Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
по вестиве само за некакви штрајкови зборуваат :sick:
и мене ми се оди на некаков штрајк, да се изнавикам, да се изнапцујам, да измавам се пред мене......само да начекам кај што штрајкуваат некои, веднаш ќе им се придружам (освен ако не се албанци и не бараат некои права :eek: само тоа НЕ) а друго што сака нека е.
работници, доктори, студенти (додуша и ја сум студент) БРАЌА И СЕСТРИ И ЈА СУМ СО ВАС ШТО И ДА БАРАТЕ :D
 
Драга

550304_3908110585105_523155126_n.jpg

Ова ти се вика љубов..
 
Имав 37.5 температура и ми беше мачно, имела, тежина, грда е таа внатрешната омалаксува, плус изземнав под кебе. Сега имам 38.2 , шубо ми е топло, плус пушти мачинава, сега тро ко замелушен сум, али стил бетР ден првово.
 
Таман заспав после два дена неправилно спиење по саат време ми дојдоа во соба да гледаат турски серии па и мора гласот 200 да е пуштен!!
Земја да нема да го закопаат тој што ја внесе синхронизацијава и турскиве серии кај нас.
 
Denes i mene me poremetija. Neka e so pomin.
 
Природата ни подарила толку убави места, а ние незнаеме да ги искористиме :( да беше ова некаде во Германија или Австрија од некое полуголо ридче тие ќе направеа атракција, а кај нас недопрената природа сеуште чека да биде откриена.

Нема што да ги искористуваме. Оваквите места и треба да бидат недопрени од пакосната рака на капитализмот, во спротивно нема да бидат она што се.
 
Passed down to you...

Значи преку таквото од лечење фрустрации со 10 јузери, преку таквото со тролање без концепт, преку таквото со вечно криење и изигравање пичка. Ако се почитуваш себе си и имаш барем трошка ебано достоинство напушти го форумов.
Тиии им еам глупациве им еам...

So says Saladin.
 
Можеби имам кажано, можеби не, ама во секој случај ќе си кажам - МРАЗАМ СЕИР. Пукањето сеир е една од најгрдите човечки карактеристики заедно со цинизмот. Не ги разбирам луѓето што во се мора да најдат сеир, да се заебаваат и да исмејаваат... И после истите што обожаваат да пукаат сеир ќе се жалат како човештвтото забегало и дека сите сакаат да знаат што направила Ким Кардашијан денес или кој направил скандал. Е па желбата за сеир ги прави тие работи популарни, а истите што тераат сеир само помагаат истото тоа да се шири.
 
И јас не ги разбирам оние кои тука си градат популарност на сметка на истиот. До толку ли смислата за живот им е уништена? Не само што го рушат сопствениот имиџ туку тујат по темите, плачејќи за внимание. Е тоа не го сфаќам.
 
Ех драга, да можам да ти го пренесам сега моето расположение...
Жими се' врнеше снег.
А јас бев надвор, без чадор, само со една баретка, си купив семки, си слушав Рамштајн на слушалки и си правев рути низ град, онака сама...
Мирно време, мокри улици, полека си вее снегче и глупави луѓе кои се кријат од него.
Иако брзо се претвори во ситен дожд, сепак се рачуна како снег.
А и баретката ми беше бела кога се вратив дома.
Е за вакви совршени моменти вреди да се живее. :love:
 
63169_4180055332017_420847248_n.jpg

* Драга, денес на колоквиум по интерна си имав ваква реакција !
Не сум спиена асално, добри 5 дена.
Згора на се осмицава што ми расте ме УБИ од болка.
Концентрација за учење 0.
Премногу кофеин и никотин во мене.
Дали има крај неделава?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom