Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајганче,

Како си ? Ја чудно се осеќам, со оглед на све. Хух, чудни работи.
Инаку сабајле Антена ме расположи со божиќни песничиња..ахх Божиќ :pipi: Снег ни фали нормално, ама како што слушнав, во петок ќе заврнело, па ај со Господ напред. Инаку два дена дома си бев, ехеее, уживање. Уште утре и задутре, па викенд :D
Досадно ми е, знам гледаш, глупости ти зборим.
Ај, да ги средим мисливе малце, па ќе се вратим назад.

Те сакам, :back:
 
Баклавата е лудило ќе ме отепаат ќе немало доволно за гостите :icon_lol:, со попот ќе се збуцавме на врата ме чекаше да излезам па да влези не е како во прикаските дај попе рака или на попе рака :icon_lol:. Влечам столици маси како коњ нагоре по склаи, утре истата акција во обратен парвец.....
Австралијанката на фејсбук муабет ми правеше првин праша дали знам која била, знам како не :icon_lol:, ако бев пијан немам амнезија :icon_lol:, ќе ме натепаат :icon_lol:, ај доста е за тоа...
Осеќам се:

 
Кајги.

Дебилно е да бидеш нечиј експеримент, и константно да си изложен на мачни психолошки игри и лаги, особено кога ќе дознаеш дека константно си бил дозиран без да бидеш ни малку свесен, слепо гледајќи во сонцето.
 
Драга,
Сите сакаме соништата да ни станат реалност. Но што се случува кога тоа буквално и ке се случи? Уф, лош филм ми се прави...:icon_conf
 
Драгаа

Уф ама ми се свиѓаа оваа новогодишна еуфорија со аватариве :) Уште снег да заврне и се ќе биде супер.Инаку рано - нерано јас одлучив, утре ќе си ја китам елката (А) И тоаа...
:back:
 
Wow. Колку работи само можат да се сменат за една година, човече, овај, серверче...
Ми иде да се фрлам од некое високо место поради сите глупости кои ги имам направено, свесно, несвесно, поради недостаток на чиста ебана логика, поради недостаток на памет, поради недостаток на чувства, поради недостаток на обзир за туѓи чувства, поради глупостите кои ги имам кажано, поради фактот што бев говедо. Не теле, туку говедо.
За многу работи жалам и ми е криво. Ненормално многу. Просто не ми е јасно како можев да бидам толку слеп. Седењето пред монитор сепак си имало downsides.
*kicks a tiny rock*

On another note, ова што сега ми се случува, тешко се опишува. Преубаво ми е. Толку убаво, што нејќам ништо да се смени, од страв да не се зезне нешто. Секако, не се' е fine and dandy, aма... Се осеќам исполнет, психички.
Освен тоа, едвај чекам да дојде 31ви Декември. Бавно минуваат деновите, ама ќе биде. И ветувам дека ќе уживам во секоја секунда од таа ноќ. И се надевам дека следната година ќе биде само more of the same, како продолжение на некој филм, because, truth be told, би можел да зјапам во мониторот, метафорично кажано, и да го гледам филмов долго време.

Хех, гледаш, сепак не сум бил зависник од болка.

And there go my two cents.

Патем, упатено до глупакот со црн голф прееска:
Мајката. Fo-cus.
 
Драга Шенка,
За Нова Година, се надевам ќе бидам во Албанија! Најдовме денес една понуда што не може да се одбие. Па ако даде Господ здравје и пари, следната година во Париз :)).

Ме исполнува овој воздух смрзнат и стегнат, што ти ги исполнува ноздрите додека не се исполниш од спомени... Ноќеска имав најповршински сон што може. Зошто работите кои во три часот попладне ни` изгледаат толку лесни, во три часот по полноќ се толку црни и тешки?
 
Драга Кајгана
Варен Компир.
Те сакам. мвацки те лофкам.
 
Драга те оставив да ти посветам неколку реда за ко ќе имам така малку повеќе волаа за да ти кажам нешто, и никако волјата да се појави.

Ама ете ја си дојде. Сакам онака да ти кажам само дека I need some energy and a damn good motivation... Ништо појше не ми треба за она што следи.
Чекам сеа снег да си испопаѓа деновиве да се изнарадувам како детенце.
Ти гледам добро се држиш. Ајде почни да се спремаш за празниците што следат и онака друго немаш некоја посебна работа.

Гудбај.
 
Драга ...

Знаеш од кога не сум пишала тука? 30ти април :icon_razz
Па ај да напишам нешто денес, следно идната година.
Во глобала ништо ново, да се надеваме следнава година ќе е дааааалеку подобра од оваа, ми се чини како Дедо Мраз да ме игнорира :nesum: Толку ли сум му згрешила? Па не му барам многу. Добро... на глас не барам многу :icon_lol:
Малку сум и разочарана од себе и својата мрза, а воедно и се чуствувам како преку глава да ми е.
Ама не се предавам. Оптимизмот не го напуштам. Само тоа не.
Со насмевка се се менува.
Солзите никогаш не биле мој пријател, не сум им се препуштала лесно, а нема ни сега.
Одиме во борби и походи.
А победник мора да сум јас!!!

Чаоска :back:

П.С. на мобилен ми е 00.00 вајда Дедо Мраз ме мисли :pos:
 
Попара! Игледа не сакам да ми биде убаво. Кога сите коцки ќе се наредат,копам во темелите.
Уништив 9годишна врска, затоа што не можев да се надева, повеќе. А надежта би требало последна да умре, ама еве ја умре пред љубовта. Глупава е надежта.
Сакам ...и јас не знам точно што.
Ама знам дека вредам многу повеќе од тоа што ми беше покажано, и дека треба да бидам сакана на вистински начин. Треба да ме заслужи овој пат.
 
Кајганче!
Во моментов можам да кажам дека се чуствувам совршено!Ништо не ми фали, се почна повторно да оди во нагорна линија, се надевам така и ќе продолжи.Бар јас нема да дозволам обратното да се случи, освен Марфи нешто ако заебе работа:).Среќна сум!
Толку.Ај ciao allora:back:
 
Драга,
Сите сакаме соништата да ни станат реалност. Но што се случува кога тоа буквално и ке се случи? Уф, лош филм ми се прави...:icon_conf
Ме потсети на онаа книга "Пази што ќе посакаш, може ќе ти се оствари" :)
 
Драга

Ни студот не е веќе она што беше :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom