Претпоследно предавање демек. Воедно и вежби. Ситуација ипол. Си повторуваат напред децата, а мене ми е досадно да се вклучам иако имав читано, бидејќи Европска унија како делче од целиов свет ми е во поглупите за кои немам интерес. Вештачко креирано за маткање очи, досадно, бла бла, посебен вид, стремеж курци палци.
Па така си читав назад филозофија на право, милина, да си го масираш мозокот.
До мене седи стандарт истото другарче и ми вели, дај бе телефонот да си префрлам некоја песна. Повели бе другар, само пази да не пуштиш на глас, оти те ,,отепав" , го предупредив на зафрканција. И едно време слушаш почнуваат тапани, се вклучуваат гитари и асистентот вика- Ај нека посвири песнава па да продолжиме, се смее

Овој стега дали стегна на дугмината, не можи да ја исклучи, трешти цела училнициа и сите се вртат наназад. Го зедов телефонот, го намалив скроз гласот и средив.
Инаку се чувствувам ко отепан, си читам до кај 03, станувам во 8 за на факултет, си идам на кај 5, си легнувам на кај 6, спијам до кај 8, станувам и то. А да, еве ја песната ако на некој му е во мисла......