Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Многу си ми смешен, навистина пробуваш да влијаеш врз мене преку мојата слабост, па јас намерно искрено го пишувам тоа да видам кој сака да ме манипулира :icon_lol:, не можеш да ме манипулираш мене о.к. затоа престани да ја трошиш енергијата на нешто залудно направи нешто позитивно со нејзе :icon_lol:, не влијаеш ни свесно ни подсвесно, ни предсевесно ни лево па ни десно од свесно гледам повеќе и од тоа :icon_lol:.

Што куче ќе беше ни лае ни каса овца, ми ја даде Даде да ја чувам пред продавница дури зема фарба, и стојам јас така со синџирот во рака чувствувајќи се малку глупаво затоа што држам фенси куче односно кучка од марка Хаски. И леле гужва на каса па се враќа назад заборавила нешто ао ајде излезе надвор, и предложив да ја спариме ама треба маж да и побараме на кучката мислев :icon_lol:, ама ако е карактерно како мајката не ми треба такво куче......

Нај јак коментар беше за ракчето или вилинското коњче кое што било единствено во светот и затоа ќе се заштитува, и раскажува така и на среде реченица вика другиов: А оти се јади тоа?
Јас: :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

--- надополнето ---

П.С. Го сонував господинот голем мафијаш зборувавме и се смеевме во сонот, на јаве никогаш го немаме правено тоа туку сосема спротивното.....
Сабајлево стигна вест за друг не за него дека кармата го има стигнато, го паметам неговиот поглед на почит спрема мене кога влегував во истата таа продавница ....
Имај добар лов во вечните ловишта.....
 
Драга

Сум сретнал многу луѓе меѓу кои има и паметни,глупави дрогираши,спортисти и тако даље али да си морон и да му речеш на некого да ви дојдиме на торта(заради роденден) а тој што туку спомнал дека му починал близок треба да си во специјална институција а не во 4та год. гимназија. Сеуште се чудам како персонава успеала да се запише средно со коеф. помал од
животно па уште и до 4та година да стигне...
 
И поуката на денот ~ In this cold world...you're on your own...no buddies, ,no love...just fake faces and lies!
:toe: сите само за себе па така и јас..конечно повлеков линија и реков ДОСТА Е! не се чуствувам феноменално затоа што се разочарав од некој кој го гледав како сестра ..ама К знаеш како викаат од грешките се учи...јас се преучив верувај ми! ама исто и ништо не трае вечно..се поминува ќе помине и ова затоа и не се замарам нешто екстра посебно! лежам и гледам цртани затоа што очајно сакам да се вратам во тие денови кога ги гледав Том и Џери и не се замарав со ништо...ајде биди ми поздравена секогаш позитивна и насмеана..и гледај да учиш од туѓите грешки а не ко мене само од свои :):) ..викаат така било по мерачко па јас одма да испробам :toe:
 
Д.
денов си помина.
цел ден ми беше исполнет со одредени активности и затоа сеа рацеве ми пукаат....who cares? ко што би рекол еден....
инаку си свртев неколку кругчиња со новото количе од братучедов :pipi: супер кола

ај заминаф
 
Драга,

настинав, грлото ме боли не можам појќе. Ладна вечерва, замарзнав. За никаде ми беше денов, глата ме скина. Ај можит утре ќе е подобро. Иначе многу ми е досадно, се чувствувам осамена. Другаркине мои ко да не ги интересира какво ми е мене, не ни прашаја а ме гледаат ваква. То е шо ќе прајш.
 
Драга...
Ако имам срека, у недела ке одам на кафе со една твоја форумџика.
Ако не одам на планината, се разбира.
А сакам да идам!

Иначе дено ми беше оукеј.За малце ке испуштеех афтобусо, срека Адријана ми се јави у 6 и 17 па набрзинка навлечех фармерки блуза, земах ташната(срека од вечерта ми беше спремана, не ја спремам насабајле оти сум сонлива и можам да испуштам нешто), добра навика знајш?И чорапи си забравих да си облечам(пошо беех у патики, да се разбереме).Од боса на конверс нозите ми се рани!Ама шта је ту је.Памет за друг пат, и не-чепкање у алармо на телефон на допир.Ајде де, мора ваква лекција.Срека не испуштих автобусо, после ке требаше да мислам од дека да најдам лажно оправдание.

Хемија...засмејаа ме едни деца со Киро Супстанцата :pos: :pos: :pos: и скорна ме таа да ме испитува.Ама се и знајах, и на крајо кажа само повеке да внимавам.Се надевам дека не ме стави на „црната листа“.Оти еднч флезеш ли там, тешко излевање.Ама ајде, ке биде.Средната школа и не е толку тешко како шо јас си замислуваах, знаеш?Уствари шо сам видела јас од средна школа, не учам 10 дена а веке говорам.Прва проценка, мене секогаш ми е најважна.Одма видам кој е клет, на кој ке можам да се извлечам, на кој да учам.

На македонски не сме им омилени тие од последните клупи, демек само слаби ученици седеле там.Ама па и знаеех на сите прашања шо ми ги постави(?малце е клетичка оти јас од Радовиш, па шо прааме там, градо и „загадуваме“).Ама ајде ке биде, да не се жаљам пред време.Супер ми е сеа за сеа, први импресии од клас и професори одлични(со 2-3 исклучока) ама сепак се оукеј.

Deine Love-computers
 
Знаеш...пред некое време уредно си ги редев сите коцкички, секоја си имаше свое место, причина и време. Денес гледам дека нештата се промениле. Знаеш, како кога градиш кула од карти, внимателно и претпазливо, ги одбираш картите, ги виткаш за да не се растурат... е баш така. Стигнуваш до врвот, ги редиш и последните две карти, си честиташ самиот себе на успешноста и трпението. Земаш здив за да уживаш во твоето дело... и одеднаш за една секунда, ја снемува пред твоите очи.Не можеш да сториш ништо да го спречиш падот.Секој обид е безуспешен. На земјата останува купче од карти. Ништо повеќе. Ни трага од маестралното дело. Само обични карти. Ни доказ дека посоело нешто убаво, нешто за тебе волшебно и несекојдневно. Денес мојата кула стои на искривени ветувања и празни зборови. Не сакам да ги допрам картите. Се плашам да не се растурат.
 
марка нема
поштарот ја зема.
Драга Кајгана

Ти пишувам полека,пошо знам дека споро читаш.
Мртов уморен сум.Цел ден се шлепам од Драчево до центар и назад. Едно 5 пути бев само денеска.
Утре нешо слично ме очекуе. Утре сум и на утакмица :icon_mrgr
А ко шо викаат дека ќе врнело нешо многу,ќе биде интересно :)
Друго ме мрзи да мислам да ти пишувам.
Поздрав
Потпис
|-||/\/\_\|/
(цртички без значење)
 
Драга Кајгана

Добар сум како шо бев по математика во 4та. Со 3ка. Ама да знаеш како бев среќен за таа тројка...
Другото ти го пишав и избришав. Само ти знаеш што ти пишав на оваа бела коцка. И така немора другите да знаат...
 
Кајго,

демек отидов да спијам али јок... Disappointed, very disappointed… Фала на разбирањето. Фала ви на сите! Олоши...... Кога малите мозочиња ке го сфатат ова ја више нема да се замарам. Ќе сркате што издробивте. Фак ју!
Ма ајт...
 
Драга,
Мене одамна ме нема. Знам дека не ти недостасувам, ама ај, да те испоштувам барем оваа вечер, да не речеш нешо после.
Сума сумарум, арен ден. Ништо посебно, ама не беше ни лош. Во град беше ком си ком са, се џвакаше. Видев некои луѓе што не сакав, ама тоа е.
И сабајле ќе морам да станам рано. Рано рано, кога ти велам. Еј, драга, имам само 2-3 саата за спиење... Барем да ми се спиеше, да си легнев.
Ај, уморен сум, ќе си легнам, ако заспијам арно, ако не ќе послушам троа музика, па кај и да е ќе ’склопим’ очи.
Самтајмс ај мис хр, самтајмс ај донт. Нао ај донт. Чао.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom