Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
нешо слабо те дружам, откажувам љубов а?
Надвор врне..... Врне..... Врне..... И да не накиснав ке видев по статусите.... А накиснав така да проверена информација - ВРНЕ!
Ај сега озбилно. Нешто последнава недела ми е крш. Како робот се осеќам. Уствари ме боли рака, грб и глава-автоматски не сум робот, нешто осеќам. Што да се пожалам уште хммм... Не учам ко што треба. Пуштам да ми се насобере материјал, па после турбо.... Ајде ке изгурам некако. Кога можат сите можам и јас.
Чао. Пријатно.
 
Kajgano,

сакам дома.

ми се спие!
 
Драга,денес направив добро дело и се гордеам со тоа како и сите околу мене:pipi:,и времево е фино за спиење ил шеткање,штета што мора да учам.Тоа е тоаа(:
 
OMFG...Другар нека ти е честита дипломската, ама брат многу сме се опиле бе.:)

совет: не пишувајте постови во 5 наутро под дејство на алкохол.
 
Драга.
Не ми се вежба.
Не отидов у школо.
Надвор врне.
Слушам музика.
Воедно и капациве уште ми паѓаат.
Слабо спиев.
Деновиве слабо спијам.
Незнам шо ми е.
Ја читав Пеколот вчера.
Ја читав и Баладата, пошо оваа напорна ми стана.
Сеа дремам туја.
Праам муабет на телефон.
И на емесен.
Треба клавир да вежбам.
Ме мрзи да станам.
Ај отидов.
 
Мал Јубилеј.
Едно Ѕвездено Небо. Една легенда.
Metallica-Nothing Else Matters
Некои работи не се повторуваат, остануваат запишани како единствени.
Ѕвезда меѓу ѕвездите.
Let it Shine!
 
Драга Кајги,

Вторник, 5. октомври 2010, тука сум, ама `ко да не сум јас. Денес не престана да врне, ама ако есен е! Дечињата на школо треба да пишуваат состави на тема „есента во мојот крај“. Сакам дожд, сакам врнежливи денови. Кога врне обично ги земам клучевите и се возам, но не и денес. Денес е исклучително чуден ден. Денес се чув со куп луѓе кои му припаѓаат на минатото. Луѓе со кои се немав чуено откако завршивме средно. Им текнало на мене, замисли сум им недостасувала, им недостигала мојата позитивна енергија. Ме нашле на фб, замисли, ме барале... Убаво што ме нашле, не им гарантирам дека ќе ме имаат на нивната листа на „пријатели“. После толку многу работи поминати заедно, некои и не толку убави, некои премногу убави, но ме потсетуваат на една која ми го промени животот. Срцката! До тогаш не знаев што значи да загубиш некој кој ти значи, некој кој го сакаш и го почитуваш, некој со кого се караш и се смируваш без причина, некој кој мислиш дека ќе ти помогне да успееш во животот, но... Тогаш кога никој не очекуваше неа ја снема, засекогаш! Имав 17 и сеуште не ми се верува дека нас ни се случи тоа, дека нас не обви таа тага, тага која ќе биде во нас до крајот на животот. Моменти кои ги поминавме со неа кои никогаш нема да ги заборавиме. Денес врне! Пред неколку години Тоше го имаше последниот концерт, пред 10 години ние си ја имавме неа. Верда, распеана, полна со енергија, ама бидна, никој не може да сфати зашто и како.
Животот продолжува, зависи само за кого како. За некого поминува добро, за некого лошо, а зе некого најлошиот начин, на некого животот му поминува „онака“... Драга, денес ми се врати мај 2001, уф колку е за никаде. Во животот ми се случија толку многу работи, но не можам да ја извадам неа од глава, не можам. Имавме толку многу работи да и кажеме и толку многу глупости да правиме со неа, а наместо тоа, наместо тоа добивме шамар од животот. Премногу рано и премногу болно. Тамам некако се научивме да живееме со тоа се сторија 10 години и на сите ни се вратија сеќавањата како бумеранг. Муабетот цело време е тој, никој не спомнува гласно, а сите „шифрирано“ си ги кажуваме маките, дури и воздишката знаеме што значи. Се смееме, ама не ја спомнуваме болката која сеуште ја носиме во нас. Болка `ко болка, никогаш нема да помине, само се учиме некако да живееме со неа. Ја видов класната, сакав да и киднам, ама ептен ме начека, па мораше да се поздравиме. Единствено таа има сила да ја отвори таа болна тема, а и многу други глупи теми кои на моменти ме излудуваат. Муабетот ни е лудило:
- ЕЕЕЈ, како си?! Што има ново?
- Ооооо професоркееее... еве си ја рецитирам познатата: години ли се години, легнале та натежнале, ууупс не беше така, ама ај како беше само Кочо си знае, ама и него не му било лесно. Ете Кочо многу си ја сакал Раца, ама таква им била судбината... Не сечија судбина е убава...
- Да! Ете нас која несреќа не задеси... тамам во најубавото... тамам кога требаше да ви се радуваме, вие да се радувате, ама живот...
АААААААА не можам повеќе, не можам, кога некој би сакал да земе барем малку од оваа болка, само малкуцка, ама јасно ми е дека секој си има свои маки. Кога бев мала не го разбирав дедо ми кога ќе ми речеше „секоја планина своја тежина“, се чудев што значи тоа. Сега сфаќам! Секој мора сам да си го носи товарот. Драга, не дека само за Срцката си правевме муабет имаше и оговарање, кој, каде, со кого, како, што лелеееееее едвај куртулив. Ми кажаа дека јас сум била единствената која не сум се променила од сите. Се подзамислив, па си се качив на вага и ооопааа истата тежина, разгледав слики и некои снимки, па видов дека сеуште сум озарена и кај што треба и кај што не треба, ееее сум пораснала нкој сантим од тогаш, ама само тоа. Само мачката ми кажа дека забележувала некоја тага во моите очи, погледот ми бил малку замислен, тажен, длабок. Да, во право е, периодов не ми е баш `ко што треба. Сеуште не научив како да се бранам од лошите луѓе, а јас `ко јас дури откако ќе ме зезнат сфаќам дека сум погрешила во проценката, ама ај да не те замарам, батали, нема врска и онака нема да ме сфатиш, `ко и за се` друго... Се надевам дека ќе најдам некој кој ќе ме сфати :smir:

Поздрав Драга, баш ко оваа музика се чувствувам денес :smir:

 
Драга Кајгана!
You know the closer you get to something,the tougher it is to see it though I never take it for granted.
World can be a motherfucker >.<
Поzz.
 
Сакам кога врни иако лошо е за работа ама прошетка по есенски дожд е нешто авантуристичко возбудливо нешто, еј ми помина мислата за таа сексуално што се возбудувала кога врнело дали има некоја кај нас таква? Не е битно :icon_lol:, е тоа ти се вика среќни моменти кога врни а не моиве :icon_lol:. Не најдов ништо што барав и што требаше да најдам ама чувството на моќ е заебано, возбудата на слобода и физичка сила ми се чини со куров ѕид ќе турнам, и најверојатно ќе турнам ама да не пробувам :icon_lol:.
Мислам дека сум до точка каде што ни небото не е граница чим таа пречка ја нема готово што сакам тоа правам.
Добра песна:

 
I'm bored and in the mood for picking a fight.
And i don't like how memories like to visit so often.
And i want tequila, thank you very much.
 
Ама,
За една недела ми се расипа пц-то 2 пати.
У секој момент може да ми замрзне екранот, од тоа напајањето, маме му јебем.
Ццц сите гледат да ти земат пари, а сега ти дали ќе си задоволен не ги е гајле. Само да ти земат пари.
 
Кајганче..
многу сум изнервиран..отварам профилот на ФБ и гледам сите ставиле 34958790 песни од Тоше..и се изнервирав..сите се расфрлале со песни и текстови од Тоше..разбирам каков е денот..но тие кои го почитуваат, слушаат, и сакаат Тоше..секој ден ќе го слушат и ќе објавуват песни..а не само на 5 и 16 Октомври и 25 Јануари..и така...утре правам тест а јас седам на Кајгана..-.-
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom