Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Мила...

...не знам што ке биде со мене. Се мислам да ми помине свадбава и веке не чекам.
Ме нервираат ноктиве ми пораснале, време им е за грицкање, али си викам дај Елено издржи уше еден ден.
Мама само ми досаѓа за тортата, тато земал нешо да сработи дома и сите околу него треба да бидеме.
Брат ми стандарт ме нервира и на глава ми стои као демек сум седела многу на ком, а сирота јас дома се неам свртено цело лето.
Јебеш га неправди драга.
Еј и братучетка ми дое :vozbud:.
Тоа значи дека ја се селам кај тета.
И после пак брат ми нека вика поише сум седела на ком од него :nervous:
А, ако не станам сега да запалам едно цигарче ке скренам.
Ајт отидов вамте тамте :back:
 
ДраКа


Ми се спие,тапа се осеќам. Сакам да глеам фудбалот,а треба за саат време да искачам.
Нигде не ми се иде али ај...
У школо по само 3 дена ми отекоа јајцата...
Излишно е нешто друго плус да кажам.
4@0
 
Драга ....

ме боли забот у пи*ку матер ... ај од понеделник ќе идам да го праам, да не умрам заради него!
 
Д.
^ штотуку ми текна дека треба на забно да одам :nesvest: на контрола. а знаеш дека или немам време или ова или она....абе ајде
туку ти како си?
за на школо, џабе одиме, џабе се малтретираме.
4 часа имав, од кои првите два ги ’’одржавме’’ а вторите бевме на кафе, да не речам си заминавме.
инаку знаеш дека што повеќе врви време, се повеќе одредени луѓе замразувам? што ќе беше ова со мене......

ај ча-0 :back:
 
Драга
првпат сум тука исполнета со толку тага и празнотија...изминатиов месец не бев свесна, но дојдов тука и се свестив. Уште се прашувам и ќе се прашувам зошто така се случи,можеше се да биде поинаку, подобро. Ми недостига многу...кога ќе влезам и ќе ја осетам самотијата сваќам дека го нема, тогаш ми идат милион слики пред очиве, но се е залудно.
Ова место е свето за мене, најубавите спомени од безгрижните детски години ми се тука, доволно ми е да го почувствувам мирисот на шумата и реката за да се вратам 10 години назад...а сега, се е толку пусто. Незнам кога пак ќе го пречекорам онај праг и ќе бидам весела како што сум била. И не верувам дека некогаш ќе го имам онај ентузијазам кој сум го имала минативе 10 години. Се е минливо, сега ми останаа спомените...

Лошо е чувството кога си беспомошен, кога не можеш да промениш некои работи...треба да научам да го прифатам тоа.

Со лесно нека е...
 
Драга,
се вратив сега од парк..супер си поминав..ги видов луѓето што ги немав видено цело лето и убаво ми дојде на душичето..утре веќе да фатам асално книга и да заборавам на се дргуо,најпаметно ќе биде. Вака ништо не правиме само ќе тонам! тоа е
ајде поздрав
:salut:
 
Кајгано, треба да идам под нож wish me luck :back:
 
Драга,

па во живото неам седено на полош кревет. Ела да пробаш. Газо питулица ми се напрај, баси му корено ...


†GODLIKE†
 
Dear,
е ајде де па не беше лошо, помал е од мене па шо? само да не се у филма бззз..
не е битно со сакам тоа праам!
 
Кајги, одамна ти неам пишано, редно време е да ти се одолжам.
Времево е прекрасно, за спиење, мераци, заврна, се осети како еден свеж студен брат дојде.
Ми доаѓа да изгаснам компјутер, телевизор, музика и да се изолирам од се и само да го слушам дождот, но неможам, колку и да се обидувам не сум толку јак.
Парко беше прекрасен вечерва, полн со млади, го обожавам кога е таков, те развеселува!
Незнам како ќе заспијам вечерва, ми се вртат мислите само околу едно нешто и неможам да размислувам за друго. Можеби времето навистина лекува се, ќе видиме, иако сум скептик...
Бај! <3
 
Чао антена...
Чао антена...
Чаааааоооо нанана да не јадам ќотек. Туруруру...нанана..
Чао антена...
 
Убаво ми е. :pipi: Укупно. Вечерва беше преубава. И чудна. Многу неочекувани работи се испозадесија. Ама во позитивна смисла. Се уште не ми се верува. Го обожавам дождов. Апсофакинглутли е најпрекрасен!

А сепак... и покрај се... не знам да уживам. Не знам. Не знам и тоа ти е. И кога ми е убаво јас се уште сум во грч, стегната до максимум, со милион филмови во глава. Што може да ти направи таа проклета несигурност. :tapp:

Али заеби ти тоа. Убаво ми е. Иако во изминативе милион саати, јас сум само пола саат спиена.
 
September In The Rain...

Драга Кајги,

Не знам како да почнам. Ај, од најлесниот дел, од самите почетоци. Синоќа сум заспала по грешка со топов у скут. Ти реков дека ќе те читам, јас трупче. Се разбудив денес у 8.30 точно после 12 саати. Преморена бев, многу претерав со смеење вчера. Плановите за на Матка ни пропаднаа, врне. Ееееех сега не знам дали сум среќна или тажна. Јас го обожавам дождов. Ја пуштив листата и сега нека свири (свири на Македонски, а не на бугарски). Многу убаво се наспав скоро 12 саати, ама одамна немав спиено `ко што треба (во нормални услови и денови доста ми се 6 саати значи сум се преспала). Возбдата беше преголема, адреналинот само растеше. Сите работи кои се случуваа беа посебни, беа нови, беа совршен спој на целиот перидот и сите случки. Работава се движи во нагорна линија. Значи порано си викав, ај нека тргне од мртва точка, ама сега си викам: точкава ептен темпераментна ма... :pos:
Бидејќи не сум научена на толку спиење, не знам сега што со себе. Јас и во обични денови сум хиперактивна, тек денес. Нема да идам никаде. Денес ќе уживам во дождов.
Драга Кајги денес ќе се дружиме само јас и ти. Денес е наш ден, или што би рекол Тошка ова е Ден за нас! :smir:
Пуздрафф Драга...

 
Шизофренична.
Време е за боди.
Дупло ќебе и сексуални односи.

Требаше да одам во Шутка сабајлево, а ја еве, клокотам тука. Се раскивав и ужасно ми е удобно во глупавоста на неслучувањата.
Он е свој.
И сите овци му се на број.
Мене, ни овци ни броеви не знам дали ме интересираат, дали ги имам.
О, зошто сум girlfriend material?
:D

Шмркам и цвилам ко мачка.
Многу лошо е тоа, значи дека сум загреана.
Вчера изедов куп грозни работи за кои гревот го сместив на врв на главата.
Седмица, кока кола, крофни.
Ха, еден е овој живот. Се додека ме збираат фармерките.

По традиција, Медс.
Онака, Ана.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom