкретни имиња. Епа, еве на пример Венко Андоновски. Ниту ми е лично мене професор, ниту сум на сроден факултет со неговиот, ниту некогаш во живот ќе сакам да бидам дел од неговите предавања. Во една негова колумна од пред година дена, пазарејќи во месара, дечкото што го услужил имал тетоважа на раката. Во некој сплет на настани, дечково се пожалил како он работел за 10-12.000 денари. И Венко тука пукнал. Он бил универзитетски професор, а дечково наркоманче кое сака да зима поголема плата од него. Он учел 5 години ова, 2 години она, 3 ваму, 10 онаму... Крајно мизерно за еден човек што го сметаме за врвен интелектуалец кај нас.
Следни на листа, Љубомир Фрчковски и Биљана Ванковска. Ова е најтазе. Фрчковски деновиве објави колумна со крајно сексистичка и безобразна содржина, користејќи речник што не доликува на универзитетски професор. Ајде тоа не е важно, ама типот тоа го пишува за да ја покаже својата професорска супериорност, како он е најдобар, а трите личности кои ги омаловажува се под него биле `неебавани` и не знам како уште. Е сега, Ванковска се нашла погодена од ова иако, како што кажав, ваквиве суштества не кажуваат директно кого напаѓаат. Професорката, наместо да го задржи нивото и да го игнорира Фрчковски, отворено започнува да го напаѓа на својата фејсбук страна. Секако, пак истата приказна. Како она била најдобра, како Фрчковски одсекогаш неа ја омаловажувал, како она имала достоинство а он немал (бил политичка мивка), како она одела на настани без да бара пари а другите професори си го наплаќале тоа, па каде се она била член и кое е нејзиното влијание итн итн.
Болна работа...
