Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Заради едно перење на теписи,тристапеесе проблеми излегоа. Да ги мочам од ќерамиди.
Цел ден си ги тренирам живциве,али замисли ниеднаш не избувнав како што знам.
Иначе,и прозори избришав,па сега чекам да падне еден убав силен дожд,со капки поголеми од мене. Секогаш ми се случува тоа,па зошто овојпат да биде исклучок? :costumed4
Ајт,се пожалив,сега идам да јадам,за да се смирам.
Чао комши.
 
Заштита на авторски права "Мicky style"?

Важи. Ке измислам нов стил.

А б е д е н е с к а с а м о д о м а н е с у м.
Б е в д а б и д а м х у м а н и т а р е ц.
З а к о н.

А ј п о з д р а в с р ц е и т е с а к а м к а к о п у с т и н а н а ш о с а к а п е с о к.
 
Кеј многу сум среќна :vozbud: утре сум со Слаѓана на парти :party3::party3:
 
ау драга дури сега се прибирам, од 13 саатот сум излезен:nesvest:
сабајле станав, јадев и си реков да те разгледам ама тебе те бањале па ај реков да не те вознемирувам.
е сеа дали ќе излегувам допрва не знам, само знам дека нозеве ми се паднати.

ај ча-0:back:
 
Драгаааа
Вракам се од Јунанистан(за тие шо не знаат, Грција на турски е Јунанистан, нем да помислат блиску до пакистан е тоа чудо)
И да ти кажам не ме ареса....
На секое ќошенце има маичка со александар македонски(кај них напишано Alexandar The Great)
И сонцето на Вергина по крпи, сувенири, разгледници.....
Еј....ем сами признават ем не признават дека постое македонија.
Видех и карта од македонија шо е у Грција...и си пишува Македонија.
И имаше и приврезок со сонцето на Вергина, одозгоре пишеше МАКЕДОНИЈА а под него ЕЛАС(само со грчки букви).
А нас не нарекуваат ФИРОМ и ни викат дека тоа не е наш симбол, а и самите го имат напишано името МАКЕДОНИЈА крај тај симбол.Само си додаделе и ЕЛАС.
Настварно не сфакам веке ама буквално ништо.БУКВАЛНО!!!
Ај барем политичарите не менат име, можеа и да го сменат до сеа.
Туку доста те дрвих со политика, и така е забранена на форумов.
Само не знаеех дека да си ги исфрлам фрустрациите, па ти си најдоброто решение.
И, кој ретард сам, праам си муабет со тема.Imaginary friend, буквално!
Ама барем не сум единствена, некоја утеха хаха.
Ајд поздрав...
те сака Love-computers
 
епа кајги, вака ебаго...
Скапав денес. Како да демек не требаше и така да станам рано, уште во пет и нешто ме разбудија звуците на мајка ми (за перверзњаците: лош сон имала жената) се превртував како будала и во 6 ипол конечно станав за Ск. Дремев на автобуска до 8 саат чекајќи секого да се снабди со пари за на факс и кога конечно помислив дека се ке е ок влезе една дебилана во автобус и седна пред мене и цело време се вртеше и кезеше слушајќи ги муабетите на мене и другарките (то треба да се убие).
Е сега да се пофалам :) (probably the best thing that happened today) КОНЕЧНО ГО ЗАПОЗНАВ Dark King :vozbud: да не беше тој да ми помогне со документите ке дремев во Ск до сабајле, така да тенк ју веѓо1 и извини што те измачив :back:
Утре одам на одмор, и за прв пат во животот-воопшто не се радувам, дали дека ми беше тежок денот или дека и досадните братучеди на кои ке треба да изигравам мајка ке идат со мене...ке откријам утре.
Love ya и остани ми со здравје :)
 
Хеј, ај кажи ми зошто заглавив 3 саати на форумов место да учам? Ќе научиш за мене? Претпоставувам не...јбг...
Книгата стои на маса отворена, тато ми рече да ја затворам, да не ја заболи глава од толку учење. Ја затворив, греота е.
Ме изнервира мама...не се инатам и не сум мрзелива. Добро, барем на крај сфати.
Утре треба да се издигам во 5 сабаље, незнам дали воопшто да си легнувам. Што викаш?

Ај идам надвор да ме фати ветров, да се стресам, па да фатам книгата. Позз
 
Не бива веќе вака со мојава ненаспаност, either I get a good night's sleep or somebody's gonna get a hurt real bad!
 
ај дур не си заминала пак, да те поздравам, да те избацам и ајт со здравје :back:



















п.с. денеска е 31 август, што значи утре е...............................роденденот на братучед ми :pipi:
 
Охохоооо комшике јебеш га пак ти заврна :)

Драга Кајги,

Сме станале ѓупско маало… Кој реновира соби, да не речам прави глупости, кој коси трева у 6.30 сабајле, кој пак пере теписи дека им наврнале минатиот пак (сега пак им наврнаа), кој поправа моторче (не знам какво е, ама многу бучи), кој зел дете да чува (кутрото бебе се уби од плачење), кој се кара со сите комшии дека му сметало нешто, кој цела вечер слуша некој тежок транс, значи ова е право Ѓупско маало.
Драга Кајги, ај сега од почеток. Моиве решиле ќе реновираат дома, ако убаво е тоа, ама буџетот кој го предвиделе не ми се допаѓа. Вчера и завчера имаше буџетски кратења, па денес буџетариве се изгор лути.
Замисли Драга во секоја соба има тв, тие решиле нов ќе купувале!!! ОК, а со овие што работат?! Па и не се толку стари! Значи тв отпадна (да ја видеше цената која ја лупнале да ја дадат, свадба ќе направат со тие пари). После Драга, решиле паркет ќе менуваат. ОК! Нашле некој мајстор, ама мајсторот ептен „ефтин“, цел спрат ќе се реновира со тие пари. Значи Драга мене ми се стемни од цената и му се јавив на тоа мајсторчето, прговараше тој, а јас само му кажав цена.Ако сака за оваа цена ок, ако не друг ќе најдам. Кога му спискав да видиш како подвитка опашка, одма намалува цена. Значи паркетарот е договрен за многу пониска цена. Драга, луда куќа бре... решиле ќе менуваат прозори. Ма немој!?! Што им фали на овие?! Дупло стакло имаат, а и дрвото невиден квалитет (тогаш им викав да не лупаат толку пари за прозори, тие неееееее од најскапите, најубави биле). Замисли ма, сакале некави бели да ставаат. Ако сакаат бели нека ги офарбаат овие. Не ми е гајле дали се муртите, нема нови прозори! Абе за никаде сте! Сами кажувате дека прозориве се супер, ама друга боја да биле. Јас донесов одлука и не се ценкаме понатаму, завршен муабет: Нема нови прозори, фарбајте си ги овие! Замисли ма, седеле со некои пријатели и на овие им текнало, пошто се` ќе менуваат да сменеле и дрвенарија, да се подновеле и со тоа. Се чуделе што да се подноват и решиле нови комоди ќе си купеле. Па нели тоа дневна ќе ви биде?! Што ќе ви се комоди? Имате комоди! Нема шанси толку пари за тоа чудо! Кола можам да си купам со тие пари. Може да си купите има готови плус се далеку поефтини. Ќе ги разгледаде проспектите имате 2-3 модели, добри се. Масивно дрво... во таа соба... во ова време... мхххххххм је рајт хах како да не, бидете сигурни дека нема да ги правите. Дрво ЌЕ сте порачале? Ама „ќе“ е идно време. Значи и од тоа ништо не биднува. Јас ви го прешкртав и тоа. На што друго ви се трошат пари? На нова гарнитура ХАХ како да нееееее. Аљоооо људиии нормални сте?!
Ако бре лутете се, ќе ви помине. Пари нема за глупости. Ете ви план ви направив, добар план е! Знам дека до вечер ќе ви помине лутината и ќе се согласите дека сум во право.И јас ве сакам! Махери сте за нереални планови. Пак ви оставив доста пари. Дури и кујна можете да си направите нова, хах знам дека и за тоа ќе ви скастрам буџет, ама сега фантазирајте малку хаха
Драга многу сум и лута на сестра ми. Замисли им рекла да не ми кажуваат оти им отиде планот. Да не го начекав тато со метрото и со дигитрончето ептен ќе се изнервирав.
Драга, не сум стегната, ама не ми се трошат пари на непотребни работи. Нов тв? Ма немој, а со оној од лани што ќе правиме? Епа, ако е така, ај да купиме и еден аион и да си го паркираме у двор и ќе си го летаме од време на време. Немој да мислиш дека не им оставив пари. Им оставив дури и кусур ќе имаат. Им скратив само на непотребните работи. Ќе треба да се кречи, ќе треба да се средува и ходникот, па сакале нов плакар за под скали (уште нови скали да им текне хахаха). Тато ми е многу лут, ми рече дека сум му го скршила расположението, ама ќе му помине, знам! Ете лустер му реков каков сака да си купи и тие пак од најскапите, па драга... до кога да се караме?!

п.с. тато се сложи со планов, размислил и навистина бил добар, само ако можело да се додат некакви завесички хах овде трреба внимателно може да ме зезнат со цената :pos: Еј, колку сакам кога сум во право.

п.п.с. Драга не ме мисли парите од вчера си ги зедов. Треба да научам поспоро да ги завршувам работите. Сеедно беше дали ќе ги земам денес или у петок мои си се, ама бидна. Драга се преморив од математикиве, ај идам да испијам ладно чајче на креветче у детска :smir:

 
Драгичкаааааааа погоди кој се врати?!?! :) :)
најнајубаво си поминав, се изнашетав се изнамањачив тоа итаљаните сее цуцки :wub: а па тие од Чилее аааааааууу :wub: кој од кој поубав, позгоден! :pipi:
Се вративме во Скопјенцево како победници со огромен пехар :pipi::je: најдобри сме нема што.
Утре во школо,едвај чекам да ги видам сите и такаа........ајде идам да те читнам па да се спремам уште од сега за утре :P
:salut:
 
Драга ма,
Утре децата тргнувале во школо, голема работа (за кого како, всушност)... А, до пред некоја недела сите збореа како им било досадно.
Е, и мене ми светна филмот. Леле ма, само уште две недели. Аее, летото ис овер, што ќе му чиниш, тики ај, мака не мака, ќе почне дружбата со колеги (со колешке, ма). И 9 месеци на боледување.
Не е битно, не сакам да му ја мислам уште сега.
Еј, да, а знаеш што. Вечер сум на роденден, јееј. И утре пак, јееј. :party3:
Па после викенд. Јеееееј! :cug:
 
ДраКа..

Повторно бев за Србија, си поминав незаборавни 5 дена. И знаеш кого сум видел у Белград?? - Бившата, која случајност само, замисли, седнавме у еден кафиќ и се разборевмо за све шо смо прошли минатите године :) какви се нешта не сме и правеле на учителката у забивиште :), леле сеа кога ке се сетам само..немоем да прикинем да се смеем.
Од утре почнува одлежувањето на 8 и пол месечната затворска казна..шо убоо си шетав, уживкав и за ништо не ми беше гајле, ама сеа..
А капак на се, на нетов му треба еден саат да ми отвори една страница, што ме живцира ненормално!
Но сепак има и убава страна на муабетов, сабајле у 9 на врата ми се појави цурата..која ме изненади потприлично.
Сеа си седам се неа и пијуцкаме кафица и си слушаме музиче.
Шо раат ми е шо нема некој да на глава да ми вика да смалам музика, зашто мојте се на пат!
И то ти викам..времем какво е де облачно де сонце ќе огрее, а јас треба да одам да се шишам, ај ваљда нема да заврне.
Ча0..:back:
 
Драга

изглеа ХИЧ добил зеленки на претходниот мега пост во кајгана, па пишал нов.
Плејмејкер.
да се мачеше толку да куца у другите теми ќе беше одлично.
мња
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom