Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана :)

За овие два дена успеав да се уверам колку никаков народ живее во нашата државичка и колку луѓето не се луѓе, туку пијавици, штетници, крвопији...
 
Драга Кајгана :)

За овие два дена успеав да се уверам колку никаков народ живее во нашата државичка и колку луѓето не се луѓе, туку пијавици, штетници, крвопији...
Welcome to the hotel Macedonia...such a lovely place :)
 
Кајги!
Имам полова болест. :cautious:
Ме боли п.о. за се!
--------------------------------------
Адел родила син, па цел Прилеп мекици прави.......
 
Д.
дома сум скаран со сите. со тато веќе од вчера не правам муабет (за една работа), а со мама од пред три дена официјално прекинавме да зборуваме (за друга работа). со сестрана година дена кај што не зборуваме и така драга ја сум препуштен сам на себе. плус се искарав со една проф. денеска заради 5-6 глупави колеги и така почувам постепено да мислам дека универзумот се свртел против мене.
значи не сум повеќе тинејџер па ај ќе се испокарам со сите и за 5 мин ко ништо да не било. ова е сериозно. сам си купувам јадење, баба ме финансира колку-толку, подметнувам алишта за перење измешани со други алишта на друг чоек од дома, добро е што мобилниот ми е на претплата, сам се пеглам (сум знаел за чудо)....итн.....

п.с. на сета мака сам в соба сум се изнасмеал сега. гледам нешто под кревет кај мене, инаку по темница сум (светлина само од екранов имам) и се чудам што е тоа. одам до него на куче ми заличи, одма пуштам светло кога гледам тоа чорапа-дебела за во зима (не плетена). кај дошла под кревет кај мене? свашта.....добро е уште малку и крокодили ко не идат. или може ова е предупредување со чорапава? :unsure:
 
Македонските хакери се разбудија и летаат албански страни вечерва !
клик и клик
Има дечки што се способни и квалитетни и успешно ја претставуваат нашава земја и не дозволуваат да не пердашат од сите страни!

Секоја чест за момците !
 
Драга

Одамна сум немал оволку добар ден......цел ден се осеќам фантастично, имав заборавено какво е чувството :)
Чисто да те поздравам со песнава....
 
Драга,
прв пат ти се обраќам, се надевам ќе ме разбереш.. Периодов ми е толку напнат, за момент се мислам дали воопшто вреди сиот труд и нервоза.. А капак на се па и онаа не ме рецка, игнори ми мава.. Слушам лав сонгс на антена и така малце бедови пред спиење, ама нема врска.. Остани ми поздравена :)
 
Драга видов на слика како јајце клетка го напушта јајникот и трга за "на пат", нема нешто погадно верувај ми. И јас па какви глупости гледам во 2 саат, bless. Мајка ми па мислеше медицина ќе студирам у која заблуда беше жената..
Од утре не знам кај ќе живеам 2 недели хаос ќе е кај мене дома моите од корен ќе си го реновираат спратот, еве сеа имам цимери на мојов спрат ги прибрав. Исто така собата ми е хангар направена заедно со дневната, моментално кај мене пренесоа неколку сервиси за кафе, сет чинии, даска за пеглање, фиока ачик сред соба плесната и фотеља разглобена без сунѓер пошо е земен за тапацирање. За дневната да не правам муабет, со сонар треба да барам ако ми притреба нешто.

Ама гледам на добрата страна на сево ова, ќе ги нервираме комшиите со бушење 2 недели. Да знаат сега во моментов кога си спијат слатко што ги чека утре во 7 саат сабајле :sneaky:
 
Ти пишувам пошо на 1444 страна сум, а четири ми е среќно бројче. Иначе не ми се праи муабет со тебе..
Утре (иам у план..) излежавање максимум до 10, учам до два, излагам надвор, се враќам до 4, ручам и пак над книга до вечер.
Додуше најверојатно ништо од тоа нема да се деси знаејќи ме мене и мојата истрајност :D Ќе спијам до 12, ќе легачам до два, ќе ручам и мооожда ќе потфатам нешто во име на мајка ми и нејзината клета душа што уште се надева на моето образование.. Али ај, да бидеме оптимисти нали :)
Сум имала убави очи, два пати ми кажаа денес :)
tumblr_lu0d2odNbK1ql8eyn.gif

Бар нешо асално у денов никаков..

И незнам дали ти иам кажано, сакам да иам тераса.
Just putting that out there.
 
Само што сфатив дека без да знам, ничим изазвано се ослободив од еден стар дух од минатото. Сосема случајно, сосема неиспланирано, конечно оставив некои работи таму каде што припаѓаат - во спомените и минатото. И чувството е прекрасно, одамна не сум почувствувала вакво олеснување. Среќна сум. Тоа е тоа. Почна периодот на промени, почна периодот на трансформација изгледа. Есен... изворот на речиси сите убави работи во животов.

Life is good.
 
Passed down to you....
Морам да се исповедам тука пошо.... ај не е битно зашо, смао моментот ми налага тоа.
Седиме 4ца фамилија во Љуц и праиме филозофија околу смисла живота. Имаше разноразни поенти И у даден моменат ми текиње дека смислата е тоа што сега го правиме. Или да упростам: Смисла нема, константа не постои, се` е трчање и само трчање. Сакаш кариера - сзаебуваш слободно време/фамилија. Сакаш фамилија - се помируваш со работното место. Стигаш до една цел, преоѓаш на друга. Не стигаш - се разочаруваш, пак преоѓаш на друга. Љубов? се троши и тоа и преоѓа во навика. Филозофираш? - нема леб сине. Хејташ? - не си видел доволно во сопствениот двор.

Се` си има причина. Ама не постои константа. Не.... Се е вртешка ко прдешка у гаќа. Едино што преостануе е да не бидеш несреќен. Ама јбг. не иде тоа со акал. Како што и без акал не иде душевна исполнетост.
So says Saladin...
and invented the "topla voda"
 
Слушам гласна музика в соба, а во другава спијаат татко ми и мајка ми (барем си велам дека спијаат)
Се надевам нема да ми стани и да ме исфрли низ прозорчево.
Инаку читам, ама прекапнав денеска, еве од 14 часот, со мали паузи чат пат, и прееска една поголема дво-часовна која ја потрошив на прошетка. Мозоков врија клокоти. Така накратко денов, а и наредните така че бидат. Од 1ви до 10ти рс рс полагања. За арно за убо нека е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom