Еј брат, одамна неаме муабет напраено а?

Ќути, годинава шо се не ми се деси

Што добро, што лошо, што добро о.о
Али добро..
Мислам дека колку созреав за 2 месеци, неам созреано у 3 години...
Коа ќе ти се деси шит, те потбуцнува малце да размислуваш, да си размислуваш за себе си, колку даваш, дали ти се исплати, каде грешиш, зошто грешиш?
Клучни животни лекции научив од некои ситни грешки што ги сторив, па ете, на крајот сепак ќе се сметам за победник иако изгубив многу..
Изгубив многу труд, залудно...
Знаеш, после се', деновиве, уживам... Со школо мука неам, си завршив се, па идам само колку да каснам нешто вкусно, да се насмеам со другари, со класниот, да прошетам... Легнувам во 4-5, станувам кога ми чуе, па идам у школо на 2ри ил 3ти, по обичај...
Не ме запишуваат. Знаеш, фаца. Ејх

Не бе, ме имаат навикнато, не ми се замараат

Деновиве, уживам. Една девојка ме излудува :шмек: Страсна, дрска кучка... Ептен ми е по вкус...
Али не ти ја зборам

Пошо ќе ми љубомориш

Малце ги имаш тука такви xD
Те боли?
Ако ти е!
Утре демек, Нова година.. Знаеш, оној празникон, коа, го славиш денот кога земјата свртела круг околу сонцето и се вратила на исто место?
Тристашееспет дена и треале, и ние тој последниот го славиме.
Јако е, празници се ближат, задници се лижат, туѓи пари се трошат, се слави за утре дента да се раскажува...
Искрено, еуфоријава, незнам, не ме дирна ни малце.. У последен момент ми излезе фино комбо, па ај, демек, ќе идам кај другарче, твое старо пријателче, а и мое, па да се видиме, шопраиш како си, да прославиме глуп ден, среќа да си посакаме.
Искрено брат, не дека иам некоја посебна желба да ти раскажуем нешо, онака, досадно ми е пред спиење.
Па ај, у ДК време ќе тепам.
Али заеби.
Ќе идам да запалам, а и цедевитка да се напијам, па музиче ќе пуштам па или дота ќе плеснам или ќе си легнам.
Поштуеш?

Поштуем
