Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга К,


nice to see (read:read) you again :pipi:
 
Кики!!!

Ете еден стих од една песна:pipi:

Одамна не сум посакала
Да ти кренам слушалка
Да ти кажам збор ил два
И една вистина
Уште си ми најмил
Во мене тајно скриена
За мене знам несуден
Но сепак моја судбина.
:toe::toe::toe:
Си знам јас најдобро:wink:

Друго да ти кажам.
Денес е многу здодевно.
Мора да факам книга инаку нема друго чаре.:jaj:

Толку за денес:back:
:salut:
 
Драга Кајгана,

Сега е затишје пред бура. Имам билијарда обврски. Не знам како ќе стасам. Не знам дали ќе стасам.

Мојата ентропија е во тотално движење. И имам чувство дека ќе успеам сè да завршам. Едноставно, чувството е пресилно. Нема откажување овој пат.

Најинтересното е што она што јас го сметам за огромен подвиг, секој друг го смета за нешто најнормално. Ништо спектакуларно нема да се случи, во очите на другите. Не знам ни кој ќе знае воопшто. А оние што ќе знаат, ќе сметаат дека нешто најнормално се случило.

Е па одам да бидам нормален. Ќе треба многу труд, ама ќе успеам. Знам дека ќе успеам.


Поздрав.
 
Драга

Знам вчера ти пишав, но за жал поради недостиг на време не успеав се да ти кажам...
Сончев ден денес драга, иако прилично досаден.
Но и досадноста некогаш умее да биде продуктивна. Барем тогаш имам време инспирацијата да ја преточам во зборови и да ти ја пренесам тебе.
Последниов период навидум беше обичен, мирен без големи разбранувања, но под мирната површина сеуште се кријат некои нешта кои не сакаат да излезат или јас умешно ги сокривам. Би можела да ти ги пренесам и во прозни искри, во вид на некоја срцепарателна поезија или пак во некој текст кој и сама не би го разбрала, а останатите најверојатно би го протолкувале на 7456392 начини. Би била иста како животново мое дома, кое секогаш милно ме гледа дур му зборувам и најверојатно ме слушна, но за жал никогаш не ме разбира... Единствената заедничка, светла нишка која ве поврзува вас двајца е верното молчење и тогаш кога ни двајцата не умеете да ме разберете. Барем мојата цел се исполнува, а таа е да ме сослуша некој. Скромно.. Толку многу работи имам да ти кажам, колку што најверојатно има уши да ги слушнат.

Кога би била присутна постојано и кога би погледнала од мојот балкон би знаела дека секое утро, во точно определено време поминува човек кој бутка количка, чие шкрипење ја иритира пола населба. Денес не го чув шкрипењето, а да знаеш и мене колку ме иритираше... Ми недостигаше признавам и свесна сум за тоа. Навика.... Штета што повеќето не се, па затоа и чудно им е. Претпоставувам дека количката му откажала која секојдневно ја форсираше. А можеби и нешто друго се случило, којзнае :toe:
Најверојатно никогаш и нема да дознаам. Само знам дека ова е уште еден пример во низата други кога станува збор за форсирањето. Луѓето знаеш и сама најчесто форсираат нешто или некого. Возачот и понатаму упорно ја форсира својата кола иако знае дека големи се шансите да го остави на пола пат. Патем си размислува дека денес после работното време конечно ќе ја однесе на мајстор, истото што и вчера го размислуваше, тешејќи се и надевајќи се дека уште малку ќе издржи за да нема потоа потреба со автобус да оди. Девојката два ката под мене беше форсирана од својот дечко, конечно да се согласи и да верува во неговото настојување дека овој пат нема да ја зезне работата. Мајката од приземје се слуша како својот син го форсира да ја напише својата домашна, за подоцна да биде горда на поголемата оценка и фалењето по кафиња. Добрите вести брзо се шират :icon_lol: А јас се форсирам себе си несвесно без причина, барем навистина така беше до пред некој ден или можеби јас само мислев така....
Кога сме веќе кај опишувањето на претходните денови, вчера врнеше, знаеш и сама. Разораните улици полни со дупки се претворија во мали езерца кои ги прескокнуваа случајните минувачи. Колку иронично нели? Истите тие кои беа причина за нивното создавање сега безгрижно ги прескокнуваат и не ни обрнуваат внимание, туку само пцујат ако по грешка стапнат.
За разлика од нив јас секогаш обожавав да се шлапам и да се вратам дома целата валкана со кал. Притоа да го слушам строгиот глас на мајка ми како ме прекорува за тоа.

П.с Не ме сфати нели ? :)
Ти кажав и погоре, целта не ми беше да ме разбереш, ми беше да ме сослушаш. Заклучокот до кој најверојатно и ти самата дојде е дека дупките постојат за да се пополнат :helou:
 
Кајганче,

Ќе се умре со географијава. Многу бројкииииии, и државиии и све ми е некако исто и ми се меша :( Само и не знам зошто се трудам олку, секако лесно е да се препише. Ќе прочитам уште еднаш после, и толку. Не можам .. :nerv:

Инаку, вчера :pipi: Ми ѕвони телефонот и се јавувам и ... другарка ми се сетила на мене :pipi: Ја слушав Уторак во живо. Мала утеха. Сепак уште ми е криво што и вечер ќе го пропуштам концертот, ама како и да е..

Чао драга, те сакам. :back:

П.С. <3 Oasis :pipi:
 
Мацо на Велигден е нашата годишнина и ако не ти честитам несакам да ми се налутиш имај малку разбирање Велигден е плус ќе сум авеј ..ат така пиzZ
 
Ким !
Уште тебе не ти се пофалив (:
Ја завршив проектната за матурска! Не сум здрава што одвај чекам да ја одбранам, нели ?
Ќе матурирам на хип хоп историја и култура во Америка (:
Howz dat sound?
Мислам дека и останатиот дел од матурава е среден (: ммм..да, ya kno wha I mean.
..
Ah... days go by..
Ама кога да најдам време и за останатото?
Нека не ме осудува..
"Твојот љубовен живот ќе се испреплете со многу други твои обврски. Но, ти ќе знаеш да одлучиш што е за тебе побитно. Ова е одличен период за откривање на твојата врска, затоа најди време за да можете заедно да решите кои се вашите следни чекори. Ако треба телефонирај му, повлечи го првиот потег, инсистирај.."

c? (:
Како да се почне муабетот?
Easy. Nun ain't.
Најповолен ден: Недела.
(: Bruce Wayne iz da answer.
..
Се изненадувам од некои работи. Пријатно. (:
Got 99 problems, but a bitch ain't 1.
..I'm fresh, I'm fly, I'm so damn high..
..
(: daz ..it. (:
 
Денеска пак бев коњ половина ден, само ми вика Утааа диии и јас одма послушувам, вратот ми е проширен за цел еден сантиметар затоа што ме јава бебе од 15 кила половина ден...
Морничаво на скали ова време ниту наркомани нема таму и тие се плашат од нешто толку доцна да се муваат :icon_lol:, тивко ништо нема а се слуша бучава од коли долу по булевар.
Конечно најдов тоа што мислев и го гледав Амди Бајрам на телевизија по некоја случајност човекот е прост неук ама мора да му се оддаде признание како гледа на бизнисот и движењето на парите, си кажа како продавал сладолед на улица ова она буквално од ништо, а оваа водителката му зборува дека така лесно размислувал затоа што имало кој да го поддржи :nesvest::nesvest::nesvest:.
Добро е сега ќе одмарам малку.
 
драга
знаеш денов колку беше курвински ама во буквална смисла на зборот :nesum: беше смешен, глупав и исполнет со неочекувани и може да се каже пријатни работи :pipi:
си имам нова фриЅура. кажи колку сум личен. утре правам тест и ми даваат тест :nesvest: вака беше и минатиот петок маме му ебУ....ако ти текнува.
ај чао сега уште малку да поучам и заминав да гледам филм :back:
 
Драга
ми испадна грда бубулица
кај шо и стои на мерлин монро бенката - е од другата страна - таму
ти ибам тоа.....
дали тоа се навикнав на roller coaster-от ?
 
Kика!

Ке ти пишам нешто сега.Без забелешки те молам:nesum:Знам дека е ова втор пат денес.

Значи вака.

Ова веке ми врши притисок.Неможам да кутам повеке а морам.
Во мене имам длабока тага која ја кријам одамна за да не забележи никој.
Добра глумица сум станала.Треба да ми доделат и оскар:pipi:
Кажи ми мила зошто лугето не го ценат она што го имат?
Зошто мора да бидат толку бедни и дволични?
Зар тоа ги прави задоволни?
Ако е така не е можно тоа.
Кај отиде бре светот ееееееееееееееј.
Заробени во злото околу нив а се трудиш да докажеш дека не е се розово како што мислат?
Кај се пријателите?
Кај се родителите да ти помогнат?
Сите само пари пари пари:nesum:
Несакам пари сакам срека и задоволни персони околу мене па макар би умрела од глад.
Не личи ова повеке на ништо.

Ајт чао.
:back:
 
Да ти ебем другарите шо ги иам :nerv:

Таман решив да не пијам алкохол некое време,овие за у кафана ме викаат утре,и као да одбијам таква понуда бе ? :cug:

Ај доро,од другиот месец не пијам више,а ни мање :icon_lol:
 
Дарлинг, се враќаат работите во колосек. А тоа многу ми се допаѓа. Дури и француски пак не учам, што значи дека буквално сè си тргнало по старата насока.
Денес ми беше доста исполнет ден. Три откачени предмети, и два пред тоа = 5. Остануваат уште 4 од кои еден ќе решам утре а другиот го чекам со резултатите. Сè на сè, два предмети до тотална релаксација.:vozbud:
Напредувам и на професионален план. И тоа премногу. А под професионален не подразбирам школо.
Пак се чувствувам горд со себе.
Само уште наспан да се чувствував и за утре воопшто немаше да ми биде гајле. Вака ми е страв само да не заспијам сред писмена.
:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom