Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
мора да го споделам најглупавиот разговор што некогаш го имам чуено.
си седам ја во кола пред една зграда (ја пречекував сестра ми од кај една другака) со отворен прозор. одма до кола стоеше една жена, на возраст од 44/5 год, што воопшто не е важно. и дојде еден маж до неа (повозрасен, над 50год) најпрвин се поздравија па почнаа со муабетов:
Ж: и на тебе да ти честитам, нека ви е жива и здрава малата, како е? расте? добро е?
М: добро е, добро се чуваат сега дома со мајка и.
Ж: а почна да трга сама? да увлекува? да фаќа циц*а?
и ја во тој момент
tumblr_lnlpcpViD51qgz7buo1_500.gif


го затворив прозорот и не ги дослушав понатака :tapp:
значи поглупаво нешто не бев чул во животов мој до сега. да беа две жени ај пак некако, ама жена на маж вакви глупави муабети да му прави.
сигурно овој дедо беше и замисли сега тој ќе и стои над снаата да види дали бебето фаќа циц*а.....:tapp:
 
Ептен ми беше раат глава од фејсбуков недела дена. Си читкав за тоа колоквиумите в дневна, намерно го оставав лаптопиштево во друга соба. Помина шо помина завршно со денешното. Ми се скурчи тоа читањето :) Пред некој ден се договорив со татко ми, да помини чудово, в недела (т.е денеска) го пуштаме чепот од бочвичето, да видиме шо вино никнало. Планирам да пивкам утре кроце кроце. Како мал единствено повеќе радост ми носела некоја дискета за нинтендо нова кога ќе ми купеле, се чувствуваш како да си го освоил светот, а џам си свиткал, за 6 недели исто срање.
И да, есеј ми падна за Кант и Хегел да чкрапам, кефско. Слушам музика како ненаситен, сега има друг шмек. То е то накратко.
 
Кајг,
станав лилјак.
Грлово уште ми е партал, ама се трпи.
Тепав у бриџ.
Ја пушам втората кутија.
Си купив џиџани папучи.
Морам да се лакирам.
И така.... :)
purple-halloween-bat.png
 
Лелеле колку пијан сум,
кому ли да раскажаааааааааааам....?

Си најдоја човек со 140 IQ и оп, одма ќе ги забранат Труските серии од здравствени причини. Шо ти значи паметен чоек, еј!? Подршка до него!

П.с: Блгаријо, ште умра за теп!

После П.с: М'рзам благи алкохоли!

Ебено дрти после П.с: Начукав јубилеј три години кајганџија и уште сум само фин!

 
Cel den me nervira. Cel den. Od vcera.
Ama deka so kratka kosa vcera I se zaljubiv. Seriozno.
Zosto inace da me nervira cel den?
I si osekjam ko so lasso da mi go fakja srcevo I onaka go tegne, a ja nejkam da mi go tegne, moe si e, so zalistok, so sum, kakvo si e, takvo si e, moe si e. Sto majka bara sea?
I me nervira cel den I samo se deram. Uste pa ovaa majka mi sifonjerot me terase da go rascistuvam! I baska u 12 stanav. Ko u depresija da sum od sto srceto mi go tegne so lasso!!
Aj cao :(
 
Драга Кајгано.

*Статус во кој ја опишувам радоста за намалувањето на емитувањето на турските серии.
Се надевам дека во блиска иднина и нема да ги има воопшто на телевизија. :icon_mrgr:
Не можам да ги заборавам моментите кога читав на фејсбук за умирањето на Саваш,кога на гости ме пречекуваа со телевизор вклучен на Сител а во позадина плачењето,врисоците после истурената чаша вода пред свекрвата или вештачкото смеење на Осман.
Знајш што велат?Ако не ти се допага не гледај но вакви појави тешко е да не останат незабележани.
Лоша глума,лоша музика лоши приказни.Барем да имаше подобри најави за сериите а не на секоја нова:Серијата која ја потресе Балканот,серијата која многумина ке ве остави без зборови...Аха...Nice try ;)
Само се прашувам како да ја известам комшивката за таа вест а да не се возбуди?Старичка е но ваљда ке и проработи кликерот на време и ке прекине да ги прати.Останува само да си се тешам дека утре нема да ме прашува дали Осман ја дојадел супата од Џемиле бидејки маж и не и дал да гледа бидејки планирал да си легне порано за да не задоцни на работа а вклучениот телевизор му пречило.


Повели :)
 
Драга, вчера велев дека ги мразам сите, денеска ќе ти кажам ги сакам сите. Абе колку само 1 момент можи да смени многу мисли.
Ти му објаснуваш на домашниве, дај да појдиме на заболекар, ме бола забите, тие неее не се мијаш заби, нема ништо. А јас после секоја јадење обавезно се мијам заби, некогаш дури и претерувам можи да се кажи. Ама шо да му објаснуваш на стари луѓе. Тие за се имаат домашен лек, сеа и заболекари станаа. Друга работа... една кавга ми се влечкаше долго време, не знаев дали ни беше страв да ја решиме или незнам што... али си велам полека се ќе се среди. За момент, помислив дека ќе останам сама, само проблеми да се имало, ден нема да ми помини без проблеми. Понекогаш се чудам, ја правам нешто погрешно или многу посрани љуѓе има. Работава излезе дека има многу посрани луѓе а ја многу му се замарам. Абе сите се знаат за тебе, а кога стварно ти треба помош никаде ги нема, сите совети делат, а кога треба а незнаат да кажат. На овај глупиов фб видов ептен грда работа, ми идеше да се убијам, т.е сакав да се убијам пошто од наредна година кога конечно си бегам од дома, кај и без пријатели, и без љубовта ќе останам..
Вчера како шо ми беше дено за никаде, ама секоја секунда ми беше за никаде, ама баш уште тоа ми требаше.
И го знаш тој филинг кога некој од кој најмногу сакаш да слушниш нешто убаво, баш тоа и го слушаш. Кога некој со доверба во тебе ти вели, се ќе биде во ред. Те сакам. Ми идеше да скокам, да рипам, да вриштам од радост. Перфекционист сум, сакам се да ми биде под конец, ама многу се замарам за небитни работи. Епа да ти кажам, од денеска не се замарам за ништо. Ќе си го гледам она со кое гледам иднина, а идиотски начини да се покаже пријателство, или незнам што.
Ако ти кажам благодарам те сакам, правиш да се чуствувам прекрасно баш кога тоа ми треба, е малце, МНОГУ МАЛЦЕ.
ДРАГА СРЕЌНА СУМ БЕ, од кога не се замарам, МНОГУ СУМ СРЕЌНА.
Ете така.
На јутуб си најдов нов субскрајбер, http://www.youtube.com/user/LillianMasie?feature=g-all-u, нели е убава бе.
Јееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее. :D:D:D:D:D:D:D:D

ВЕ САКАМ СИТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ.
 
Драга <3

Гледам сите нешто се фалат, јас немам ништо шо да се пофалам, само да се пожалам, ми ес расипа мониторот, па морам накриво да го држам за да работит:mad:

Еф, види....
Image0703.jpg


Вратот ми се фати, осеќа, ќе рикнит за некој ден:unsure:
 
Еве во моментов што си слушам и си кулирам...
Дигитален цагер е 21:21 ама додека го напишам постов оти ме фатило некоја мрза ќе пројде... како што проаѓа се во живото... кога си бил дете си имал проблеми, гледани од призмата на детските очи и она што тогаш си го гледал и разбирал(а во детството многу работи ти изгледаат големи) за тебе тие биле сериозни и големи проблеми... но како си растел и менувал сваќаш дека се детинести проблеми за разлика од оние што ги имаш сега како повозрасен... но течението продолжува да се двиши и за жал многу често се врти во круг... старееш и сите проблеми во минатото ти изгледаат детинесто за ралика од моменталните проблеми... но не е проблемот во проблемите... туку како ги гледаш нештата... од кој агол, перспектива... дали се замаглени или не... проблемите земени како сериозни и со самото нарекување “проблем“ за нештото е погрешен апроуч... но доколку проблемите се прифатат како предизвици, нештата драстично ќе се променат и воедно менуваат бидејки со секој нов предизвик во животот ти растеш и се менуваш на многу нивоа... стануваш интелигентен и учиш од грешките, а доколку си и мудар ќе сватиш дека не треба да се повторуваат истите... нема потреба... разбираш и продолжуваш да се движиш... како што се дивжат пеперутките, навидум толку лесно и безтежински се пафтаат низ просторот од цвет на цвет, но тоа што не го гледаме е дека на нив влијаат толку многу нешта како гравитацијат, силниот за нив ветер, маневрите што ги прават и брзината на нивното движење и нивните лесни и слаби перденца од крила сепак издржуваат три пати поголема сила одколку што би помислиле ние...

И така еве сега е 21:44 не дека ми менува времето нешто ама мораш да се ориентираш според него барем тогаш кога мора... човек би било пожелно да си најде моменти во денот кога ќе го заборави времето и ќе се препушти на реалноста која е безвремена... не за друго доколку сака да се ослободи од константната брзина да се прави нешто, а воедно и планира нешто друго за во иднина и да ја внесе безвремената состојба(реалната сосотјба) на свесно ниво и во секојдневните активности...

Почнувам да работам на еден проект и ќе се зафатам поинтензивно така да поретко ќе читаш глупости од мене за твоја среќа...:D
--- надополнето: 11 ноември 2012 во 21:53 ---
Драга <3

Гледам сите нешто се фалат, јас немам ништо шо да се пофалам, само да се пожалам, ми ес расипа мониторот, па морам накриво да го држам за да работит:mad:

Еф, види....
Прегледај го приврзокот 52361


Вратот ми се фати, осеќа, ќе рикнит за некој ден:unsure:
Ова ти е знак дека треба малце да се дистанцираш од компјутерот:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom