Во епоха на тешкотии и статичност, менувана само со ситуации кои водат до екстреми, секогаш се судруваат само две приказни, со невидена диференцијација, ама сепак си го наоѓаат патот за кој секој може да го нарече „свој“.
Така, во едно утро, со кафе и цигара, припадник на работничката класа може да зборува со саати, разменувајќи искуства и „секојдневни белетристични сказни“ со comrade кој има подлабок џеб на неговите полуксузни пантолони. А пред самиот крај на муабетите, аналогно на крајот на веќе оладеното кафе, секако дека „плиткоџебниот“ ќе исфрли една домашна „економска дијагноза“. Во смисла:
- „Их, шо ти е сиромаштија, ти велам, не можам ни храна за мачки да си дозволам!“
Верувајте, нема да помине ни парче време, а од другата страна, веројатно либералниот уживател на веќе докусурено кафе, со полу голтка и извик „мммм“, ќе се надоврзе:
- „Вистина. И јас!“
- „Ене, 12 дојде сатот, мачето не ми е нахрането. Пуста сиромаштија!“
Крај на приказната.
И на таа. И на оваа.
Од проста причина што лицемерието на либералниот ум оди до таму, што мора да предничи.
Па и во сиромаштијата, на муабет.