Драга Кајги,
Вторник, 5. октомври 2010, тука сум, ама `ко да не сум јас. Денес не престана да врне, ама ако есен е! Дечињата на школо треба да пишуваат состави на тема „есента во мојот крај“. Сакам дожд, сакам врнежливи денови. Кога врне обично ги земам клучевите и се возам, но не и денес. Денес е исклучително чуден ден. Денес се чув со куп луѓе кои му припаѓаат на минатото. Луѓе со кои се немав чуено откако завршивме средно. Им текнало на мене, замисли сум им недостасувала, им недостигала мојата позитивна енергија. Ме нашле на фб, замисли, ме барале... Убаво што ме нашле, не им гарантирам дека ќе ме имаат на нивната листа на „пријатели“. После толку многу работи поминати заедно, некои и не толку убави, некои премногу убави, но ме потсетуваат на една која ми го промени животот. Срцката! До тогаш не знаев што значи да загубиш некој кој ти значи, некој кој го сакаш и го почитуваш, некој со кого се караш и се смируваш без причина, некој кој мислиш дека ќе ти помогне да успееш во животот, но... Тогаш кога никој не очекуваше неа ја снема, засекогаш! Имав 17 и сеуште не ми се верува дека нас ни се случи тоа, дека нас не обви таа тага, тага која ќе биде во нас до крајот на животот. Моменти кои ги поминавме со неа кои никогаш нема да ги заборавиме. Денес врне! Пред неколку години Тоше го имаше последниот концерт, пред 10 години ние си ја имавме неа. Верда, распеана, полна со енергија, ама бидна, никој не може да сфати зашто и како.
Животот продолжува, зависи само за кого како. За некого поминува добро, за некого лошо, а зе некого најлошиот начин, на некого животот му поминува „онака“... Драга, денес ми се врати мај 2001, уф колку е за никаде. Во животот ми се случија толку многу работи, но не можам да ја извадам неа од глава, не можам. Имавме толку многу работи да и кажеме и толку многу глупости да правиме со неа, а наместо тоа, наместо тоа добивме шамар од животот. Премногу рано и премногу болно. Тамам некако се научивме да живееме со тоа се сторија 10 години и на сите ни се вратија сеќавањата како бумеранг. Муабетот цело време е тој, никој не спомнува гласно, а сите „шифрирано“ си ги кажуваме маките, дури и воздишката знаеме што значи. Се смееме, ама не ја спомнуваме болката која сеуште ја носиме во нас. Болка `ко болка, никогаш нема да помине, само се учиме некако да живееме со неа. Ја видов класната, сакав да и киднам, ама ептен ме начека, па мораше да се поздравиме. Единствено таа има сила да ја отвори таа болна тема, а и многу други глупи теми кои на моменти ме излудуваат. Муабетот ни е лудило:
- ЕЕЕЈ, како си?! Што има ново?
- Ооооо професоркееее... еве си ја рецитирам познатата: години ли се години, легнале та натежнале, ууупс не беше така, ама ај како беше само Кочо си знае, ама и него не му било лесно. Ете Кочо многу си ја сакал Раца, ама таква им била судбината... Не сечија судбина е убава...
- Да! Ете нас која несреќа не задеси... тамам во најубавото... тамам кога требаше да ви се радуваме, вие да се радувате, ама живот...
АААААААА не можам повеќе, не можам, кога некој би сакал да земе барем малку од оваа болка, само малкуцка, ама јасно ми е дека секој си има свои маки. Кога бев мала не го разбирав дедо ми кога ќе ми речеше „секоја планина своја тежина“, се чудев што значи тоа. Сега сфаќам! Секој мора сам да си го носи товарот. Драга, не дека само за Срцката си правевме муабет имаше и оговарање, кој, каде, со кого, како, што лелеееееее едвај куртулив. Ми кажаа дека јас сум била единствената која не сум се променила од сите. Се подзамислив, па си се качив на вага и ооопааа истата тежина, разгледав слики и некои снимки, па видов дека сеуште сум озарена и кај што треба и кај што не треба, ееее сум пораснала нкој сантим од тогаш, ама само тоа. Само мачката ми кажа дека забележувала некоја тага во моите очи, погледот ми бил малку замислен, тажен, длабок. Да, во право е, периодов не ми е баш `ко што треба. Сеуште не научив како да се бранам од лошите луѓе, а јас `ко јас дури откако ќе ме зезнат сфаќам дека сум погрешила во проценката, ама ај да не те замарам, батали, нема врска и онака нема да ме сфатиш, `ко и за се` друго... Се надевам дека ќе најдам некој кој ќе ме сфати :smir:
Поздрав Драга, баш ко оваа музика се чувствувам денес :smir: