bebush
Portable Heater
Кајганче!
Вечерва заклучив дека, не е важно каде си и кој околу тебе зјапа и те озборува. Важно е дека си со тие што ги сакаш, си поминуваш убаво и не се преправаш во некој што не си.
Денес баба и дедо слават 50 годишнина од брак.И иако вечерва малку можда ја утнавме кафаната, иако можда ја утнавме рајата која упорно се прашуваше што бараме тука заедно со старциве, го обележивме достојно денот и си поминавме прекрасно.
Таа среќа во нивните очи, таа грижа да сме сите најадени и напиени, тоа нивно задоволство да не гледаат додека се веселиме и играме, никој не може да ги одземе.Само љубовта кон фамилијата трае вечно и е непобедлива, единствена, посебна.
п.с.Али добро е, во младинава имало уште надеж.На крај кога се дозна што е работата, цела кафана ечеше од аплаузи и честитки