Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Некако од празничнава атмосфера добив желба и инспирациjа да решавам изводи (сложени, прости, секакви) па дури и матрици би фатил.
Поздрав до лицемерите кои 363 дена во годината се атеисти а за Велигден и Божиќ се наjголеми верници
 
ееј драга..
јас сум ти вечити бедлакер и неспособен у клучен моменат. Дека сум искрен, не сум скроз, ама и боље је така моментално.. Ситуацијата налага вака.. А можеби да сум целосно искрен ќе крене на боље, кизнае. А онака добар сум, се ми е пуно, ама не сум ти хепи. Онака само се смеам демек сеедно ми е, ама не ми е. Не сум јадел цел ден, а пуна куча клопа.. Сеа тек осеќам глад, не сум знаел дека вака психички можам да потклекнам, а немам некоја причина. Ова е изгледа од тие денови коа се ти се гледа нешто извртено, сиво, без мотив за понатаму. Заправо тоа е реалното во секој. Или не. Така е за тие како мене. Има среќни луге не дека нема, обеќам дека од утре сум еден од нив.
 
Некако од празничнава атмосфера добив желба и инспирациjа да решавам изводи (сложени, прости, секакви) па дури и матрици би фатил.
Поздрав до лицемерите кои 363 дена во годината се атеисти а за Велигден и Божиќ се наjголеми верници
Да не ти требаат часови математика? :icon_mrgr:

Well од 30 декември се спремавме за тоа што беше вечерва, и постаново време на крај ни ги еба плановите :)
Да појасниме не сум некој верник, ама празнициве ги гледам како време кога сите се поопуштени, и ги гледам како можност за дружба помината во забава.
Особено обожавам периодот кога се пентариме по Водно и собираме дрва, и нормално редењето на огнот :icon_mrgr:
Боровите ги собравме уште пред нова година вредни дечки сме ние :icon_mrgr:
Едни исти 4-5 души си сработивме се :)
Мајка ми полоуде, таман ќе ми ги испере тренерките, се враќам дома ко од војна :icon_mrgr:
Цепи, сечи, носи, бутај се во грмушки, во трње, паднало некое суво дрво и ајде дипли си :icon_mrgr:
Камо да ни помогнеа и останатите младичи од населбава, али јебига, неверувам дека некои други прават вакви акции, туку сите си ги чекаат дрвата од општина...
И ние ќе си ги чекавме, да не знаевме дека тие што делат се штабски луѓе и сите дрва ќе одат за огнот од другото маало. Па не пиеме нафта :)
Којзнае колку од дрвата им одат за домашни цели, а и парите што ги собираат пола во џеб си ги ставаат.
Неисе, нивна работа, некој ова го гледа како забава, некој за заработка.
Кога бев помал секогаш се радував на бадникарскиот оган, ама ете старите ја спукаа работата пред некои 7 години и престанаа да палат во наше маало.
Тогаш како тазе средношколци си ја превземавме улогата на организатори.
Веќе 5-6 години сами си организџираме и за се се погрижуваме ние.
Годинава повторно старите им прдна да доаѓаат. Иако цела работа падна на наш грб и информацијата ни дојде вчера, сепак немавме ништо против сплотувањето.
Е сега нормално, стари луѓе ни солеа памет, секогаш они се знаат. Не се цепело вака, ние сме биле градски деца, секирата не се држела така, така да блиску бе да квркнам некого со секирата во глава последниве 2 дена :icon_lol:
На крај се помина низ смеа, како секогаш во овие денови ми е најубаво и животов ми се продолжува за долго време.
Сегде тие што работат не плаќаат, тука обратно :)
Ние работиме, сите си плативме, а пола од тие што дојдоа беа гагаџии :гик:
Нормално секој ден ги викаме сите да работат, никој несака да дојде, денес кога беше само редењето, цело маало дојде :icon_lol:
ADXJa.jpg


Од 2 си бев на местото, дојдов малку дома да одморам и после тоа почна забавата :D
За жал заврна дожд и дуваше страшен ветер, инаку огнот ќе беше чиста 10-ка и до сабајле имаше да гори. Моравме да го гасиме накај 23 пошто почна страшно да дува и можеше да ги изгори куќите во близина :( Иначе ни останаа гранки за цела година :D
Се изнајадов :D Маме му ебем, како домаќин мораше највеќе да изедам :D
Си се собравме цело маало со гости од многу населби, кој дојден по роднини, кој со женските/дечковците, младо-старо, гозба беше голема :D
Мислам дека волку не сум се сликал никогаш. Нема слика кај што ме нема :pos:
Конечно ја вкусив и локалната домашна ракија, not bad, иако не сум многу по ракииве...
Среќа паричето не ми пасдна... :D
Земам парче, и сите викаат ете го кај него е, срце ми застана :D Кога комшиката вика кај мене е :D Идам да и честитам, она одма ми вика ти ќе ми помагаш идна година:icon_mrgr:
Незнам за мене, али еден од другарите со задоволство би и помогнал :icon_mrgr:
Си одвоив време за сите друштва, моето, маалското, Комитското (ни фалат утакмици у пм :D), постарото, на крај завршив во клупските простории на локалниот тим, слушајќи ги големите планови за иднината.
Како од трета лига ќе сме правеле стадион со 20 000 седишта :pos:
Ретко го гледам татко ми цврцнат. Им раскажуваше на децата како ринеле снег во војска :pos::pos::pos:
Си идам и му викам, седи мирен мали :D
Доаѓа дома се смее и вика, признавам, пијан сум :pos:
Облечен во мојот ФУБУ блузон, џоа еминем беше :icon_mrgr:
Затоа најмногу го поштувам :icon_mrgr:
Што би правеле без игралиштето, ретко сплотено маало, благодарение на ова место за дружба :giggle:
Нема ваква населба/маало дефинитивно, населбата на фриковите :D

П.с. дознав низ муабетите дсека на повеќето во населбата мачките им се отруени, а на некои и кучињата.
Се шири вест дека низ цела општина Кисела Вода е фрлан отров по дворовите и улиците со оваа цел.
Пазете си ги миленичињата да не завршат како моето :(

ППС. ДЕПОРТИВО ПОБЕДИ!!!
 
Draga,
Mi se nablizuva vremeto da se vratam u tugina. Dobro mi bese i drago mi e zatoa sto uste edna godina dojdov da vidam od kaj sum i kaj sum pominal. Dobro e da se sekavas. Te pravi covek sekavanjeto.
Mozev sekade da odam...ama srceto mi sakase tuka. Zalam sto ke treba da se vratam, ama vetuvam, sekoj pat tuka ke se vratam. Over and over again, se dodeka mozam.
 
Ретко пишувам ептен долги постови, само кога нешто ми е тешко или кога имам голема потреба.

Прво, големи припреми за бадник пошто си правевме сопствено огинче. Пристојни луѓе, забава каква таква, локално музиче од комшиите, смеење. Ама не е некако тоа што беше порано. Која среќа беше порано огинче, па си фрлаш мали стапчиња во огинот и згора на тоа му се дивиш како да си го направил најмагичното нешто и си ги стоплил сите околу тебе. Сега се е мртво некако, празно, мрачно, безцелно. Излегуваш колку ради реда, а некој ни толку. Облечен како лопурда, последен џанак во маало, ти излагаш на огинче, полн со атоми и спремен да ги истрошиш надвор лудо. И стварно така беше. Запаливме, пиење, интересно беше. И тоа поминува, дојден си дома. Се пресоблакаш, се миеш и седнуваш.

Тогаш нешто ти мава шамар. Толку силен што ти остануваат дури 10 прста запечатени на образ. Неможеш да си поверуваш на самиот себе што си видел. Сите карти кули што дотогаш неуморно си ги градел се рушат. Сите твои ебени планови кој си ги кроел постојано ти паѓаат во длабочина, сета надеж, каква таква која си ја имал, сега ја нема. Неможам да поверувам дека толку години биле изгубени напразно, џабе борба и трудот. Барем сфатив дека вреди да се бориш за нешто што го сакаш, макар и да е апсолутна пропаст. Сакав никогаш да не го прочитав, никогаш да не го видев, никогаш да не го почуствувам. Камо да замижев и да заминев негде. Сега сакам да избегам, да ме нема во далечина ни трага ни глас. Не да плачам, не доаѓа во предвид, туку да се ослободам од сите маки и да имам вечен мир. Немам сила ни да подклекнам, а немам сила ни да стегнам заби. Не сум спремен ни да ме уништи судбината, ниту да се борам. А знам што е точно и што треба да направам. Едноставно немам сили. Чуствував некаква блискост, се тоа стана некаква навика. Ми беше како Ахилова пета. Неможе да се замени, едноставно приврзан бев. Испуштив од раце, фатив друго, можеби и најголемата грешка ја направив. А можеби и не. Можеби треба да сум пресреќен што не се впуштив во такви авантури. Можеби е подобро вака, можеби. Можеби се ова било некоја евтина игра, која скапо ја платив. Се колнам, некој сега да ми извади пиштол, би го гледал ладно и не би се грижел што ќе се случи. Лесно е да се изјасни таа клише реченица, а и навистина, сеедно би ми било. Само едно нешто ме мачи. Зошто ме победи времето?! Зошто неможам да си разјаснам толку многу работи, толку ми се анонимни и непознати што неможам ни да ги закопам и да ги заборавам. Права Адамова пета. Зошто баш денес, на овој прекрасен православен ден? Ме измачи на крајот, ама ајде. Тешко ми е многу, ама ќе оставам времето да излечи, ако воопшто може. Изгубено е само она од што сме се откажале.




541684_537833619560489_569550939_n.jpg
Добро бе до мене ли е, или на сите (мушки) 70% од урината им завршува околу шоља?​
 
ДК,

Полека, назад кон постапки поврзани со работа. Со среќа нека ми е.


Поздрав.
 
Не се спие од ова братучедов мал уште пет кутии петарди има.
Ова колегава бивш на другаров во Цетиње три години живее работи и ми вика сум имал карактер како црногорците од Цетиње, тие од што биле цврсти на карактери сестри му на 30 години невини биле, какви Албанци такви планинци нема :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Ау си реков ваков комплимент немам добиено одамна :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Се испи некаде 8 кила мое вино и 5 кила од Т.

 
Ми подметнале вчера некое расипано вино, маму им јебем
 
таман решив да спијам вчера, почна еден да дрифта по улица, абе си реков војна почна у пм, во 3 часоот ја шлајфа то колата цело маало ечи.
честит бадник и среќен божиќ
 
ДК
Отсекогаш сум била за никаде а и ова празнициве ме потсетуваат дека старите навики никад не се мењаат.
:нинџ:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom