H
HITCH
Гостин
Драга Кајги,
Успорена снимка сум! Два дена око не сум сколпила, маки... Прво не можев да заспијам оти ја изгубивме војата со татариве. Сеуште не ми се верува дека така лесно ја шитнаа еМакедонија. Потоа, имав куп луѓе кои ми се мотаа низ глава, со куп нивни проблеми. Едниот од тие проблеми нема никогаш да го средиме
Велат треба време, а јас велам не требаше воопшто да ни се слчи. Не можам да кажам дека е готово, не можам да кажам дека бидна и дека сега џабе е целиот труд кој ќе го вложуваме за да се поправат некои работи, кога знам дека тоа е многу погрешно и дека никогаш нема да биде исто. Толку се спремвме, се радувавме, чекавме, за на крај се` да се сруши во само 5 минути. Џабе толку радост, толкава верба, толкава еуфорија. Како сме сега!? Сеуште во шок и не верување дека и ова зло не стрефи. Нема да биде подобро, бидејќи не можеме да се помириме со загубата. Секој си жали на свој начин... Јас на пример, си купив нови чизми, сега се спремам да си купам уште една ташничка и да се прогласам себе за нечувствителна кучка, која престанала да ги брои ударите во животот и предавниците, оти се премногу. Драга, јас сега почнав да си ги бројам добрите работи! Има само неколку рецки до сега, ако се малку, вредат многу. Сега Драга, и јас како Гwујо после долго в`тење успеав да св`там нов лист. Нормално дека на почеток е празно, ама за неколку месеци ќе стане пренатрупано. Успеав во многу работи со малку труд, сега ќе вложам поголем труд и ќе успеам уште повеќе. 2011 треба да ми биде успешна година и да знаеш дека ќе биде! Оваа година се` почнува од почеток. Некои работи се променија, ме здрмаа убаво и успеаа да ме вратат на правиот пат. Лани имаше еден тунел на кој го најдов излезот, иако мислев дека тоа е знакот за погрешна насока. Оваа година нема да има тунели, оти оваа година ќе бидам исто како „Алиса во земјата на чудата“! Се` ќе биде ново, убаво и весело! Новава година ми почна супер. Секој со среќата во нови походи!
Драга, овој Ерос ептен засипнат, ма!
Од утре почнуваме пак со италијанскиот... Замисли изненаден тест да ни стегне.
:raz: Овие сигурно ќе ја колат! 
Успорена снимка сум! Два дена око не сум сколпила, маки... Прво не можев да заспијам оти ја изгубивме војата со татариве. Сеуште не ми се верува дека така лесно ја шитнаа еМакедонија. Потоа, имав куп луѓе кои ми се мотаа низ глава, со куп нивни проблеми. Едниот од тие проблеми нема никогаш да го средиме

Драга, овој Ерос ептен засипнат, ма!


