Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Ало, свесна си која мелодичност ти има писаниево?
Не да не се цитира, не знам шо да е, ова што го пишувам сега е само потврда на допаѓањето што го кликнав претходно.
Ај, здравиживи.... (ја крева криглата полна со пиво) :)
 
Незнам како да започнам, но морам некако да почнам. Последниве неколку денови ме тераат да размислувам за многу работи кои подолго време биле присутни во мојот живот, а јас не сум била свесна за тоа.. Многу ме потресе уште еден разговор со мојата најдобра пријателка, ме врати во стварноста и ми покажа живото колку може да биде суров. Не очекував дека до толку ќе ме преовладуваат емоциите и ќе бидам загрижена. Барем оваа недела сфатив многу нешта, многу работи што биле пред мене и ми значеле, а јас само тврдоглаво сум ја тргала глава и не сум сакала да ги приметам односно сум била кукавица, не сум сакала да се соочам. Но, ете дојдоа и тие моменти, тие разговори, тие конечно искажани чуства и емоции. Се ќе биде во ред, мора да биде во ред. Најдоброто само што не пристигнало, ќе биде уште поубаво.
Денес, криејќи се од дождот поминав низ ГТЦ, една жена просеше на ладното, сите луѓе ја одминуваа, беа толку ладни и нечуствителни, себични, арогантни и толку зафатени со нивните интереси што не можеа да и дадат нешто ситно, што за нив веројатно ќе немаше ни многу значење.. И јас во еден момент се најдов помеѓу тие луѓе, уште само една минута ме одвојуваше да стигнам до мојата дестинација каде што бев тргната, но нешто наеднаш ме натера, да се вратам назад, да го поминам пак тој пат уште еднаш, да се вратам до таа жена и да и дадам нешто ситно,а тоа нешто ситно ми ја исполни душата, толку многу што веќе се чуствував дека сум подобра личност и заради оваа работа убава што ја направив и мене ќе ми се врати со добро... Нели по старата добро изрека " Добро со добро се враќа " ..
Но, јас само сакав да се почуствувам дека сум добра личност и направив добро дело!
 
Кајгано,
еве го снегот бе, кој вика дека го нема?
 
Кајги,
јас само да ти се пофалам.
Вчера си купив книга од Кундера - Шега, ама едно старо многу старо издание.
Дури од 1968 год, на Нова Македонија.
Ама не знаеш колку мерак ми се направи.:love:
Фала му на човекот што му текна на мене, па ми ја чуваше книгата.
Многу сакам така кога си наоѓам стари изданија на книги.
Денов е ко за Кундера само да го читаш, уште да заврне снег само.
едит: морам да одам на концертот на Depeche Mode, ако треба и сама.:pipi:
 
tumblr_meese4JPhQ1rjuvwuo1_500_large.gif
 
Кајго,....повеќе рецепти од неа знам,да бев на нејзино место ќе пропаднев у земја :icon_lol: Кутрата,а ја отворе устата на секој 2 збор се испосира,битно сите и се ложат па па па.....

Де нешто како за мене имате ли ? :pos:


уживај со песничето,патем,многу новогодишно се осеќам,а знам дека ќе испадне нај грдиот дочек.
 
Драга кајгана
На тој Фејзбук можеш да видиш две крајности. Да запознаеш прекрасни личности и да се разочараш од многумина што си мислел дека се прекрасни. Истовремено, на Фејзбук можеш да видиш колку некој има смисла за хумор, музика, за креативност, но истовремено точно можеш да забележиш колку некој е празен „ко шупал заб“! Нема везе, во секој случај ако сакаш, можеш да се забављаш до сто и еден и назад. Не постои личност на овој свет која не носи барем една малечка фрустрација или комплекс. Или барем такви се девет од десет. Сите сме помалку или повеќе осамени длабоко во себе и сакаме да споделиме со некого нешто. Арно ама, социјалните мрежи се место каде што многумина го губат компасот и заоѓаат. Започнуваме да живеееме во време на два паралелни света. Еден виртуелен, и еден реален. И двата се сурови до крајност, со тоа што оној виртуелниот ти дозволува да имаш неколку лица, неколку имиња, неколку пристапи, неколку приказни. Во реалниот свет и секојдневие, го има она што во виртуелниот никогаш не може да се пренесе. Тоа е она што народот го нарекува „пусти нека очи говоре“. Тоа не го мислам во љубовна или швалерска смисла, туку во духовна, реална, човечка смисла. Многумина во виртуелниот свет се паметњаковичи, швалерчини, мудреци, начитани, духовити, додека истите тие кога некогаш и некаде ќе ги сретнеш се уствари празна вреќа со воздух, чија слика од онаа на профилот во виртуелниот свет е различна ко Тарзан и Моцарт. Многу е мал бројот на оние кои се она што се и виртуелно и реално. Виртуелното ти дозволува да бидеш похрабар и да настапиш онака како што не би си дозволил инаку, затоа што во реалноста треба некого да гледаш во очи додека зборуваш.
Заборавивме како изгледа некого да гледаш директно во очи! Заборавивме како изгледа топло стисната рака на другар, срдечна прегратка на роднина, искрен упатен збор од близок. Заборавивме како изгледа да ти заигра срце кога некому сакаш да упатиш или примиш зборови на љубов. Другарска, роднинска било каква. Заборавивме, едноставно да бидеме тоа што сме. Луѓе од крв и месо. На Фејзбук можеме само да илустрираме чувства, но, да ги подариме некому е сосема поинаква филозофија и механизам. Честопати човечкиот поглед е нешто што не може да го илустрира ниту една фотографија, ниту една музика. Заборавивме една страшна филозофија која вели „најдобар другар ти е оној кој што знае крај тебе да одмолчи саат време дур двојцата гледате во еден правец“. Ги губиме оние биолошки механизми и инстинкти кои бог ни ги дал а кои не врзуваат или оддалечуваат од некого. Нечиј мирис, говор на тело, боја на глас, насмевка, поглед. Ја стерилизираме душата под сееднаквоста дали некој ќе се насмее на наша шега, дали некој ќе се согласи со нашето мислење, дали некој ќе сподели со нас мирис на пролет, а не слика. Никој и никој на Фејзбук не може да те праша ‘‘што ти е, блед си, зошто се тресеш, зошто плачеш, гладен ли си, зошто си тажен‘‘. А, ако си тажен, тоа може да го забележи само оној што го гледа сјајот во твоите очи, доколку тие светат или не светат. Ниту едни очи не светат на Фејзбук. Kолку и да се убави, тие се таму мртви! Тие се само слика!Народот вели „ладни раце, топла љубов“. А како ќе знаеш чија рака каква е ако не ја допреш. Топлата насмевка и врелите солзи се доживуваат, не се читаат. Животот се живее, не се даунлодира. За човек да функционира како човек во околината, не му треба пасворд. Треба само да се сети дека е сепак, човек! Ако е човек, де!
Имајте убава вечер.

 
Драга, пред малце правев кратка пауза помеѓу учење и викам ај да пуштам ТВ да видам што има .

И тап , го палам телевизорот , гледам кај Јанко јади бурек неочеќиван гост , господин Латас - доктор наука и факултетски професор ... толку ме измотивираа што одма го искључив телевизорот и трчајќи отидов да продолжам да си учам :icon_lol: .... по неинтелегентни створења од нив двајца Амин !
 
Кајганче!
Ладно ми е.Овие три збора денес ги кажав едно 50 пати сигурно.Мислам дека го опцув времево исто така едно 50 пати.Нека не се будали времево, или нека паѓа снег или нека паѓа дожд, без ветришта и други адитиви.
Енивејз, добра сум јас, го држам здравјево под контрола некако.Ракавиците требаше да ги побарам ама од коа се стокмив во фотељата со шоља кафе некако не ми се стануваше.Ај, си викам, утре сабајле(секако,секако:icon_lol: ).
Него, ова се празни муабети според мене.Она што стварно ме мачи, не можам да го извадам и да го пренесам ниту на полево ниту на лист хартија(па затоа ваљда ти брблам вака).Едино што можам да ти кажам е, дека се осеќам како да имам облечено железен штит.Па иди думај ти сеа зошто,како,што.Мене ме смрзе и онака:cautious: .
Ај чус.
 
Ne prekinuvam da kaslam.
Zosto e zima, ti se pluknam u glupoto ladno vreme nikakvo!
 
И точаците се луѓе со карактер и некои од нив се контраши!

Срцево и мозоков се туркаат на рака. Гледам, јадам пуканки и не ми е интересен филмов. Ноќ, а мене архетипот на волчица што вие на Месечина и го бара по мирис алфа мажјакот, ми се отвара во петта чакра.
Сонувам со џиш отворен капак од главата.
Излегуваат и ѕвезди и зајаци и сендвичи од Вили, и кафиња недопиени, и раскази незапишани.

Сите знаат. Она е фем фатал, а уствари везе нема. Она е Скопјанка што скајпа со дечко и, сака да јаде и едно време мислеше дека е фино да се биде во филм на андрогиност и Дејвид Боуви и доаѓаше на чај.
Сега, сака да биде Ана, обичен поет од уличните ќошиња кај што се сексаат мачките и пред февруари.
Положив за лудост.
Сега слободно можам да фантазирам до моментот на реинкарнација во полжав без куќичка.

Добра ноќ, фала Ви на убавите зборови, се чувствувам евентуално.
Како шампањ кога прска.
Ми текна една добра асоцијација сега, ама не ви ја кажувам.
Имајте секс, водете љубов, оставајте им трошки на врапчињата, коски од ручек на џукелчињата.
Читајте книги и да знаете, 2013 ќе ја биде, и ќе морате да решите еден куп заостанати работи во неа. Така ми кажа сонот.
М.
 
Не ми се верува дека кажав “It's now what you said, it's how you said it".
I'm becoming a woman.
Dafuq is wrong with me?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom