Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
другар
денес цел ден иако беше петок,ама беше и Св. Недела и тоа цел ден.
Бев во манастирот Св. недела-т.с.наша православна црква во Катланово.
Супер беше.дури и еднаш се оладив во Пчиња.
Имаше музика и играње.А за најдобра играорка ја одбраа една мома,можеби беше од Велес од каде имаше два автобуси со гости, ЧАО.
 
Драга Кајгана, кога ли јас ке оздравам, де синуси де ова де она. 2 месеца на раат не можам да застанам, се нешто ми се дешава. Сега пак некое отровање имам од водата, јбг тоа ти е кога пиеш од прскалка за трева... и плус 3 дена не можам ништо да јадам.. не е фер бе :(
 
Драга

Утре го женам братучедот. Со среќа нека му е. Ја девер сум, ваљда нема шамар да испијам :D У недела бегам до Орид малце на "одмор". Така да нема многу многу да те дружам. Нема да ми фалиш немај гајле <3
 
ДК, ја ќе тепам некој деновиве, само кој ќе биде тој среќник...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Драга

Утре го женам братучедот. Со среќа нека му е. Ја девер сум, ваљда нема шамар да испијам :D У недела бегам до Орид малце на "одмор". Така да нема многу многу да те дружам. Нема да ми фалиш немај гајле <3

е брат, и ја баш сега пред месец дена бев девер на свадба и ќе треба малку од повеќе новчаникот да го отвориш :D за да влезеш кај неа мора да платиш, кога ќе ја видиш невестата во чевлата пари да и ставаш по 3 пати, после кога ќе треба да ти ја предадат невестата пак пари да даваш :pos: ама како и да е убаво да си поминеш.....

инаку драга...
нема што да ти кажам нешто посебно, па ти се си знаеш за мене. не планирав да ти пишам ама кога го видов постот на Драчево се присетив колку весело и убаво си поминав на свадба и мораше да искоментирам.
ај ча0
 
ДК
Се остваруваат сега засега сите замислени сценарија!
Јас+лежалка+алкохол+ уживање+добра храна+за маж сега засега на тв нешо :pos:.....ај ќе бркниме некое лижалче потака кога ќе дојде ред и на излегувањето........ сеа да легачам уште малце и да се изнауживам....
Каква сарма со винова лоза сум напрајла денес немаш поим....мммммм! Се мислам утре што да прам ручек? Битно винцето не ми бега од трпезата, старо друштво сме ние зарем не :love: ко шо вика другар Мики Ј. свака част на чоечево има право за се...:sneaky:
И така ме и мојот заслужен одмор..... fuck yeahh
Fuck-Yeah.jpg
 
Половина час се обидував да разубедам емо факинг нежно депресивни тинејџерчиња кои имаат проблеми со женските, дечковците, другарките, се каралеле и не им било убаво, па така животот им бил наводно многу тежок и грд, а уште не ја почуствувале загубата на некој, онаа внатрешна душевна болка која корни..........дека токму таа болка е една од најгрдите работи. Дека мора да се ужива и да не се замара со глупостите кои ни се секојдневие бидејќи крајот така ни се гледа.............многу блиску.
Играв фудбалче на компјутер, слушав музика, гледав глуп филм хорор, излегов в чаршија малку да ме фати воздух и то, се прибрав сега дома и слушам некој глуп рок на акустична гитара оти се чувствувам малку глупо.
 
Драга, ова одамна е надвор од мода!
Драга, ова одамна е надвор од мода!
Драга, ова одамна е надвор од мода!
Драга, ова одамна е надвор од мода!
Драга, ова одамна е надвор од мода!
Драга, ова одамна е надвор од мода!
Драга, ова одамна е надвор од мода!
Драга, ова одамна е надвор од мода!
 
Драга, треба да ми кажеш која е целта на постоењето. Дали е таа цел иста кај дете кое боледува од некоја бизарна болест, кај мене, и кај ладнокрвен убиец? Дали сите ние сме некаква игра на случајност?

Ме мачат темни мисли вечерва.
 
Драга, тука, на 21.07.2012 во 06:16 часот, јас - ManUtdChampions се самопрогласум за ВАМПИР! Да си знаеш, наредниот пат кога ќе испаднеме на кафе да не јадеш од тоа лукот.. mwa <3

Aaa и уште нешто.. Утре ова време одам на еднонеделен одмор.. Ееее, чек де и ти па, не плачи одма.. Не се секирај, има и таму нет-кафиња, ќе ги посетувам секојдневно, бар по пола саат.. :) Додуша, не заради тебе, заради една друга драга, ама битно ќе искористиш и ти.. ПоздраФ!
 
Станата сум пред 2 ипол саати...Викендов ми е слободен, ама џабе - пак ненаспана ќе останам...:mad: Малите несогласување во комшии имаат потенцијал да преминат во тешки инциденти, поготово рано насабајле и во вакви ситуации ми е криво што немам блендирани врати и прозори...Божем во куќа живееш, двор ова-она, ама џабе, а тек во зграда да си со овие... :rolleyes:
И мислам дека крај на август има шанси да земам одмор...:) Максимално ќе го искористам...
Ова лето од кога е почнато, јас не сум наспана како човек...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom