Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
kajgi, custvoto koga stanuvas sabajle posle 5meseci, pies utrinsko kafe, uklucuvas tapatalk i nemozes da stavis skraj so skrolanje od divider, mojata najodvratna faca
 
Драга Кајгана,

Сеуште ми е пореметено спиењето. Синоќа си легнав у 9 за сабајлево да станам у 7 и нешто.

Бев на концертот на Каролина. Колку само ми недостасуваше концерт додека бев на брод, не е нормално, дури и анплаг’д концерт ми дојде многу фино. Додека треше концертот ги видов момците и девојките фото-репортери и си викам, аххх сакам и ја вакааа :) Вчера пред собрание се случуваше тоа што се случуваше, а медиумите си известуваа како им одговара, а јас ги читав Реф и Џото на твитер. Енивејз, да искочам на ладново треба некој да ми даде пари, слава ми удри у глава :)

Патем.. leandra пишува за западњациве како се облекуваат. Финтата со тоа што нашиве зборат дека западњаците лошо се облекуваат е затоа што ги гледаме кога ќе дојдат на годишен одмор. На годишен одмор тие сакаат да одморат, да не му ја мислат на тоа дали кошулата им одговара со панталоните и сл.
Мене најинтересни ми беа гостите од Флорида. Додека ги сликав деката со Мики Маус ме прашуваа дали на „формал најт“ мораат да се пицнати или може по шорцеви и хавајка да идат на вечера.
 
Истите тие 120 лигуши, кретени и простаци имаат ФАМИЛИИ кои ќе патат ако некој им го тргне кибритот! Не трескај зелени, седи си мадро да не ти е модро
Прво, на темава не се цитира, секој си кажува она што си има да си каже.
Второ, кога веќе си ме цитирал. Истите тие 120 лигуши, гниди, кретени се избрани од граѓаните на Македонија, како легитимни претставници, што значи тие го претставуваат народот на Македонија. Таа изведена пародија вчера не претставуваше сите нас како народ. Вчера CNN не кажа дека Трајко и Петко и Митре правеле инциденти и се однесувале како од планина симнати, туку кажаа дека парламентарците од Македонија ќе си извадеа очи меѓусебе.
Тие 120 кретени, гниди и лигуши држат како заложници уште 2 милиони народ. На 2 арамиски банди не им е грижа за народот, туку единствена грижа им е својот задник и својата фотелја, па ние сега треба да се загрижиме за нивните фамилии :facepalm:
Како само сум можела да напишам да им се тргне кибритот, срам да ми е :pipi:

Он топик:
Кајгич

Настинав, се наоружав со Фервекси, лимони, чаеви, има да лижам цела тегла мед :P
 
Др. К,

По вчерашниот циркус во Собранието на РМ, пратениците со мирна совест може да се спремаат за зимување во Гармишпатренкирхен :sneaky:
Буџетот е донесен, плати и пензии ќе има, а до Нова Година граѓанството има теми за муабет.
Круха и игара, драга, круха и игара.(y)

пс: Што мажи ќе да беа, бре? Тројца носат една жена?!!
псс: Која е таа што прави ремет со чашите?
 
Што бе мода нешто денеска е сите да кажете дека ќе се селите, ќе земате бугарски пасоши итн итн. ? Не берете гајле знаеме. После секоја будалаштина истите црекања се секаде низ цел Балкан.
Искрено, да имаш можност, не би си отишла од бедотијава? Бугарски пасош никако, значи да ме мачат 365 дена не вадам педерски пасош па што сака нека е, но ако имам шанса да излезам надвор верувај ќе отидам. Барем таму знам дека некој ќе ми го цени трудот и школото што го носам во себе, и нема да ми треба партиска книшка за да работам.
Ти ја сфаќам поентата, дека после секој инцидент пола од граѓаните кукаат и се селат од државава али ова што се случува е срам за човештвото, срам за 21 век.
 
Има сценографија кожњак столица.фотеља и многу рикање. Дури ни превод не треба да симињаш xD

Нашиве пратеници и пратенички се родени за порно ѕвезди само што ете не го искористиле овој нивен талент ....... но никогаш не е касно ........ ако не не бива за друго барем да направиме една порно продукција(Ел Парламенто), имаме таленти ! :icon_lol:
 
Кајганче!
Fucked up.Everything is fucked up.
Дај веќе нека заврши неделава, дај веќе нека заврши и годинава!
Не можам да постигнам се - факт, ама бар нека се цени тоа што се трудам?!
А почнав да се предомислувам за рамнодушноста и емотивноста... Не не, ќе си останам ваква, ладна и безобsирна.
 
К,
Незнам како ми земаа крв (не гледав :) ) ама раката уште ме боли.. :( знам само дека ми ја вртеше иглата внатре - „Прекрасна докторка, прекрасна..“ :D
Делат пакетчиња на работа и ечат детски песнички, а јас треба апликација да средам за утре.
 
Кајганче!

Толку од мене ова полугодие заврши фала богу сега сум слободен како птица :P
 
Ех да се вратам 7 години назад , да си се запишам на по-лајт факулет . Не оваа тортура од обврски и необјаснива нервоза да ја трпам секој посран крај на глупиот семестар , кога треба се да завршиш за да стигнеш до ПОТПИС , а да не збориме дека после треба да се смириш и да почнеш да учиш за ИСПИТ.

Возбуда за славење за Нова Година? Еуфорија? Остана тоа чувство некаде далеку во детството .
Ќе биде "поарно" бе . Следната Нова Година како вработена личност ќе одделам од 200та евра плата ( од кои 150 ќе одат за трошоци за сместување) за да си купам пршута 200 грама , едно големо скопско , и микс благи колачиња од Винчини . И ќе си уживам со новогодишната музичка програма на МТВ .
 
Кајги, заеби политики, заеби тепачки, дај утре да го положам колоквиумот и да бидам раат, бидејќи од насилство и тензии нема корист.
 

Понекогаш, ние поетите зборуваме сами со себе повеќе одошто можете да замислите.
Понекогаш и сами во себе, а најчесто тоа е пцовка и молитва во едно.
Се радуваме на капките живот,
по огледалата
по затскриените пајаци во мрежите што ги ткаат позади бојлерот во купатило
на прсканиците од пена за бричење по плочките
на сеќавањата заробени во кутијата за накит во која има се’,
а само накит не.
На патот што го изодуваме, зошто сам не се запишува
Па дланките ни помодруваат од студ,
речениците ни се свиваат во блуд
и гротеска,
во несмасна пиеска.
Умираме пиејќи Фервекс и несоница.
Ние, поетите некогаш, не знаеме што зборуваме
блаботиме само за да забошотиме
некои емоции што не заплиснале
како бран бол, бран сол, бран дол.
Како Рембо,
спиеме за да кажеме што сме виделе во сонот.
И јас, и ти, и Ти и Јас
и некои крпеници од сеќавања што почиваат низ Скопје
магла што ги јаде ѕвездите
сака да ми каже нешто.
Понекогаш, ние поетите никаде не сме...
 
Мила ем Драга К.

Автомобил------> 1 700 метри + неписмени странци (шипци) + таксисти идиоти + глупи сообраќајци + снег + семафори = 1 час и 5 минути....На месечина ке стигнев побрзо, да ти се одмили и живот и празници и СЕ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom