Драга Кајгана,
Понекогаш едноставно не можам да сфатам како можат луѓето да бидат толку ебано дволични. Ретко се дешава да имам потполна доверба во некој, а кога конечно мислам дека сум нашла некој што го заслужува тоа, тој така ќе ме разочара што ќе посакам воопшто да не сум го запознала. Се убедувам себеси дека не се сите исти, а постојано си го докажувам спротивното. Секоја особа која нешто ми значела, на крајот ми забила нож во грб. А што е најстрашно, знам дека сама сум крива. Знам и каде грешам, ама ете никако да ми дојде памет. Не знам, можда е подобро така, сега барем знам дека некои луѓе не ни требало да имаат место во мојот живот. И повеќе го немаат. И на тоа место ќе дојдат други. И тие ќе бидат исти, ако не и полоши. И се така у круг... И постојано ќе те разочаруваат, и постојано ќе те повредуваат. А боли. Боли да сватиш дека сите тие убави моменти биле само лага, една проклета ебена илузија.
Не за џабе кажале: „Човекот пати додека да сфати, а кога ќе сфати пак пати, зашто сфатил дека залудно пател.“
Толку од мене, поздрав.