Постојано цел ден цупкам со ногата.
И не прекинувам.
Денес ме избркаа од 2 часа, пошо нали, ептен сум добра и скромна, па и професориве почнаа да го приметуваат тоа. Нвм, си влегов после 2 минути поминати надвор.
Не бев на часот шо ми беше најбитен и за којшто навежбав викендов.
Распоредов у понеделник ми е катастрофа ! Час, празен, час, празен, час, празен, час, празен, час. И после убаво ми било школото -.-
Децана денес ме препунија со небитни информации за кои ич не ми беше гајле, ама мора и нив да ги слуша некој.
Времево ме изнервира шо се затемни пак и стана грдо ПАК !
Нешо здебелена сум, грлово убао не ме болеше вчера, денес на нерви ми иде -.-
Италијански утре тест некојси ќе праам, а си неам појма шо е тоа имперфетто -.-
Исто така, си иам други муки. Ми треба асален муабет со асални личности.
Преку глава со Валентајнс и Трифун, неможам да ги слушам луѓево веќе !
Исто, шишките ми одат на нерви, ги кревам половината и повеќето горе, ко лани.
Исто вака се осеќав лани за валентајнс, напет ден беше и тогаш. Самошо вежбав клавир дупло повеќе него сеа.
Ми е гајле. Не се замарам со ништо веќе. Нема рамнодушна да бидам, не. Ќе бидам без љубов. Не рамнодушна. Незнам као да ти објаснам.
Нема да си ја барам љубовта. Ќе си барам она шо мене ми треба и она шо мене ми паше.
Исто ко и сите останати користољубиви копилиња на светов.
Тоа е. Борба за опстанок. Животно ќе станам. Не ми е гајле. Ќе се понашам ко идијот спрема сите, пошо така ми паше.
И исто, нема да ми биде гајле како ќе се обратам на некој, пошо не ми е гајле за него и неговиот живот и тоа шо он сакал од мене.
Ќе бидам и кучка и дигната и ќе се стаам у некој филм, ко шо праи остатокот од светот. И ќе хејтам све живо.
И коа ќе бидам стаена у некој филм, нема да дозволуем никој да ме дира. Битна фаца сум, и остајте ме да си фурам мој филм, нали.
И ќе прекинам да гушкам кога се поздравуем, пошо никој не заслужува да биде гушнат.
Исто, нема да се поздравуем со никој, пошо, нали, ќе си бидам влезена у некојси филм.
Сеа сум бесна на све и остај ме да му се истурам на кутриот клавир.