Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
драга,
со времево не се договоривме вака ама ај.
работите полека се средуваат и фино е така.
ај сега идам под клима малку да се изладам не се живее вака.
поздрав :smir:
 
драга
еве конечно најдов малку време да седнам на компјутеров. до сега цело попладне кумовите беа тука, знаеш ти кажував дојдоа пред речиси една недела, па еве сега малку со нив се занимавам.
надвор кога ме мана една жештина, кога ме удри сонцето по глава :nesvest: сега се чувствувам како омалаксан. малку ми се врти во главава, кај од жештината, кај од што не сум спиен....... ех маки пак не сум спиен. легнав во 4, а станав во 8 :tapp: па имав кошмари, што да правам.
инаку немаш појма како ми се оди до охрид да се фрлам во езероно, па може така повеќе нема да ме се врти во главава.
ај доста ломотење ча-0.............................
 
Моментално има 384 корисници онлајн. 73 членови и 311 гости :vozbud: у превод жив чоек нема

кај отидоа сите :(
 
Драга Кајги,

Утре ќе биде ужас! Имаме вежба, избегни ја заборавената нагазна мина од 2001 :vozbud: хах ќе биде лудница. Треба да покажеме што сме извежбале, АМА ние не вежбавме НИШТО, немавме време. Чаленцето мислело дека вежбата била за нареден викенд :pos2: машкиве има да плачат ко мали деца :vozbud: Патем ние сме малцинство, па гајле ни е што ќе биде. Ќе се срамиме само тоа е сигурно! Барав нешто на нет, не најдов ништо. Ми кажаа дека од мене имале големи очекувања за викендов хах да како да не, жими мајка имале. Јас немам поим што се случува, ја ни сам одавде :pos: Драга, ужасни ќе бидеме. За да биде хаосов поголем ќе не снимале со камери и ќе не сликале, значи да сме си носеле унифирми хах колку секси ќе бидам облечена (униформата ми е 4 конфекциски броеви поголема, значи има шанси и да не ми познаат хах) Знам дека ќе бидеме лоши, па и не се замарам многу. За викендов најавија пороен дожд и ме потапкаа по рамо пантолоните не пропуштале хах а маичките и патиките? Ц ц ц ќе бидеме за никаде! Ај барем некоја презентација да спремам да не бидеме ептен за никаде, иако има да ни се смеат долго време...

Ајт Драга биди ми поздравена!

п.с. нема да ме има многу овие два дена да знаеш дека веќе ми недостасуваш :pos2:

 
draга
досаден ден. едвај чекам да сум сам и да си посветам време на себеси :pipi: ама моиве немаат абер за спиење и башка имаа некои пријатели, кои со стап да ги бркаш не си одат :nesvest:
по се изгледа дека ќе треба да стојам до 6 сабајлево...........
 
К.

Доживеав, после милион години, да се ежам на концерт.
Масив беа масивно сјајни.
Добив и работа.
Епа речи после дека неам среќа.
Нема ни да зуцнам.
Од прва плата, точак и тетоважа, за инат на цело беснило.

Воглавно, си праам Бајрам на умот, ете.

Али, вредеше секоја минута вечерва.
Жива, здрава, среќна.
Кој го ебе мушкиот род патем.
Стенд бај сама со себе.
Медс, време е за нов видик без пениси.
Чао.
 
Драга Кајги,

Ме известија дека денес ќе заглавам до 4 таму, лелеее бар нешто да ни дадат за јадење, иако не сме заслужиле. Многу ќе биде тапа, ма како многу ПРЕМНОГУ!!! Долго време ќе бидеме заедно на едно место, а некои не се ни 5 минути да им посветиш. Лудница ќе бидем, ама јбг кога си се нафатив, ќе си го играм пајдушково до крај. Навистина ќе бидеме циркус. Не сме ни свесни колку ќе ни се смеат :kesa:

Ајт поздрав

п.с. Чаки ама си ја утнал овој пат уууууух

 
Пустинско сонце прашина во очите вкус на туѓа крв во устата.........
Леле леле леле, и леле леле леле ме заболе куров :icon_lol:. И сменив нова тура од чај на комбухата, оваа направената дека жешкичко е времево киселка устата да ти побели мх мх мх мх. Се надевам дека прогнозата ќе погреши и нема за Цеца дожд да има, не смее :icon_lol:. Се чувствувам посебно расположен затоа што имам лепенка од оние за реума на долниот дел од грбот :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:, се заебавам не би требало да ја пишам вистинската причина.
Ајде малку мир и тишина.....
Забележа онаа некни дека ја избегнувам камерата, не сум фотогеничен што да правам :icon_lol:.
А онај па другиот кога застанав до него почна да ги превртува очите којзнае што си помисли готово :icon_lol:....
А уствари се заебавам едноставно давам скриени знаци да видам кој како ќе реагира, реално вистински да мора да се прави тоа никогаш нема да забележат многу сум добар накај одличен :icon_lol:, подобро од одличен :icon_lol:.
И така за ручек кајгана има со сирење, и ќе ја зачинам со кулен и Томи мајонез.....
 
Како се осеќам...исполнето!
Се ми е таман.
Не превише, не премалце.
Вчера си поминав прекрасно!
Ми се осеќаа пеперутки у стомак и нозете ми клецаа.
Не јадам.
Топло ми е.
Лицево ме боли од сонцено.
Идам да се бањам и сунчам у понеделник.
Ќе се вратам одма не се секирај, идам да ме фати сонце и кожава солена да ми стане малце.
Сакам да пишам порака али незнам шо да пишам.
Ај ќе размишљам xD
Едвај чекам да дое средина септември/почеток октомври.
Профи ќе сум.
Ај.
Поздрав.
Чао.
 
ајде бе драга уште колку има за на одмор???
стварно не можам да издржам како мало дете сум :pipi:
вчера вечер или денеска сабајле требаше да дојдат братучедите од швајцарија, знаеш ти кажував, ама не знам што-не знам како летот го одложиле за другиот петок. то е то
инаку надвор се истури. башка грми и светка :nesvest:
ај ча0
 
Драга Кајги,

Знам дека кукав дека сме биле неспремни, ама... ЛЕЛЕ МА НАЈДОБРИ СМЕ БИЛЕ! Мразам кога ваќа ќе промашам со процена :pos: Замисли ич не бевме спремни, а средивме се во најкус можен рок. Оние кои организираа немаа поим што треба да прават, па им средивме се` и на нив. НАЈЈАК ТИМ СМЕ! ДЕЧКИ ВЕ САКАМ И СЕ ГОРДЕАМ СО ВАС! Откако видоа што се случи и кој е главен откажаа се за утре хах. Ми кажаа дека сме ги исполниле очекувањата, ама требало уште малку да поработиме. Кога ги прашав кои се забелешките, ми рекоа дека немале забелешки, ама морале да ми кажат така за да сме работеле подобро. Смотани говеда бееее. Јадењето беше топ. Мислев ќе добиеме војнички грав, ама не заебаа, ама сепак убаво јадење добивме. Едвај чекам да им покажаме како се организира се`! Да видат кој е најдобар од сите! Не правеа вакви, такви, сега кој знае колку им е тешко да ни признаат дека не биле у право и дека ние сме најдобри. Не сакам да ме тапкаат по рамо, ама сакам да ги гледам кога подголтнуваат и ни кажуваат дека ние сме супер, а другиве ПАК ја утнале работата. Сакам кога се такви мизерни...

Поздрав Кајги, конечно да здивнам!!!!!
 
Утре ќе се бањам в енѕеро. Таман нема да бидам redhead више, доста беа 2 дена.
 
Драга,
Ми го преместија креветот до прозор. Бар додека сум тука. И за првпат по не знам колку изминато време, лежејќи на удобно ги набљудував облаците. Се додека не избледе небото, а мојот покварен вид по исто така не знам колку пати ме превари. Убаво ми дојде, почувствував дека тие постојат само за мене, да ми укажуваат, да ме потсетуваат на знаци кои што треба да ги следам, се почувствував како да ми гледаат на кафе, но овој пат внимателно слушам.
Не сакам да знам што понатаму. Сакам и понатаму да се изненадувам. Сакам повторно да ме изненадат. Но, следејќи ги тие знаци, некако останувам без мавање на адреналин во делот околу слепоочниците. Затоа што ако ги следам овие што ми се пред очи, и не можам ни да се потпрам на мојот покварен вид... ќе ми биде премногу тешко да ја прифатам вистината и да се соочам. Дајте ми време, тоа е се што барам....
 
Срцкаста ме боли главчево веќе 4 дена:( ќе да сум болна нешто :pipi:
Tи добра си ?Иначе ми ближи роденден :pipi: ќе бидам големаа туруррууу :icon_lol:
ajt :back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom