Драга еве ме мене повторно
во последно време сигурно сум премногу осамена што ти пишувам почесто овде тебе
сношти се препив, се избудалив, и си дојдов дома . лежев на креветот и дишев брзо за да ми помине нервозата која што ја имав.
размислував на една глупа тема
и денес размислувам. Знаеш, драга, за луѓето околу мене. За оние прекрасните и оние скочените.
Да бидеш кул? – не знам, не знам како е да си кул
Си претпоставувам затоа што не сум добила таква етикета при самото раѓање. Тоа е нешто што се носи отсекогаш.
Не знам како е да му свртиш грб на некој, не знам како е да ги искористиш сите резерви на добрина и трпение што може да ги поседува човека и да се свртиш на друга страна.
Не знам како е да потпаднеш под туѓо влијание само за да останеш кул.
Не знам како е да се насмевнеш во најтешките моменти само за да останеш кул.
Друга кројка ми следува мене.
Си ги валкам рацете секој ден со различни срања и се трескам од земја поради прекинатите пријателства, поради прекинатите врски, поради донесените грешни одлуки. Си претпоставувам затоа што не сум КУЛ, ама сум своја.
Денес ме боли, и утре ме боли, и наредниот ден , и тој после него, ме боли подолго време, ми кочи, боледувам подолго се дури не ја искоренам болката од себеси, ама сум своја. Ама сум луда!
Сакам, мразам, обожавам, ветувам, си останувам доследна на ветеното, си останувам доследна на принципите кои по правило се згазнувале за да бидеш кул.
Не знам како е да прекинеш долгогодишно пријателство заради нечиј ќеиф, ама знам како е да се бориш за да го задржиш тоа пријателство
Не знам како е да му ја плесниш една на некого “преку светила” или да го свртиш и другиот образ кога ќе ти ја залепат една, само за да бидеш кул. Ама знам да бакнам наместо да удрам.
И сето тоа ме прави нешто посебно. И не жалам, за ништо не жалам.
Само , жалам затоа што на овој свет таквите душички завршуваат лошо.
отидов драга, ме чека поручек Кајгана и салата со домати
