Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
од сега нема шанси со некој познат да си идам дома :facepalm:
си пешачам ја за накај дома и туку ми застанува со кола еден комшија, ми вика ајде ако си за дома влегувај. и ја ај влегов ама гадно се заебав.
прво вика ај ќе застанам овде да купам треба нешто, почекај ме. ок, ја седам, дремам 10тина мин и еве ти го иде.
продолжуваме понатака вика почекај до банка да скокнам на брзина и одма идам. ајде го чекам. иде. продолжуваме. понаката дојдовме до едно трафиче и вика почекај овде другар ми работи само да го "ѕирнам". пак дремев.
после застанавме во пиљара, во аптека......
дома стигнав еден саат покасно од колку пешки да идев :tapp::tapp:
 
си помислувам деноиве на постот на CosmicGirl, мислам она пиша пост за медари, за луѓе кои знаат да уживаат. Нешто како кога приоѓаш страствено во животот и сакаш полни чинии. Истовремено значи и дека не се цензурираш, не шеташ наоколу со постојано фино понашање, за разлика од самоцензурираните луѓе кои па од друга страна се спремни за канибализам.
Размислував и за душите и за тоа колкава е веројатноста да собереш околу себе луѓе кои имаат и душа, а и исти неконвенционални интереси. Размислував и за моите пријатели, и за тоа колку подобар може да биде животот ако ми се во секојдневие. Ќе се шетаме по градот со чудни облеки и гласни зборови, ќе се смееме, па потоа ќе се уозбилиме како да ќе го промениме светот. Можеби и не, можеби само ќе си ги исполнуваме своите души, зошто времето е кратко.
 
Драга,

Топол чај, Џемперче и добра музика.
Малце мир и време за себе да размислувам.
Следи тежок период мила, ми треба преголема сила да останам позитивна во секоја следна ситуација.
 
ДК,
се враќам накај дома и си потпевнувам.. Што е тоа во луѓето тажно... Само не во контекстот од песната на Тоше, туку туку што е тоа во луѓето, а не е љубов, не е искреност, чесност и уште илјада и една добри особини. Што е со луѓево бе Кајги, како да верувам на некој кога во сите ја изгубив довербата?.. Ме боли, ме боли срцето што ме лажат тие што најмногу ги сакам. Ме прави да се чувствувам лошо, безвредно, безволно. Зошто?? Ме боли тоа што во никој немам доверба. И што направив за така да ми вратат? Јас, што секогаш се трудам да дадам се од себе, и да се жртвувам за на сите да им биде убаво? Епа нема веќе, морам да се сменам и точка. Некогаш ништо не е побитно од тоа да се почитуваш себеси, штета што некои тоа го сфаќаме на потежок начин. И да, лагата ја убива љубовта, убива се, се !
 
Излегувам во дворот... темница жива(баш онака жива... пулсира со живост)... студи, свежо е... ги облекувам патиките и се телепортирам на тревата каде ништо не ми смета... вдишав длабоко и го кренав погледот нагоре... ведро небо, ѕвезди... покрупни и помали(а уствари нереално за умот огромни) обични и трепкачи... сите беа весели... по некоја комета го сече небото за момент(погледот свртен каде што пројде кометата баш во моментот на нејзиното појавување)... издишувам... пропратено со бел облак изворно од папакот(центарот на постоењето)... пареата во разни форми и облици танцувајќи безтежински се шири и избледува во празниот простор... како нирвана... заедно со облакот, и јас... исчезнувам и се прелевам низ празнината... од папокот до ѕвездите... и назад... овде...
 
Zz xD

Еј коа идев накај работа со точакот,дечиња на улица ме стопираат и ми викаат дали сум сакал да купам од нивниот весник?:pos::pos:

Ме изнасмеаа и ми го напраија денот :D

Zz xD
 
Драга,
како сум ги фатила колоквиумите, абе на норма ми тргнало, од убоо поубоо. Почнува и дури страв да ме фаќа, еми што ако почнам континуирано да учам? Не сакам во министерство за здраСтво да ме приберат, скраја пу! :place:
 
Драга
12747_452690781455284_285846781_n.jpg


Таа е таа супермоќ што би сакал да ја имам.
 
Кога се што си градел одреден период ти паѓа во вода,заедно со сите твои ветувања и дадени зборови.Моментот кога вистината те прободува како ладен нож во твојот испотен грб.Тогаш доаѓаш до една животна раскрсница каде што треба да одбереш дали вреди сево ова за да се бориш и да почнеш од почеток или да се откажеш и сите да се радуваат на твојот пораз.До таму сум стигнат драга,на мои ебани нецели 18 години јас сум веќе изебан не по туѓа вина,туку лично моја.Сите неправди што сум му ги нанесол на некого ми се враќаат како бумеранг.Морам да си докажам себе си дека не сум слабак и дека сум станат зрел човек,без разлика на тоа што мислат сите луѓе од страна.За овие години научив и сфатив многу работи,но можеби малку подоцна.Сепак среќен сум затоа што верувам во себе и знам дека можам да успеам,а се што треба е да се помачам малце и да не покажам дека неможам да се носам со притисоков.На моменти ми доаѓа да прснам и да отерам се у курац,но се потсетувам на се она што ме чека и што допрва треба да доживеам.Исто така сакам да му се заблагодарам на сусаро кој со својот пост ја покажа правата вредност на Никотина и навистина сметам дека е понекогаш подобра од секс.
 
Драга, изгубив сенс за живот. Заборавив како е да излезам на кафе, заборавив како е да си го преседам дома цел ден или да се излежавам по пижами, заборавив што е тоа секс, се поради тоа што сум цел ебан ден на работа, и поради тоа што 4 недели одам секој ебан ден, без да имам барем еден ебан ден одмор.
Буквално излегувам во 7 саат сабајле, а се прибирам во 11 навечер, и кога ќе си дојдам си легнувам одма за утредента да станам во 6 сабајле и пак да одам на работа. Екрем Јеврич може да ми подзавиди. На сето ова капак ми е дека работам од крајот на август, а уште немам цела ебана плата земено и не сум осигурана, и дека на овој студ немам ни греење на работа, буквално се смрзнувам и се тресам по цел ден, се оболив за едни помочани 5 500 денари што уште ги немам ни земено!
И те молам кажи ми, дали е ова хумано?

:mad:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom