ТСМС!
Драга Кајги,
Пеколниот викенд започнува. Наместо да поспијам јас сум ги ококорила очите да не испуштам нешто у детска. Имам куп обврски кои треба да се завршат, а јас `ко и по обичај кубурам со време. Морам да избегам од тука, од нет, од телефони, морам! Имам чувство дека немам време да си поседам сама, да видам до кај сум. Се` е толку динамично. Не дека некогаш било нешто по различно. Секогаш сум живеела вака, ама порано знаев да киднам од се` и да си посветам малку време. На моменти сум преморена, на моменти иако се случија толку работи сакам да се случат уште повеќе, значи и мене крај не ми се наоѓа. Овие неколку денови беа пеколни, за се`. Требаше да средам куп работи, а ме мрзеше, па се влечев `ко желка. Луѓето повторно беа напорни и за никаде, најчудно ми е што ем им кажувам, ем продлжуваат да бидат никакви. Ќе им помине глумењево лудило, ама тогаш јас ќе им покажам каде им е местото, а тоа нема да биде пријатно!
Драга, ми недостасува овој период пред две години. Што убаво си поминував, си посветував многу повеќе внимание. Треба да купам книги, оти тие што ги купив минатата недела ги средивме набрзинка. Наместо да спијам јас се дружам со луѓе кои не ги знам, ама добра беше дружбата. Јапонците немаат утка. Лесни се за читање и ме одмараат. Читајќи ја книгава ми текна на куп моменти и решив
оваа година пак се враќам на старите патеки. Имам се` што е потребно за да одмарам во сред работна недела. Не ми треба ништо посебно, освен добра музика и колата. Секако за да биде се` уште поубаво, да не речам градот да биде уште попразен ми треба и дожд. Тамам ќе можам да си смислам нови проекти, ќе можам да си се смирам и најважното нема да мислам на напотребни работи. Обожавам кога врне дожд, а јас се развозувам по празните улици и кога ќе ми здосади да си седнам некаде на топло чоколади и да гледам како поминуваат луѓе. Не дека ги приметувам тие луѓе туку за промена, да не зјапам само во вирчињата.
Денес пак некако ќе помине, ама утре... Утре ќе биде смрт напорно. Качување до врв, бррррр. Јас немам кондиција, па затоа го крстија „Патешествија...“ Најавија дека ќе ми пукаат сеир, ама јас ќе им кажам дека нема да идам по тие кривулестите патчиња, оти јас никогаш не скривнувам од патот

Утре нема да биде смешно! Ќе биде заморно, среќа нема да се шлаеме по униформи па сите д не зјапаат `ко да сме од друга планета. Да не се разереме погрешно. Прекрасно е во униформата и чувството, а и вниманието кое ни го посветуваат другите, ама има денови кога ни треба мир.
Драга денес те поздравувам со преубавата When Doves Cry
п.с. Драга почна да врне!!!!!!! Не знам дали е ова добро или лошо! Ме фаќа смеа!