Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга К,

испити се ближат, потпис за органска хемија треба да земем дури во петок... на нова година во 5 часот попладне... е... професорот....

Бизнисите добро ми одат, се живее и се снаоѓам... добро е!
 
Драга Кајгано повеќе нема за учење :ojea: ги поминав сите тестирања и сеа ќе си кулирам наредниве два дена :)
 
Еднаш решив да направам заб од толку молење и устата ми е здрвена.
Да не се жалам,немој пак да ми извадат муабети:icon_lol:(бар скришум да го прават тоа нема да ми е мака)
Најтешкото помина,уживањето допрва доага...
Еве иде Нова Година,а некој ке биде на работна смена(штета)а некој на славење.
Или е до мене или навистина не се осека атмосФерата дека иде Нова Година?
Ај ваљда стварно е :).
Шо те е.ам и тебе,одам по облози. (:
 
Драга,

После секое каснење на часовите во средите поради автобусот, денес за чудо автобусот беше брз, ама кога стигнавме професорот не беше дојден. Го чекавме 40 минути, и кога се одлучивме да излеземе, го сретнавме на врата. Потоа, кога излеговме од тој час имав 3 часа пауза, па со мојата другарка одлучивме во библиотека да одиме, таму дојдоа и едни колеги па си поправивме муабет и побрзо ни помина и таа пауза. Потоа бев на уште 2 предавања. Но кога се врачав дома, малку се уплашив, зашто автобусот почна да оди лево-десно (со мојата другарка помисливме нема да ја дочекаме Новата Година). Но, потоа се се среди (се врати автобусот во нормала) и се смиривме.
 
Неможам поќе. Ме јаде грижа на совест, не ме интересира ништо веќе. И шо ако иди 2011 ко демек ќе исчезнат сите проблеми. Кога човек ќе ја изгуби и последна искра надеж, искрено појма немам сега што треба да правам...Ме кини, ме распартали, неможам веќе. Ах, лесно им е кога дават лажни знаци, сите ебени другари/ки...
 
Добро е и јас немам за учење :icon_lol:, си собрав календарчиња од навивачка група од агенција за обезбедување од фабрика за леб, само тие што се чекаат ги нема со шест лисја се :icon_lol:, ееее мајку му а ветив на три места :icon_lol:. И добра беше оваа тортава со 500 грама јатки од ореви уште пола остана сам ќе ја јадам :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:, не бе утре ќе дојдат на дојадување :icon_lol:. Купив голема и скапа играчка интересно нешто му се допадна тоа е добро.
Се заборавам понекогаш со ова дека не можат да ме разберат ама си се враќам пак тука да се дообјаснам :icon_lol:, ама најјака фраза му е и шо ти иди така :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Тоа ти е исто ситуација кога и реков на онаа: Така унисекс ќе правиме :icon_lol:? Кога ме погледна тоа манукот крваво мислеше сакам да му ја дупам женската, па ајде дури да се објаснам дека унисекс е еднаквост меѓу половите :icon_lol:, лошо ќе беше :icon_lol:.....

Ајмо песниче:

 
Сакам пак да сум студент, не за друго полесно би сфатила ( демек) дека славењето на Нова година почнува од 26 декември и тоа строго по станови! Тогаш ( демек) нема да мислам дека луѓето чат пат одат на работа и спијат, дека не чекаат сите недела пред Нова година да демолираат станови и сите други околни станари да имаат уплав дури и од елка, камоли од славење.

Бреј осет да се немало ... туку да се симнам и јас, не за друго барем ќе гледам да не се повреди некоја.
 
Драга кајги..утре на 7 час ја праам последната писмена за оваа година ...дали да учам дали да мислам на месото шо треба да се пече во Петок.Едноставно не ми влегуе у глава..се надевам утре бар за 2 че 3 че ќе извадам писменава...
 
Драга, и јас да ти се пофалам:
ГОДИНАВА ВЕЌЕ НЕМА УЧЕЊЕ!

[али затоа на втори кога ќе го фатам тоа програмирањето, има мајка му да ја расплачам.]
 
Драга,

На само еден ден до новата година се реков да дадам краток осврт на годинава што помина.Се на се ќе ми остане во паметење.Имаше многу убави работи што ми се случија, но имаше и лоши.Направив многу грешки но горда сум на тоа што си ги признавам и знам барем каде сум згрешила....Имаше моменти кога требаше да се борам а јас се повлекував,имаше и моменти кога кажував и правев работи што не ги мислев.Некои луѓе ми се врежаа во мене без тоа да го приметам, има и такви кои ме разочараа и засекогаш си заминаја од мене.Пречуствително регирав на многу ситуации, а бев ладна кога најмалку требаше да бидам. Но тоа е што е. Нова година нови почетоци така велат J Убави работи се случуваат само треба човек да верува во нив...Ај заминав сега. Те сакам драгаа (без љутиш, ама некого сакам повеќе од тебе ) :) :)

Чаоос:back:
 
Драга,

Многу сум среќна, знам ти ветив нема да те замарам со учење, ама да ти се пофалам се положив, и најтешкиот предмет:je::je:, нема да одам во јануари да го полагам, ќе учам друго. :pos:како мало дете се радувам, среќна сум што се на крај излезе добро. Сега заслужив еден добар одмор од 2 недели:pipi: те сакам:back:
 
Драга
Ногу си го мразам школото!!
П.С знам оти знаеш да читаш,не си корава ама едноставно морав,најсликовито го прикажува сплетот од емоции шо го осекам у моменто.
 
Некои луѓе се едноставно неверојатни... да не ти се верува... немам зборови во моментов, само едно големо разочарување. Колку е едноставно да те бара некој кога му требаш, а кога ќе си најде соодветна замена после едноставно за него си онака... бледило...
Фала, огромно фала.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom