Патот од кој никогаш не се враќаш
Тага, болка и беспомошност. Денес си насмеан, позитивен и енергичен, утре лежиш во ковчег без збор да изустиш, ладен со бледа боја. Дури и цртите на лицето ти се изменуваат, како да не си истиот кој со години и години си храбрел, советувал и сочувствувал. Некогаш зборовите се излишни, подобро е да молчиш, да гледаш немо во знак на поддршка и да се прашуваш зошто мора да биде вака. Ти се стега грлото, во твојата глава не наоѓаш ни еден соодветен збор за утеха, се она што ќе смислиш изгледа како фарса, без душа, без смисла. А само пред неколку мигови тој човек имал живот, имал семејство, се радувал на внуците, се шегувал, живеел. Ништо не останува од човекот, го снемува наеднаш без предупредување, останува таму некаде, далеку од очите на најблиските, никогаш не се враќа. Многу боли, остануваш немоќен и затечен, бараш одговори, оправдување, знаци, но ништо не помага. Неможеш да поверуваш дека го нема, како може да го нема?! Зошто ова се случува, зошто оваа болка, зошто овој бес, зошто овие црнила, мора да се врати, едноставно неможе да си замине засекогаш. Но таму има само земја, цвеќиња и крст кој те потсетуваат дека си беспомошен. Неможеш да го вратиш назад, не те слуша, не те гледа, не постои повеќе.
Почивај во мир, беше голем човек.