Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе раѓам деца бе, за инает.

Некои жени околу мене се логични исто колку мачка седната во биде’.

Поглуп ден, амин.

Се лечам со темна чоколада и Dead Can Dance.
 
ДК знам политика е забрането али јбг. Вчера слушнав за новиот закон за агенциите за обезбедување им се зголемуваат овластувањата со апсење и носење пиштол и уште некој работи. Случајно или не неофицијалниот шеф на државата има не толку позната агенција за обезбедување која си зима што е можно повеќе договори, случајно или не му се врзаа синџири на набилданиот кој оди покрај официјалниот шеф на државата од страна на неофицијалниот шеф. Го знаеш има клипови на интернет како се тепа и крши цигли со рака,нога, глава, кур.
Кајги си формираат своја приватна полиција која ќе ни ебе маме. Досега морав да ги поднесувам и гледам полицијаците кои мислат дека целиот град е нивен сега пак и надуваните дебили со iq<број на чевли .
Дипломирање и дим да ме њама.
 
Др. К,

Да се чудиш кој се знае која е Саша Греј. Ќе се самопрогласам за конзервативка!
 
Сега ззнам што значи животен пат и неговот длабоко значење, се здрвив од фактот кај ме однесе интиуцијата моја неверојатно нешто. Еј ама супер е чувствувам има да ме подигне во облаци и одиме пријди малку поблску немој да се плашиш .....


 
Претпоследно предавање демек. Воедно и вежби. Ситуација ипол. Си повторуваат напред децата, а мене ми е досадно да се вклучам иако имав читано, бидејќи Европска унија како делче од целиов свет ми е во поглупите за кои немам интерес. Вештачко креирано за маткање очи, досадно, бла бла, посебен вид, стремеж курци палци.
Па така си читав назад филозофија на право, милина, да си го масираш мозокот.
До мене седи стандарт истото другарче и ми вели, дај бе телефонот да си префрлам некоја песна. Повели бе другар, само пази да не пуштиш на глас, оти те ,,отепав" , го предупредив на зафрканција. И едно време слушаш почнуваат тапани, се вклучуваат гитари и асистентот вика- Ај нека посвири песнава па да продолжиме, се смее :) Овој стега дали стегна на дугмината, не можи да ја исклучи, трешти цела училнициа и сите се вртат наназад. Го зедов телефонот, го намалив скроз гласот и средив.
Инаку се чувствувам ко отепан, си читам до кај 03, станувам во 8 за на факултет, си идам на кај 5, си легнувам на кај 6, спијам до кај 8, станувам и то. А да, еве ја песната ако на некој му е во мисла......
 
525612_478137398874759_821884163_n.jpg
 
Кајги, сем шо сабајле измрзнав ко сенегалец у Сибир у ноа Скопјено, се на се убав ден. Презентацијата ја заврив побрзо одколку што очекуев, може да крцнам едно филмче сега и да се кутнам во кревет. Друга работа, влгувам во фаза "friends with benefits", ми се сјеба работата за утре татко и бил прва смена на работа, али шо е битно, ако не кај нејзе кај мене..Филмче, пица, пријателско дружење, се на се убав период од животов. Ајт поздрав
 
Драга...

Штокче со коцка лед, бадеми и Nouvelle Vague во позадина :pipi:
Дома, во мојата стара соба на топло и разговор со пријателка на чет.
Добро е да чуеш дека има уште такви неповредени, неискварени суштества во светов, на некој начин и романтични кои си ги доживуваат така интензивно и радосно некои моменти, посебно на тие години.

Бакнежии, бакнежии, сакам бакнежи :P
 
Patem kajgano,
domashno crveno vino, pecheni kosteni i leshnici. Za merak!
 
Драга , може си љута ти немам пишано одамна , али оправдано бев отсутен....

Овие денови сум ти ко програмиран робот , те једно те исто правам . Денес разбив монотонија, али ја разбив и диетата на која се придржував , јебига Бајрам е лапнав денес две баклави што да праам :D

А недај боже да отидам кај баба ми утре , има да ми рече ајде сине пробај ја и мојава баклава, па после пробај го и мојов колач , па земи нешто од овошјево и на крај ќе ти тутне и вечера под нос и ќе ми ја поврати целата килажа назад :) Ама добро , такви се стариве, само на внуците мислат да им угодат...

На другом плану , тапкам во место ,малце и ја заебав работа , али имам простор да се поправам , па ваљда ќе го направам тоа ...

Ајде остани ми со здравје Драга :D
 
Еве ти, дојди, повели, земи си ..
Се осеќам ли убаво кајгано ? Па секако дека да.
Се смирив брат, немаш поим и тоа колку.
Следи колоквиум сега, немам книга фатено, ама ако. Не се замарам.
Имам наплив на еден тон мисли, идеи, глупости, панч лајнс и сл. срања.
Ќе ги оставам за себе, вечерва се плашам да си легнам со празна глава.
Кога ќе се до смееш ќе знаеш како се осеќам.
off.net.mk-14299.gif
 
Драга, ти имам ли кажано колку е убаво рано да стануваш? Е баш тоа и таман со време да си седнам да учам. Плус вака посабајлечки од факс се прошетав и до читална, ама видов дека има гужва и ми беше зафатено омиленото место, па си фатив патот назад... :) И успат ја видов магарицата, еј! Црвена се исфарбала... ама ќе прескокнам овој пат. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom