Драга,
После секое каснење на часовите во средите поради автобусот, денес за чудо автобусот беше брз, ама кога стигнавме професорот не беше дојден. Го чекавме 40 минути, и кога се одлучивме да излеземе, го сретнавме на врата. Потоа, кога излеговме од тој час имав 3 часа пауза, па со мојата другарка одлучивме во библиотека да одиме, таму дојдоа и едни колеги па си поправивме муабет и побрзо ни помина и таа пауза. Потоа бев на уште 2 предавања. Но кога се врачав дома, малку се уплашив, зашто автобусот почна да оди лево-десно (со мојата другарка помисливме нема да ја дочекаме Новата Година). Но, потоа се се среди (се врати автобусот во нормала) и се смиривме.