Драга Кајги,
Не сум ти пишала одамна.

Денов ужас! Замисли после 5 години ми ја врати тетратката по литература, а за другите ми рече дека не знаела каде биле. Седев и си мислев колку сум била смотана. Им ги давав сите материјали без збор да им речам. Замисли, ги молам да ми ги вратат моите работи! Едната се појави, другите две не можеле да дојдат, на едната детето немало кој да и го чува, а другата синоќа заглавила, па денес била на трезнење у клиника. Женски ли се, стоки ли се?! Втор пат неделава била таму! Нејсе, ќе ми дојде и таа на ред... Денес се возев у автобус! Не памтам од кога немав влезено в автобус, ама и денот ми беше тапа, морав сакав да се замешам у народ

Немаше гужва, изгледа ги утнавме пензионерите.

Две девојчиња си прават муабет у автобус:
- Многу ми е тешко, ма.
- И мене, ем не работам, ем не учам, бар да имав дечко, да си го потполнев слободното време...
Сакав да им кажам куп работи, ама оваа ме џапна за рака, инаку сол ќе ги направев. Замисли, бара дечко за да си потполнела време! Тоа го кажа `ко да чита оглас изгубено, најдено. Се` е ненормално!!!
Читкав денес за Вецко, синоќа го пропуштив, оти сум заспала. Гледам, луда журка било, ајде де, нек` се забавува народ... Мене искрено, порано да беше журкава ќе ми беше интересно, ама сега се` ми е тапа. Ми недостасува „ПОЛИТИКА“ на форумов!!! Сакав да се кандидирам за модератор на „Политика“, ама ај си викам да не кркам бан.

Во „Момент на Вистината“ денес ќе имаат ексклузивен гостин, Газда Вецко, синоќа одговараше пред комисијата, да видат денес што да го прашаат, а денес ќе одговара на прашањата на Кочишки

Не знам неа што и требаше целиот овој циркус? Мајка, успешна новинарка, ама била зината за пари, брееее. Се чудам како Логин не и кажал дека парите во животот не се ништо. Самата се среди многу убаво! Јас Драга, да ти кажам право, никогаш не сум се интересирала за пари! Фала му на Бога, моите убаво не воспитаа, ни дадоа се` што сакавме, дури и повеќе. Направија од нас вистински луѓе, секаде каде што ќе појдеме имаме чист образ. Лани есента за малку ќе заглавев и оваа есен пак за малку куртулив, само затоа што бев со чисто срце! Ме научија во животов да не летам по пари, да бидам човек, да ги сакам и почитувам другите. Драга, не ми е гајле какви се другите, важно ми е јас каква сум, оти јас треба да живеам во мојата кожа, а живеам прекрасно. Знаеш, ќе имам еден нов проект, енд ај ем со хепи.
Многу бев уморна од вчера, толку многу работи имав да средам, а имав многу малку време. Направив една работа на која навистина сум горда. Средив нешто што требаше да го направам од поодамна. Па ајде сега нек е со среЈЧа... Сал успеси нек се множет. Испланираа за нова година

Срцки ми се. Колку ми е тапа денот, ама ај си се сакаме, си се поштуваме

Овие си доаѓаат во во недела, а тргнале денес, сакале да преспијат некаде
Поздрав Драга!
Начи чеш цвет што по мени мирише,
начи чеш цвет који нестаје,
начи чеш цвет што по мени мирише,
биче то цвет који умире... :back: