Сакаш ли да знаеш една рендом филозофска мисла?
Кафка можеби бил во право, ама можеби прави голема разлика. Што да мислам за човек кој бил толку преплашен од себе што барал цело негово творештво да биде спалено и да не го види светлото на денот, а истовремено барал утеха кај три различни жени, признавајќи дека не сака да биде сам. Се плашел од себе, се плашел за себе. Магичен круг ќе да е тоа. Ако на крајот речеш збогум преплашен што си живеел?
Тука ќе го убациш сарказмот на мојот почитуван Трендо, и ќе кажеш нешто во стилот, "Дабоме, нека биде тоа ковчегот поудобен , ме кине спондилоза цел живот. Башка промаја лошо прија на коски."
Едно кон друго, ќе заклучиш дека колку едно дело е постаро од тебе толку повеќе си ја лепиш мислата за него. А никогаш не помислуваш дека тоа човече делото го создало сосем случајно, непланирано или без самодоверба. Ха! Па иди после читај и тумачи. Кафка и неговата животна приказна е само пример кој ме потсети на таа состојба. Овие денешниве човечиња се живи и здрави, ги среќавам на улица, низ маало, у продавница дури се обидувам да се сетам дали ќе ми текнат сите три работи кои ми рекла мајка ми да и ги купам. Се лутат на "не лути се човече', (иронично), нејќат да губат во карти, најчесто не ме разбираат што им зборам, оти некако сакам да не ме разберат, забораваат на родителите оти дечкото им бил богат ( тру анд фреш стори), се тешат со погрешни зашто било срам да си у хибернација која трае подолго, па после ми пукаат глава оти ја утнале скроз. Моите омилени кои нешто ми ги нема у околина се оние кои кога ќе им спомнеш домаќинка, прават фаца која е мислиш предсмртна. За оние што не знаат тоа у денешно време е полоша навреда од пцовка."Еми шо да ви праам", си мислам дури ми ја вртат истата реченица на различен начин, а јас за тоа време си мислам дали Џон Маер и Џеф Бакли се истиот човек во различно време. Нормално, не смеам да размислувам на глас, оти секогаш треба да се испочитува туѓата исповед макар што со првата реченица го знам крајот.
Е затоа Кафка можеби бил во право. Страв пред се. Сеј ноу мор. Страв да не не ти се јавел Петко, додека Петко се плаши да не ти се јави прерано; страв дали да прифатиш работно место, зашто на другово комоцијава е премногу добра да се пропушти; страв од егзистенција; да не си останеш лузер; да не немаш пари за такси накај дома; да не го утнеш патот за накај викендичка; страв да не си папучар т.е домаќинка. Е мајке му. Изгледа сите не мачи спондилоза.
Ја мудро ќе си заклучам дека на Ким Кардашиан и е најлесно, и на онаа шо се мота низ весници, и на Ким од маало, од факултет или од форум. Оти без памет е најлесно. А памет е нешто опасно. Е така, ајде сега еден скок во место. Друже Кафка, ај андрстенд, веруј, ама тоа не значи дека во се мора да се сложам. Страв за нешто, не за се пријатељу.
Сакаш да знаеш една сосем небитна нефилозофска мисла? Како со несоницава ќе успеам сабајле да станам толку рано?