Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
мила...

...имам толку работи што сакам да ги направам денес, ама со учењево тешко дека ке стасам на две.
Сум спиела ко топ, сеа сум спремна за кафе да пијам :pipi:
Немам друштво за тоа...
Некој????

Ма и никој да не дојде, сама ке си пијам така да си знајш.

Ајт :back:
 
Драга ...

мразам кога ќе направам шопска и мајка ми ќе стави магдонос ..... џабе сум правела, кога нема да ја јадам -.-
 
кајганооо, сори што те запоставувам во последно време, али знаеш како е, се решив да учам многу оваа година, плус за викенди не се прибирам дома, и немам кога да ти пишам друг пат :icon_mrgr
Вчера си поминав најубаво на Белата ни ноќ, мада не само ноќта, туку и цел ден не дојдов дома:pos:
Тој ден си имам неколку традиции што си ги оставрувам и после од тоа зависи како ќе ми биде во наредната година. Е ако ми биде како вчера, ондак ќе биде убедливо најубава година во мој живот :icon_mrgr
Од сабајле класика, малку зоолошка, која мора да признаам дека ја направиле прекрасно, само што фалат уште некои животни, па лудории на утакмица, па шетање цела вечер, и после цврсто спиење. Животот е убав кога имаш некој крај тебе :wub:, и многу другарчиња во секој момент :L
Е денес е денот за учење. Мисијата чистење на трета година факс официјално ПОЧНУВА!
Чаос кајги :back:
 
Dear,
толку мн работи имам да ти кажувам леелееее
имам дечко .. помал е од мене ама нема врска ..љубовта нема граници..преубаво ми е со него..
плус беше кај мене во ск..и немам зборови ептен е супер..
Факсов dear тешко богами како што ми лета умов тешко..ооф
ај ке биде да се надеваме
те love
 
Драга Кајги,

Денес имав многу напорен ден, премногу емотивен. Се случија толку многу работи кои ме натераа да размислам за куп работи. Имав навистина ужасен период, па работите почнаа малку да се средуваат и после пак следуваше провалијата. Се случија некои работи кои навистина ме повредија, а најмногу сум виновна јас. Јас имам навистина прекрасен живот. Имам куп луѓе околу мене кои ме сакаат, ме почитуваат и луѓе кои се секогаш до мене кога ми треба помош, без јас да им кажам. Но јас не би била јас, ако сама не си го загорчам животот. Успеав да повредам и некој друг. За да биде уште бетер несвесно не направив ништо, само седев од страна и немо посматрав. Можеби не сум јас толку виновна, ама сепак јас требаше да размислам подобро. Не ми е гајле што направиле друите и дали направиле нешто, важно е што јас не направив ништо, а се` беше толку лесно!
Значи Драга, денес чув нешто што навистина ме погоди, ме врати во еден период од кој едвај излегов. Погрешив, многу погрешив! Многу се каам. Се` што требаше да направиме е кога им се јавуваме на сите да го завртиме и тој број, не е воопшто тешко. Не знам како можев да го направам тој превид. Јас обично мислам на сите ситници, јас обично пазам многу. Дечкиве не знам што си мислат за мене, а искрено и не ми е баш гајле. За се` постојат правила на игра, работите кои не ги правиме дома не ги правиме ни надвор, ама.. Овој пат јас погрешив! Погрешив затоа што воопшто не ми ни текна дека тоа дете постои, а детето е душичка, па затоа ми е уште потешко. Знам дека премногу емотивно реагирам и знам дека треба да престанам да бидам ваква плачка, ама не можам, јас сум таква. Ситниците и мало невнимание ме погодува. Ги сакам ситниците, тие ми се подраги. Наместо да го направам она што требаше, јас го сторив она што мене ми го правеа цело време, она што најмногу ме повредуваше. Знаев дека денес ќе биде тешко, ама не знаев дека од една навидум толку мала работа ќе дотрам далеку со сеќавањата. Се` ми се врати како бумеранг. Јас онаа која внимава на се` испаднав толку крута, толку заникаде. Ова нема никогаш да си го простам, не знам како можев?! Дечките ми помогнаа кога ми беше најтешко, кога бев најдоле, кога буквално се давев. Јас го допрев моето дно, подоле не можев да бидам и тогаш сфатив дека точката која беше на крајот беше навистина излез од тунелот, а не сијалица со ознака дека сум го утнала патот. Криво ми е што не можев да му помогнам на некој друг да излезе од тунелот, туку несакајќи и не знаејќи низ што поминува го пуштив да го види знакот дека се движи во погрешен правец. Се чувстувам дека отиде во погрешна насока баш поради мене.
Секоја планина своја тежина! Секој треба да си ги знае своите обврски, треба да си ги исполнува на време и треба да внимава се` да биде коректно. Мојата функција не е да организирам, туку само да присуствувам, АМА според годините кои ги имам и според годините кои ги имаат требаше да внимавам повеќе, многу повеќе! Се надевам дека во скоро време ќе успеам да ги променам работите. Во моментов знам само една работа која е сугурна, ја сфатив грешката и мора да ја поправам. Жал ми е што мораше она да се случи за да сфатам дека сум погрешила, ама нејсе... бидна!

Драга Кајги, многу ми е криво!

п.с. мора да престанам да бидам ваква плачка! Со ова не се решава ништо

 
Драга :)

Досадано ми е многу фала на прашање :P Само кој ќе помислам дека утре е понеделник и колку напорна недела ми следи...Се што можам да кажам е АуФ -.-' Плус на сево ова кога ќе додадам дека се чуствувам многу збунето просто страв ме фаќа :) Се случија многу работи што ме натераа да размислам на некои работи за кои досега не размислував,и тоа што ти го пишав пред една недела дека некои работи никогаш нема да ги сватам, и понатму цврсто си стојам позади тоа! Тогаш кога ќе помислам дека сум ги сватила нештата ОоОп излегува нешто друго. Понекогаш се прашувам дали проблемот е до мене? Дали јас сум таа што го комлицира работите? Но тоа е што е :) Ти кајги виш ме лак за неделава што следува ;) Баај сега :back:
 
Драгана!
Жива сум!
Не ми се верува! Го преживеав и денов! Излегов од дома. Одев 4-5 километри! И жива сум! -.-
Цела недела без потреба дома дремев -.- Многу бев ко за у лудница. Се враќам у шема Кајгано! Woo-Hoo ! xD
Какоидае.
Од сабајле јадев смоки. Сеа јадам смоки. Пред два саати исто јадев смоки -.-
Цел ден на смоки сум. Ми се спие и сеа ќе си спијам.
Си имав убав ден и убава вечер <3
Редно е и убави соништа да иам.
Утре пак не сум у школо, ама битно ќе се дружам и ќе се смеам и ќе праам шоќемидушасака, само нема дома да седам (:
И то...(со затнат нос)
Сеа че си пуштим , слу6ал4ина, мх мх, кефој!
бтњ, не ставам више фотки на идивиди, ме демотивираат!
Е така да си знаеш!

п.с. Многу ретардирана работа е шо ти се исповедам -.-
 
ДџК

претпоставувам дека сум единствениот од екипата шо е станат во ова време.... ама ми се спие у п.м. башка времево само на тоа тера. Како ќе се издржи до 16.00 незнам.

ФОЛТИН СЕ ЦАРЕВИ!!!

п.с. на некое радио (антена 5 треба да е) одат македонски шлагери... Ако вака започнува неделата, неможам ни да замислам како ќе заврши :)
 
Кајгано, 8 и 35. Ја у принцип денес треба накај 9 да станувам, ама кога искача нова епизода на Dexter ќе станеш и 2 саати порано за да ја симнеш.
Anyway, смрзнувам со времево надвор. Редно е да вадам зимска облека и дебели чорапи. Нескафево до мене шо убаво ме грее, ама ко ќе погледнам низ прозор крвта ми се смрзнува.
И тоа ти викам јас.
Поздрав кајгано со Melanie Fiona и Monday morning - не го слушај цел лирикс, доволен ти е само насловот:)
 
Kajгана

Имам какао,немам шеќер. Имам мензис,немам нерви да го трпам. Имам 3 муви во соба.....нема потреба да кажувам што немам.
Имам еден куп луѓе околу мене,но сепак сум сама. If you know what I mean.
 
муриии... :nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
понекогаш се прашувам дали постои поголем баксуз од мене...
трагикомедија ми е денеска, а денов е само пола поминат... :jaj:
 
Драга...
Сите се радуват коо не ги испитуват само јас се нервирам.
Оти по сите предмети се знаеех, учено детенце а не ме испитаа, мачија едни послаби на табла.
А и да, честитај ми кец по физичко, не знајаах да напраам низок старт :) .Јбг не сум спортист.
 
Драга Шенка,
Се рехабилитирам. Бурма ми светка во тотален мрак:).
Допишување во комбинација со јако нес. И не знам колку вода имам испиено денеска. Денов ми е како 1 - ви јануари. Да се запрашаме зошто.
И да, рекламата без финти и скриени трошоци бе! хахахахаха
 
Драга ...

ако на некој му е под ниво да ми пише, нека ме заборави засекогаш ... ајт
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom