Драга Кајгана... го имам чувството... она чувство кога се чувствува во воздухот, во стомакот, дека се ближи време за промена. Промена на работната средина. Сегашното работно место ме измени како личност, ми даде нови перспективи во животот, меѓутоа се повеќе се чуствувам дека ме гуши, не е истото работно место кога почнав работам во институцијата. Различни задолженија, дел сакани, дел несакани. Различни колеги, дел од саканите заминаа во друга институција. Намалена плата. Неко меџу нама није наш....
Сега за сега немам некоја конкретна насока каде понатаму, иако имам една идеја, ама ќе морам првин да се консултирам со мојот психолог.
Како и да е, имав фин викенд. Спремив еден лап-топ на една колешка. Се навлеков на играта Mafia од 2002 година (класик, една од игрите кои секој гејмер мора да ги помине, порано или подоцна). И најфиното ми се случи денес попладне. Бев на изложба на Петр Стојановски во музеј на град Скопје насловена Фото, футбал, магија, со поддршка од ФФМ. Прекрасни футбалски фотографии од репрезентацијата и од првата лига. Фина дружба со фото-репортерите од Скопје, конечно се запознав со Ивана од Макфакс во живо.