Драга Кајгана,
пак јас.
Имам инспирација, јебеш.
Замисли хипотетичка ситуација:
Имаш 2 прекрасни дена, кај што не си на ништо а му се радуваш на сонцето што грее. Напомена: не си на ништо. А се те смее. И ти е убаво. Преубаво се чувствуваш. И доаѓа викенд, имаш таков ентузијазам за незаборавен провод со фаците кои те смеат секој ден у 7:30 сабајле, па облекуваш фустан и после долго време штикли (не 10ка, 8ца, 10 е више многу), се спремаш и излегуваш. Прво, поради недоразбирање го шеташ пола град, и уште 5 останати луѓе кои те слушаат мислејќи дека си у право (тука доаѓаат и лидерските способности до израз), се смееш ко да имаш дувано затоа што се ти е ТОЛКУ ПРЕУБАВО околу тебе, и завршуваш во биртија, се праиш гомно, кажуваш на луѓето што не ги поднесуваш дека ги сакаш највеќе на свет, играш на хардкор турбофолк и одеднаш, тоа не е Opeth, но сфаќаш дека потсвесно ги знаеш сите можни текстови (Фројд моментот), еволуираш спомени од детството и праиш планови за блиската иднина за тоа како да се појавиш надуван у школо кај најстрогата професорка (и да одговараш за петка, наравно), кажуваш некои истрипани филозофии, фоткање со најблиските (следното сабајле кога гледаш тагови на ФејсБук и си ги разгледуваш сликите у мобилен сфаќаш дека имаш дупки во сеќавање од типот на "еј, кога било ова?!") и доаѓаш до заклучок дека виното што ти е во крвта е погрдо и од дволитарката во Хедис за неверојатни 125 денари! Ама сепак, пиеш, сите околу тебе се среќни, не се бедираш и ти е топ.
И одеднаш твојот ентузијазам прераснува во желба да се појавиш на ултра-фенси-шменси место ко Колосеум, па у глава си праиш муабети, од типот на:
"Виното зборува наместо тебе. Оди во Колосеум!"
"Немој, биди хаце. НЕМОЈ! Пеер, што ти е, кај си на штикли па и во Колосеум?!"
"Абе иди..."
па почнуваш да си пееш:
"temptation, why won't you leave me alone,
lurking every corner, everywhere I go..."
али пошто Dream Theater не е во склоп со она што го имаш праено во изминатите 3 саати, се препушташ на темптејшн-от (неможам да најдам соодветен македонски збор, или не ми текнува) и тргнуваш со останатите.
И кога - Киндер Српрајс! Бараат лична, а ти имаш 16, и никаква идентификација во тебе. Го потспушташ деколтето, и го поткреваш фустанот, и со крената глава влегуваш. Или барем се обидуваш да влезеш. Али не те пуштаат, поради две подеднакво можни ситуации:
1. немаш лична
2. се обидуваш да влезеш заедно со тип кој исто така нема лична и е само 2 месеци и 2 дена постар од тебе, а обезбедувањето сака да го тепа, пошто неколку викенди пред презент дејството се има појавено со идентификација за размена на студенти, претставувајќи се како "студент по германски јазик во Виена, Германија", пијан и надуван
И гледаш, очајно гледаш правејќи го тажниот поглед како мачето од Шрек како копиљаци од по 15 години влегуваат, 70% од оние што влегуваат се со лажна идентификација, а ти седиш, надвор...
Бедно, isn't it? Дома те гледаат бледо зошто се враќаш во 12:30, кога и во петто одделение се прибираше покасно.
Али ако. Интересно помината вечер.