Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Само шо се вратив од Делчево. Каков пат е тоа до таму ауу. Лежам в кревет и уште ги сеќавам тоа кривините. Налет тоа, три ебени пати не' запре полиција. Замараат за глупости, од кај сте, кај одите, кај бевте, шо баравте таму, кај свиревте, колку време...уште да им се наместевме тука на пат и да им засвиревме. Тој па едниот ко почна, син ми се занимава со музика, свири таму не знам со кој, не знам шо....добро брат 3 саат е, сакаме дома да си одиме. :facepalm:
Иначе топ помин, да не биде само се жалам, Делчево rules :D
 
Кајги, сонце мое, месечино моја, бел џигер магарешки мој.....
То момата во Стопанска Банка љубезна, абе и кредит че земев ако даеше :) Среќа шо аплицирав за виса интернет картичка. И на крајот станав си заминав, и таа ми вели: Мата повеќе не игра за нас.....(Носев дрес од Мата - Челси). :love:

Кајги, тоа е таа чаша :)

10464260_778272245529168_5956570478488463690_n.jpg
 
Да ја продолжам листата „Како до повеќе лајкови„ која еднаш ја рече Форест.

11. Пишувај црна хроника во ДК, како што Рики пиша за мачето, ако ништо не ти умрело, пак пиши излажи. Како така ќе збериш 8-9 лајкови.

12. Пиши оти изданието на весникот е добро, сигурно ќе добиеш некој лајк.

13. Пиши долги постови во Музичко име на тапет.

14. Објавувај песни во темите за бендови од типот на Битлси, Рејдиохед, The Smits, The Lights и даље.

15. Напиши добра и голема рецензија за филм у ФИЛМ И ТВ

16. Oтварај фан клубови за екипи од 105та лига (Бамбер Бриџ) со голем вовед. Рики собра 100+ лајкови, пробајте си ја среќата.
 
Кајгочитос... види вака сеа.
Точно шестпати ме разбудија од сабајлево. Де комшиите, де алармот на сестра ми, де хигиеничарката од влезот... де овој - де оној. И сега откако веќе некое време сум будна, откако расчистив тоа што имаше за расчистување - никој ниту ѕвони, ниту буши, ниту доаѓа, ниту ништо. Ако легнам да спијам - пак некој ќе ме зезне. :вонзем:
 
Драга го имам забележано детево на фб доста креативни слики постира. Ама оваа што ќе се ставам тука е врвот.
10494661_265869426939293_2557564380898233277_n.png

Ама на фејсбут животот цвета.......не сфатени едни.:unsure:
 
драга

во станот немам инсекти, немам бубашваби, по некое пајаче само од време на време. ама затоа под тастатурата на компјутерот сабајлево растурив една журка на мравки!!! почнав да куцам и почнаа една по една да излагаат...требаше денес да го носам на поправка...срам ми е сега :(
 
Драга,

Секој еден однос што бил некако расипан, запоставен и тргнат настрана со друга особа, повеќе не го бива. Пак можеш да се дружиш ти со таа особа, да имаш ок моменти, али дека ќе и веруваш некогаш повторно, дека ќе ја сметаш за твоја личност, мало сутра.
Па ако поминало некое време, што значи морало некако да се смените, гледаш дека и не ти се допаѓа таа промена, али никој не е виновен за тоа, живот, јебига.
Само се повеќе ќе се прашуваш кој курац барам јас овде, со овие личности? Као демек, спомени не врзуваат, едно убаво безгрижно време, али јас ич пет пари не давам за спомените. Не сум ко моиве дома, собираат алишта, предмети, од кои никој нема апсолутно никаква корист, а уште зафаќаат место, и тоа премногу. Јас се би исфрлила, не ми треба, канта. Пред некое време, најдов моја кутија со глупости ко мала што сум ги правела, цртежи, сликички и остало. Нормално, ништо од тие работи веќе не ми е цел на преокупација, така што, фино си се насмеав, и отиде се во канта. Ми требаше место за книгите од факултет, немаше нив каде да ги сместам.
Не им давам предност на спомените, пред тоа што сега ми се случува и тоа што би можело да се случи.

Спомнав дека сум на свадба за недела дена? Да, кај близок роднина. Ќе треба три саати да се возам до местото на свадбата. Јеј. Не е тоа проблемот. На денот на свадбата, ќе треба ваљда во 8 да станам, да се дотерам ко кукла, и да патувам минимум 3 саати во двата правци, за да може невестата од дома да биде испратена. Да, после тоа, туширање сигурно, па ќе мора пак уште саат да се возам за да стигнам до манастирот кој е надвор од градот, зошто така си одбрале младиве. После тоа, уште едно туширање и ќе кажам дека сум спремна за прием и за 5 саати седење на стол, зошто ќе бидам претепана за да станам на штикли да свртам некое оро.
Зошто мора да ги мачиш луѓево со глупиве адети и срања? Зошто?
Место да се радувам што ќе одам на свадба, зошто обично се радувам, јас уште сега се спремам да држам осмех на фаца, иако знам дека ич нема да ми биде дојдено до тоа.

Ќе си спакувам некој партал и ќе се селам викендов. Да се посмеам вистински малце, па да ме држи и за свадбава.
 
секогаш кога некој маж рече “пиче“ или нешто слично толку глупаво мало куче умира.
 
Ок разбирам да не се интересираш многу, ама кога си платил за возачки предавања фани ангажирај се малку. Не сфаќам како може некој да ти тропа едно исто цел саат и после на вежбите едни најобични работи да не знаеш, па слушај у пичку матер. И за некое време ќе го видиш со БМВ како тера шема, а поим нема од основните правила.
 
Уште се чека на првото оригинално мислење од бомбашот. Дали конечно годинава ќе го скрши мразот или не се откажува до добитната форумула на препиши тие погоре шо пишале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom