Драга,
Са осечам многу евентуално.
Некако така, како да кажу, а да не згрешу, зш шо да реча ќе згреша.
Трипам бе, тоа ми е. Ете, не можам ни да куцам, излегувајќи од кола, ми се фати ногавицата (подвиткана дека, знаеш), на рачката за подигање на седиштето, се сопнав и ќе треснев, среќа што се придржав за колата до мене, а рачката извиткана е, нормално

И кај се сопнав, гледам некој ми иде од другава страна, и срце ми застана, една тетка со тренерки и кондури на платформа поминува покрај мене и ме гледа мрко и почнува да чачка нешто во ташна и пулсот во минус ми отиде, си викам ќе ме среди сега теткава, којзнае од ташна што ќе извади (во секунда ми поминаа сите опции, од рачен минофрлач до џепно ноже), кога она мобилен си вадела, и она од мене изгледа се уплашила, хуху

Дечко страшен си! -И ти си страшен!

Елем, дешавката заврши со свиткана рачка и (веројатно) набиен прст, и тоа средниот од левата рака. А, тој таман ми е за сигнализација у вожња, ама ај, ќе користам жмигавец, да не речам трепкач некое време.
Сега ми се јаде и ќе одам да си направам еден сеМвич со кој ќе ги поздравам сите во темата
http://forum.kajgana.com/showthread.php?54197-%D0%9D%D0%B5-%D0%BC%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8-%D1%82%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0...&p=3838551#post3838551 . Да, фала, и кај вас.
Е така, те иступев малце. За друго ќе почнев, ама за тоа на само ќе зборам со коконата, ти многу алапачиш, не можам тебе да ти кажам.
Ајде, биди така.
Н.