Д.
денска е убав, среќен ден само не ми требаше оваа песна да ја слушнам т.е. да ја фатам на алфа
одма ме потести на баба. очите со солзи ми се наполнија. како за неа да е песнава.......Туѓино, јабано што ми направи, од моето прво верно либе ти ме раздели


дедо пошол во германија и никогаш не се вратил. ја оставил баба вдовица на 23 или 24 години, а мама и тета мали сирачиња. тета имала 4 год, а мама само 2 г.

знам дека кога се родила мама, дедо бил најсреќен човек затоа што личела на него. плави очиња, плаво косиче и носе исто како неговото. ја погледал и и се радувал неколку месеци, па заминал германија и никогаш не се вратил ...... загинал.
повеќе пешаци преминувале улица ама дали некоја кола или автобус поминал на црвено и ги турнал сите. кој имал скршеници на нога, кој на рака, кој гребнатинки...... само дедо на место починал, а млад човек од 27/28 години

е тоа ти е судбина........подобро суштество немало.
тоа е драга....
и ја не знам кај ја слушнав песнава. стварно ме растажи. и мама ја слушна и рече: Е песнава само баба ти да ја слушне сега.....и и се наполија очите со солзи, а мене толку ми фали.
ајде сепак да не ја уништуваме празничната еуфорија. насмевка на лицето, крената глава и да уживаме во бадниковата вечер
