Honey мории! Од лани ти немам пишано...

Не дека нешо многу се забавував и немав време за тебе,ама ете...шо знам...онака!
Деновиве сум разумно ирационална и си сфатив дека има нешто вистинско во бајките,не постојат страшни чудовишта и вештерки,знам! Ама
вистината е дека и да постојат,можат да се уништат. :wink: Еве ти едно текстЧе, читај како се осеќам. :smir:
Надвор врне и јас сум пресреќна. Зошто ли? Зашто не читам за дождот, не го гледам на телевизија. Киснам во оваа селска куќа на двесте километри од градот. Киснам буквално и со најголем ќеиф. Не престанува да врне веќе шест дена. Премногу долго бев во градот. Имав потреба од оваа осаменост, од овој дожд, од просторот. Тука ги пуштам мислите да шетаат, тука е доволно широко. Цвркотам среќно како пржено јајце. Еј така, од ништо. Ова во градот тешко се прави. Таму ќеифот има потреба од причини.
Понекогаш од една гола вода подобро нема.
Читам.Книгата личи на жена, ако не ја почитуваш(редовно), се скиселува како Боза. А од книга до Боза има разлика. И од Боза до Боза има разлика. Има Боза со вкус на чорапи, но не и чорапи со вкус на Боза. Има мала, голема,Боза каде што треба и каде не треба да ја има. Воопшто, што има врска Бозата со оваа работа(не ја допирајте со онаа работа, доаѓа нечистотија).
. . . На село шега нема, каснуваш парче леб и остатоци од виршла(та продавницата е во соседното село) и си духовно сит ...