Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајг,
Шо не се фалиш ма оти девојченце го напуштила форумов?
Богами и време беше.
 
Продолжениево на Бомбастичниот е исто т.е можеби не исто ама слично као Кум 3ката. :facepalm:
 
Еве ги.
КУД Александар Македонски III и на ракавите им пиши nike со се лого.
Патриотизам на ниво.


134HENE.jpg
А, јас сум како за година, две од Каролина или тажна љубов,среќна песна од Тамарчето.
И конечно почнувам на работа. Исто место, исти луѓе, иста плата, исти пропуштени журки. Најмногу ќе ми е криво шо ќе сум поштедена од гракањето на Жармена кај паткана.
 
Драга, сабајлево бев со братучед ми на судска медицина, другарка негова го специјализира тоа. Видов како се прави стандардна аутопсија и еве од 11 саатот сѐ уште немам јадено, а имам видено проприлично свашта од болести, рани, крвови... Треба да се скинат платите на пратениците и да се дадат на оние десетина луѓе. :cuc:
 
Kajgi od utre na dieta sum i malku ke vezbam. E dobro de od drugoto utre ke bidam moze i posle toa utre ako ne i toa utre nekoe utre ke bide :)
 
Астронаут без работа пред некое време пиша дека му се роди син, односно четврто дете во фамилијата. И уште сега го планира за семеен бизнис со другите деца. :icon_lol:

Ај одам јас на моите синови да и направам еден бизнис план и да им го поделам имотот (играчките) :P Кај и дае после 18 години почнуваме со бизнисот. :X3:
 
Драга,
Колку треба да си сељак, да и се дереш на жена ти од пред зграда (она на тераса) и да и велиш „Ако ти се качам горе, ќе ти ги скршам забите!“ :facepalm:
Сељак просељјачен, е*ем му матер глупава. Прадедо ми од Просениково беше поголем господин од тебе бе сељачино, и 100 пати повеќе од тебе ја почитуваше жена му. Џабе ти е што си од Скопје од шесто колено навака, и што издаваш два стана во зградава... Сељак си!!!
 
Подолго време размислувам, и мислам дека всушност од секогаш ме копкало, како живеат луѓето кои што од себе ги отфрлаат сопствените проблеми, сопствените маани, сопственото секојдневие, буквално сопствениот живот и се понашаат како да тоа не се они, како да тоа нив не им се случува, како да се е добро.
Не зборувам за отфрлање проблем на недела дена, месец дена, па ни на година дена, туку на добри долги години.
Тоа е за мене психички проблем и непочит кон блиските, да се правиш плеснат во главата и да ги правиш другите ненормални а ти да имаш проблем кој потекнува од тебе. Врвот на се во животот ми е што такви луѓе ме пораснале и ме воспитале. И направиле да верувам дека мене нешто ми фали што изглегувам од нивниот фазон на параноја, празнина и буквална тишина кога има некој проблем. Немој некој да дознае дека ѓаволот им ги сере мислите секој ден. Нивниот живот е совршен иако се се распаѓа и смрди на скапано.
Најмногу од се`, се чудам, како никогаш не сфаќаат дека некои работи не се менуваат. Како и после толку црвени светла, картони, штагод, се истите луѓе, ги донесуваат истите одлуки, вртат во круг, и колку да сакам и да им простам не знам како и не можам, пошто секогаш кога ќе речам дека сум им простила ми го покажуваат вистинското лице. И никогаш не ја разбрав таа грижа кај што некој ќе ти рече прекини да збориш, мислиш, се осеќаш така за твое добро. Проблемот е што пораснавме, и не сме веќе деца, и очигледно е дека некој има потреба од помош, оти да се одбиваш од себеси целиот живот е застрашувачка работа. Бар во моите очи.
Изреволтирана сум, крајно тажна кога ќе помислам дека сакам да им простам и да верувам дека длабоко во нив ме почитуваат, ме сакаат и еден ден ќе седнат и ќе ми речат: - Види дете, не бевме и ние безгрешни..
Толку ќе беше доста, али стварно ме боли и нервира кога некој се праи удрен..
Што би рекле Ројксоп, you're hiding from yourself, yes you are, like golden rays of sun in the clouds.
Long live домашно воспитање, просечна македонска фамилија, бескрајни нервози и бедни краеви на истенчени живци на просечни пропалици. Таа е реалноста. Ај бар од тоа да не забегувам.
Некоаш се тешам, си викам поарно Турците сите да не испоколеле на времето, знам дека они имаат ваква сјебана традиција да главата на семејството колку и да е пореметена пак се праи силна, бар ќе се решевме од маките. Не е само на филмовите така, дефинитивно од нив ни е, не ги кривам, ама јебем ти култура и различни средини, различни вредности, и се у курац..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom