Некако од празничнава атмосфера добив желба и инспирациjа да решавам изводи (сложени, прости, секакви) па дури и матрици би фатил.
Поздрав до лицемерите кои 363 дена во годината се атеисти а за Велигден и Божиќ се наjголеми верници
Да не ти требаат часови математика?
Well од 30 декември се спремавме за тоа што беше вечерва, и постаново време на крај ни ги еба плановите

Да појасниме не сум некој верник, ама празнициве ги гледам како време кога сите се поопуштени, и ги гледам како можност за дружба помината во забава.
Особено обожавам периодот кога се пентариме по Водно и собираме дрва, и нормално редењето на огнот

Боровите ги собравме уште пред нова година вредни дечки сме ние

Едни исти 4-5 души си сработивме се

Мајка ми полоуде, таман ќе ми ги испере тренерките, се враќам дома ко од војна

Цепи, сечи, носи, бутај се во грмушки, во трње, паднало некое суво дрво и ајде дипли си

Камо да ни помогнеа и останатите младичи од населбава, али јебига, неверувам дека некои други прават вакви акции, туку сите си ги чекаат дрвата од општина...
И ние ќе си ги чекавме, да не знаевме дека тие што делат се штабски луѓе и сите дрва ќе одат за огнот од другото маало. Па не пиеме нафта

Којзнае колку од дрвата им одат за домашни цели, а и парите што ги собираат пола во џеб си ги ставаат.
Неисе, нивна работа, некој ова го гледа како забава, некој за заработка.
Кога бев помал секогаш се радував на бадникарскиот оган, ама ете старите ја спукаа работата пред некои 7 години и престанаа да палат во наше маало.
Тогаш како тазе средношколци си ја превземавме улогата на организатори.
Веќе 5-6 години сами си организџираме и за се се погрижуваме ние.
Годинава повторно старите им прдна да доаѓаат. Иако цела работа падна на наш грб и информацијата ни дојде вчера, сепак немавме ништо против сплотувањето.
Е сега нормално, стари луѓе ни солеа памет, секогаш они се знаат. Не се цепело вака, ние сме биле градски деца, секирата не се држела така, така да блиску бе да квркнам некого со секирата во глава последниве 2 дена

На крај се помина низ смеа, како секогаш во овие денови ми е најубаво и животов ми се продолжува за долго време.
Сегде тие што работат не плаќаат, тука обратно

Ние работиме, сите си плативме, а пола од тие што дојдоа беа гагаџии

Нормално секој ден ги викаме сите да работат, никој несака да дојде, денес кога беше само редењето, цело маало дојде
Од 2 си бев на местото, дојдов малку дома да одморам и после тоа почна забавата

За жал заврна дожд и дуваше страшен ветер, инаку огнот ќе беше чиста 10-ка и до сабајле имаше да гори. Моравме да го гасиме накај 23 пошто почна страшно да дува и можеше да ги изгори куќите во близина

Иначе ни останаа гранки за цела година

Се изнајадов

Маме му ебем, како домаќин мораше највеќе да изедам

Си се собравме цело маало со гости од многу населби, кој дојден по роднини, кој со женските/дечковците, младо-старо, гозба беше голема

Мислам дека волку не сум се сликал никогаш. Нема слика кај што ме нема

Конечно ја вкусив и локалната домашна ракија, not bad, иако не сум многу по ракииве...
Среќа паричето не ми пасдна...

Земам парче, и сите викаат ете го кај него е, срце ми застана

Кога комшиката вика кај мене е

Идам да и честитам, она одма ми вика ти ќе ми помагаш идна година

Незнам за мене, али еден од другарите со задоволство би и помогнал

Си одвоив време за сите друштва, моето, маалското, Комитското (ни фалат утакмици у пм

), постарото, на крај завршив во клупските простории на локалниот тим, слушајќи ги големите планови за иднината.
Како од трета лига ќе сме правеле стадион со 20 000 седишта

Ретко го гледам татко ми цврцнат. Им раскажуваше на децата како ринеле снег во војска



Си идам и му викам, седи мирен мали

Доаѓа дома се смее и вика, признавам, пијан сум

Облечен во мојот ФУБУ блузон, џоа еминем беше

Затоа најмногу го поштувам

Што би правеле без игралиштето, ретко сплотено маало, благодарение на ова место за дружба

Нема ваква населба/маало дефинитивно, населбата на фриковите
П.с. дознав низ муабетите дсека на повеќето во населбата мачките им се отруени, а на некои и кучињата.
Се шири вест дека низ цела општина Кисела Вода е фрлан отров по дворовите и улиците со оваа цел.
Пазете си ги миленичињата да не завршат како моето
ППС. ДЕПОРТИВО ПОБЕДИ!!!