Драга , Здраво.
Зошто кога имам за нешто високи очекувања , зошто кога нешто буквално ми оди од рака , ја морам да го уплескам ? Дали ова само на мене или на сите ми се случува ...очигледно треба очекувањата да си ги спуштам на некое пониско ниво , или пак треба да превземам нешто јас да се искачам на тоа ниво иако мислам дека сум веќе таму... High expetations - low results , Low expetations - high results...
И да , се повеќе некоја нервоза во мене , све нешто ме нервира , а периодов баш мислев дека ќе ми биде лабав , и ќе можам да ги наполнам батериите и да сум релаксиран...
И еден предлог до сите : не си поставувајте повеќе цели за остварување одеднаш , бидејќи ако сакате сите да ги постигнете, ќе треба на сите страни да се растргнете , и голема е веројатност ниедна цел да не остварите. Вака, прво една цел поставете си , исполнете ја , па одете на друга.
А на женски план , ти кажав дека ја уплескав нели ?

И сеа пак морам да превземам нешто да се вратам на исто ниво ... од друга страна , нова личност се појави , со која и да сакам , не можам ништо да направам , бидејќи покомплицирана работата неможе да биде , секој со секого се знае , ко Скопјево да не е град , него село од 10000 луѓе.
Ептен ти се распишував денес , само една позитивна работа имам да ти кажам за крај а тоа е дека спуштив 9 кила така сеа сум у "BMI ideal weight" и супер се осеќам
